Дунавската Рамнина (бугарски: Дунавска равнина) го сочинува северниот дел на Бугарија. Сместена е јужно од реката Дунав и северно од Стара Планина. Нејзината западна граница е реката Тимок, а на исток граничи со Црното Море. Рамнината има површина од 31.523 квадратни километри. Долга е околу 500 километри и е широка од 20 до 120 километри.[1]

Изглед од средниот дел Дунавска Рамнина (во позадина може да се види Стара Планина)

Дунавската Рамнина е соседна со Влашката Низина (со која што формират Долнодунавската Низина), но релјефот ѝ е ридски, со бројни висорамнини и речни долини. Климата е изразито умереноконтинентална со слабо влијание на Црното Море на исток. Врнежите се просечно 450–650 mm годишно. Важни реки вклучуваат Дунав, Искар, Јантра, Ос’м, Вит, Русенски Лом, Огоста и Лом.

Меѓу поголемите градови во Дунавската Рамнина се Варна, Русе, Плевен, Добрич, Шумен, Велико Трново, Враца, Видин, Монтана, Силистра, Трговиште, Разград, Свиштов и Лом.

Наводи

уреди
  1. Collective (2002). Balgarska entsiklopediya A-YA. Sofia: IK Trud.

Поврзано

уреди