Бјеловарска катедрала
Катедрала „Св. Тереза Авилска“ во Бјеловар — барокна црква на Бјеловарско-крижевачката бискупија.[1] Се наоѓа во средиштето на Бјеловар на плоштадот Еуген Кватерник. Таа станала катедрала во 2009 година, дотогаш била парохиска црква.
Катедрала „Св. Тереза Авилска“ во Бјеловар Katedrala sv. Terezije Avilske u Bjelovaru | |
---|---|
Беловарска катедрала | |
Основни податоци | |
Место | Бјеловар, Хрватска |
Припадност | Католицизам |
Обред | Римски |
Епархија | Бјеловарско-крижевачка бискупија |
Духовно-организациски статус | Катедрала |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | Црква |
Архитектонски стил | Барокна |
Основан | 1765 |
Завршен | 1770 |
Историја
уредиНа покана на воената управа во Бјеловар во 1761 година дошле браќата Хуберт и Игнације Дивиш, Чеси по националност, членови на пиаристичкиот црковен ред, кои одгледувале деца и млади. Нашле мала капела во Бјеловар, па решиле да изградат црква.[2]
Темелот бил поставен на 10 април 1765 година, а камен-темелникот на 2 мај истата година. Црквата била изградена во 1770 година и благословена на15 октомври 1772 година на празникот Св. Тереза Авилска.[3] Во 1774 на кулата бил поставен часовник. Загрепскиот бискуп Јосип Гаљуф ја осветил црквата на 15 октомври 1775 година.[4] Црквата собирала околу илјада луѓе.[5] Под црквата има подземни ходници за погребување, но многу малку луѓе биле закопани во нив. Камбанаријата на катедралата е висока 52 метри.[6]
Црквата е посветена на Св. Тереза Авилска, шпанска светица и црковна учителка. Таа била светица-заштитничка на австриската царица Марија Терезија, која го основала Бјеловар во 1756 година.
Земјотресот од 1880 година ја оштетил црквата и ректоратот. Црквата била обновена од архитектот Херман Боле во 1888 година, а во 1896 година црквата е темелно внатрешно обновена.[7]
Црквата Св. Тереза Авилска била парохиска црква за целиот град Бјеловар и околината до 1980 година кога биле основани новите парохии Св. Антониј Падовански и Св. Ана.
Една граната ја погодила црквата и убила три жени на 29 септември 1991 година, за време на вооружениот судир во Бјеловар меѓу хрватската армија и ЈНА. На предната страна на парохискиот уред била поставена спомен-плоча на починатите жени.[8]
На 5 декември 2009 година папата Бенедикт XVI ја основал Бјеловарско-крижевачката бискупија со првиот бискуп Вјекослав Хузјак, па црквата станала катедрала Св. Тереза Авилска.
По три години обнова и надградба, во август 2023 година во катедралата биле донесени оргули обновени во Австрија.[9]
Галерија
уреди-
Камбанарија на катедралата
-
Слика на катедралата.
-
Поглед на камбанаријата сликана од средишниот парк
-
Катедралата и Бјеловарскиот павилјон.
-
Барокна статуа на Светото Исусово во катедралата.
Наводи
уреди- ↑ „katedrala Sv. Terezije Avilske“. Bjelovarsko-križevačka biskupija (хрватски). Посетено на 2023-08-11.
- ↑ „Katedrala sv. Terezije Avilske u Bjelovaru“. Turistička zajednica Bjelovarsko-bilogorske županije. Посетено на 2023-08-11.
- ↑ „katedrala Sv. Terezije Avilske“. Bjelovarsko-križevačka biskupija (хрватски). Посетено на 2023-08-11.
- ↑ Vinko Gregur: Posveta crkve sv. Ane, Prosvjeta Bjelovar 1993.
- ↑ „Župa svete Terezije Avilske Bjelovar » Katedrala“ (хрватски). Посетено на 2023-08-11.
- ↑ Tikvica, Mihaela (2019-03-10). „Upoznajmo hrvatske katedrale (8): znate li zašto je bjelovarska katedrala posvećena upravo sv. Tereziji Avilskoj?“. narod.hr (хрватски). Посетено на 2023-08-11.
- ↑ „Župa svete Terezije Avilske Bjelovar » Katedrala“ (хрватски). Посетено на 2023-08-11.
- ↑ Tikvica, Mihaela (2019-03-10). „Upoznajmo hrvatske katedrale (8): znate li zašto je bjelovarska katedrala posvećena upravo sv. Tereziji Avilskoj?“. narod.hr (хрватски). Посетено на 2023-08-11.
- ↑ Maletić, Inka: U bjelovarsku katedralu stigle nove orgulje, a restauracija starih dijelova trajala je 9000 sati klikni.hr. Objavljeno 21. kolovoza 2023.
Надворешни врски
уреди- Бјеловарска катедрала на Ризницата ?