Битка кај Кресна (1878)
Битка кај Кресна (17 Октомври, 1878) — воена битка воведувана од главниот штаб на македонското востание против гарнизоните на Отоманската армија присутни во Кресненско. Главниот водач на битката бил војводата Стојан Карастоилов којшто ги организирал неговите чети да патува од Србиново, Горноџумајско до селото Кресна каде што се наоѓало тогашниот турски гарнизон. Битката била огромен пораз за Отоманското Царство и со поразот во битката почна Македонското востание.[4]
Битка кај Кресна | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Македонското востание | |||||||
Иљо Малешевски заедно со Димитар Поп Георгиев со неговата чета |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Македонската чета | Отоманското Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Стојан Карастоилов[1] | 2 Јузбашии | ||||||
Вклучени единици | |||||||
400 војници[2] | 119 војници[2] 2 офицери[2] |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
1 убиен[3] 3 ранети[3] | 9 убиени 11 ранети 111 заробени[3] |
Заднина
уредиГолем број од Македонскиот народ не биле задоволни со нивните услови при долгото трајно турско ропство и многумина посакувале слобода, заради тоа различни револуционери и ајдути во Пиринска Македонија формирале комитет во Горноџумајско, составено од Иљо Малешевски, Димитар Поп-Георгиев Беровски, Стојан Карастоилов, Натанаил Охридски и многумина други. Претходно пред одвивањето на македонското востание имаше неуспешен Разловечко востание каде што Беровски исто така учествувал. Во 24 јули 1878 година Натанаил испратил писмо кон И. С. Аксаков каде што се жалел за тешките услови на македонскиот народ под турско ропство и посакувал ослободувањето на Македонија.[5]
Натанаил Охридски бил еден од водачите за формирање на комитетот „Единство“ во Трново каде што повеќе почна да се определува во Ќустендилската околина и Горноџумајската околина. Еден од главните причини за формирањето на комитетот е заради тоа што Натанаил не бил задоволен за условите на Македонците дадени при Берлинскиот договор од Берлинскиот конгрес, во Берлинскиот конрес било ветувано од страна на Отоманците дека би дале автономија на Македонија и би го реформирал регионот за да се подобрат условите на живеење, но тоа никогаш не било исполнето.[6]
Кон крајот на септември 1878 година, во Горна Џумаја биле повикани на советување војводите на локалните чети. Според Тодор Страхинов, на ова советување било одлучено за револуционерниот комитет да започне востание против Турција и на тој начин да се подобрат условите од Берлинската конференција. На советувањето требало да се одлучи кога би започнало востанието и каде би бил насочен првиот востанички удар. Иако поголем дел од војводите предлагале востанието да започне со напад врз османлиските трупи кај Делчево, Стојан Карастоилов, кој бил избран за главен војвода, го одбил предлогот под претекст дека не ја познава добро таа територија, и одлучил востанието да започне во Кресна.[2]
Борбата
уредиВо 13 до 16 октомври 1878 година, во с. Србиново, на два часа оддалеченост од Кресна, се групирале четите на војводите Стојан Карастоилов, Тодор Паласкарја, Коста Кукето, Кочо Љутата, Стојо Торолинко и други. На 15 октомври им се придружила и четата на капетанот Адам Калмиков. Ноќта на 16 кон 17 октомври четите се разделиле на 4 одделенија и од с. Србиново се стационирале на половина час оддалеченост од Кресна.[2] преку ноќта четата почна брзо да патува од селото Србиново накај Симитли, користејќи еден од развиените патишта за патување, постепено повеќе граѓани од различни села околу Кресна се приклучиле со востаниците, зголемувајќи го бројот до 400 војници. Заради неочекуваниот раст на војници голем број немале оружја, според процените од Дојно Дојнов, само 100-мина имале современи пушки, со разлика на другите кои користеле постари со понизок квалитет.[7] Карастоилов станал главниот водач и одлучил да ги собере сите чети во една група со 400 војници, кога пристигнале кај планините околу Кресна одлучиле таму да се спремаат за борбата. Во зората на 17 октомври 1878 година покрај Кресненскиот анови биле сместени турските гарнизони, четата на Стојан Карастоилов според сведошти биле 50-60 чекори далеку од анот кога почна борбата со турците.[7]
Со почетокот на битката Карастоилов ја дадел наредбата за анот да биде опкружен за да не се дозволи избегнувањето на турските војници. За многумина часеви се бореа но неможеле да влезат, заради тоа Карастоилов одлучил тајно со четири војници да влезе внатре и да ги украдол коњовите на турските војници во анот, но неговиот план бил уништен од страна на турските гарнизони кои ги пронајдоа. Со пропаѓањето на неговиот план Карастоилов одлучил да го обиколи анот и да не дозволил леб да влезе во анот, Карастоилов се надевал дека преку неговата блокада би ги огладнил војниците за да се предадат.[7] После 15 часа четата почнала повеќе постепено да се приближувала кон анот на турската војска, кога стасале пред влезот се обидувале да постигнат договор за предавањето на турскиот гарнизон и нивните оружја за да се прекине битката. Од прво Јузбашите не се согласувале со договорот но после неколку часа одлучиле да го прифатат и признале пораз.[7]
Последици
уредиПоразот на турскиот гарнизон во селото Кресна бил огромен, целиот гарнизон во Кресненската околина бил уништен при битката со многумина убиени и ранети, и тие што останаа биле заробени заедно со нивните јузбашии команди. Со победата селото и другите села во околината се приклучиле на нивната страна, со исклучок на селото Влахи којшто имало поголем турски гарнизон, со победата на битката почнало познатото македонското востание.
Наводи
уреди- ↑ Македонското национално малцинство во Бугарија, Грција и Албанија (1981) од Тоше Поповски издадена од Македонска книга, страна 24
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Македонија и Македонците во годините на Источната криза 1876-1878 (1978) објавено од МАНУ и авторот на делото е Манол Пандевски, страна 54
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Македонското востание (1878-1879) (2017) од Никола Минов, страна 7 и 8
- ↑ 144 години од македонското востание во Кресна – Пиринска Македонија (2022) од Антропол
- ↑ Дојнов 1979, стр. 27.
- ↑ Стефов, Ристе (2023). Македонската борба за независност (PDF). Торонто, Канада: Riste Stefoff publications, Toronto. Canada. стр. 141.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 Дојнов 1979, стр. 39.