Ветово
Вѐтово (бугарски: Ветово, до 1945 г. Вѣтово) — град во Североисточна Бугарија, административен центар на општината Ветово во Русенската Област. Има население од околу 4.540 жители (2022).[1]
Ветово Ветово | |
---|---|
град | |
Зградата на општината | |
Местоположба на Ветово во Бугарија | |
Координати: 43°42′14″N 26°15′52″E / 43.70398° СГШ; 26.264392° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Русе |
Општина | Ветово |
Управа | |
• Градоначалник | Мехмед Мехмед (ДПС) |
Површина | |
• Вкупна | 86,80 км2 (33,51 ми2) |
Надм. вис. | 183 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 4,540 |
• Густина | 52/км2 (140/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 7080 |
Повик. бр. | +359 08161 |
Мреж. место | vetovo.bg |
Географија и местоположба
уредиВетово се наоѓа во североисточниот дел на Дунавската Рамнина. Градот се наоѓа на 37 километри југоисточно од регионалниот центар Русе и на 39 километри од Разград.
Историја
уредиНаселбата за првпат се споменува во османлиски извор од 1530 година како дел од Никополскиот санџак. По крајот на Кримската војна (1853–1856), во Ветово се населиле Кримски Татари. До ослободувањето на Бугарија во Ветово живееле многу мал број Бугари. Првата поголема група Бугари дошла во Ветово во 1880 година од селото Топчии, Разградско (вкупно 14 семејства). Потоа, во 1880-тите, дошле и други бугарски семејства од селата Нисово, Костанденец, Божичен, Осенец, Кривња, Иваново и Червен.
Се претпоставува дека првото училиште во Ветово било турското училиште, но од кога постоело не се знае. Првично, обуката се одвивала во џамиите, каде што имало посебни простории. Меѓу првите учители во турското училиште бил Сали Пехливанов. Од 1 јануари 1947 година, приватното турско основно училиште станало државно турско основно училиште „Наз’м Хикмет“. Во 1880 година во селото било основано првото бугарско училиште, кое било сместено во лична куќа. Првиот учител бил даскал Минчо, кој бил учител и кројач. Во 1884 година започнала изградбата на училишната зграда, а средствата биле обезбедени од донации. На 1 јануари 1960 година бугарското и турското училиште се обединиле во ОУ „Васил Левски“.
Џамијата, која се наоѓа во центарот на градот, била изградена околу 1667 година. Нејзиното минаре се урнало по земјотресот во 1977 година. Во 1903 година, со заеднички напори на сите етнички групи од Ветово, била подигната црквата „Св. Иван Рилски“. Во 1925 година, била изградена т.н „Татарска џамија“.
На 4 септември 1974 година селото Ветово било прогласено за град.[2]
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Указ № 1942 от 17 септември 1974 г. Обн. ДВ. бр.74 от 24 септември 1974 г.