Разград
Население | 33.238[1] |
---|---|
Површина | Километар квадратен |
Административна поделба | Разградска област |
Регистарска ознака | PP (BG) |
Мрежно место | www.razgrad-bg.org/ |
Градоначалник | Денчо Боjaџиев |
Надморска висина | 200 m |
Координати: | 43° 32′ С, 26° 31′ И |
Разград (бугарски: Разград) се наоѓа во североисточниот дел на Бугарија. Сместен е во долината на реката Бели Лом. Градот е административен центар на истоимената општина и на Разградска област. Во средните векови бил нарекуван Хрсград, по името на словенскиот бог Хрс. Во градот се наоѓа џамиjaта “Ибрахим паша” (1616) и саат кулата (негов симбол). Во Разград живее бројно турско население.
Археолошкиот резерват “Абритус” е со териториja од 1000 дка и е споменик на културата. Местото е од римската епоха (I-IV в.). Проучувани се некрополата со гробови од II-IV в., тврдината од III в., темели на згради и др. Од времето на император Дериj Траjан се и 835-те (4 кг) златни монети од V век, откриени во тврдината. Се наоѓат во историскиот музеj во Разград.
Според последниот попис од 2007 година, во општината живееле 70 743 жители, од кои:
Бугари (68,93%) Турци (27,47%) Роми (2,77%) Останати (0,83%)
Во 2011 градот имал 33.238 жители.
Надворешни врскиУреди
Збратимени градовиУреди
Шалон ан Шампан, Франција од 1975 г.
Jaџоу, Кина од 1975 г.
Орел, Русија од 1968 г.
Арма, Северна Ирска од 1995 г.
Брaнзуик, Охаjо, САД од 1998 г.
Авџалар, Турција од 2000 г.
Витенберге, Германија од 2001 г.
НаводиУреди
![]() |
Оваа статија за место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |