Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Статијата е предложена за дискусија во 19:40, 9 јули 2016 (CEST).
Статијата е напишана од моја страна, составена со превод главно од Википедија на германски јазик, но и примена на делови од англиската Википедија. Статијата со својата големина може да се види дека детално го опишува градот и заслужува да го добие статусот на избрана.--Ehrlich91 (разговор) 19:43, 9 јули 2016 (CEST)[одговори]
Фленсбург — слободен град (kreisfreie Stadt) во северниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, северна Германија. Зад Кил и Либек е трет најголем град во Шлезвиг-Холштајн, најголем град во областа Шлезвиг и најсеверен слободен град во Германија. Фленсбург се наоѓа на крајот на Фленсбуршкиот Фјорд и на северната граница на полуостровот Ангелн.
Како средиште на данското малцинство во Јужен Шлезвиг, Фленсбург зел водечка улога за признавање на националните малцинства по референдумското изјаснување во 1920 година и по објаснувањето помеѓу Бон и Копенхаген во 1955 година, содржејќи многу дански институции. Од не толку мал дел од околу 90.000 жители, покрај германскиот и данскиот јазик, се говорат и долногерманскиот и дијалектот пету.
Во рамките на Германија, градот е познат по службата за патен сообраќај, чие седиште е во градот, Фленсбуршкото пиво и ракометниот клуб РК Фленсбург-Хандевит. Поранешните главни носители на растот во XIX и XX век како трговијата со рум и воената настава, со поморската школа Фленсбург-Мирвик, денес играат незначителна улога. Од големо значење за градот се граничниот туризам, Фленсбуршкото пристаниште со историското пристаниште и бродоградилиштето, како и 8.600 студенти на Високата школа Фленсбург и Европскиот универзитет Фленсбург.
Во мај 1945 година, Фленсбург бил место на последната влада на Нацистичка Германија, т.н. Фленсбуршка влада предводена од Карл Дениц, кој владеел од 1 мај (смртта на Хитлер) една недела додека германската војска не се предала и градот бил окупиран од сојузничките сили. Режимот бил официјално распуштен на 23 мај.
Најблиски поголеми градови се Кил (86 км на југ) и Оденсе во Данска (92 км на североисток). Центарот на градот се наоѓа 7 километри од данската граница. (Дознајте повеќе...)