Јанци (Белотино)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Јанци

Карта

Местоположба 41°26′2″N 22°32′43″E / 41.43389° СГШ; 22.54528° ИГД / 41.43389; 22.54528
Основни податоци
Место Белотино
Општина Струмица
Тип

 населба


Период римско време
Портал „Археологија“

Јанциархеолошко наоѓалиште во Белотино, Општина Струмица.

Претставува населба од римско време. На растојание од околу 1 км од селото, на простор од 350 × 150 м се забележуваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал, чија концентрација е најголема во нивите на С. Тасев, П. Петров и В. Ѓеоргиев. Во Заводот и музеј во Струмица[1] се чува плоча со релјефна претстава на Тракиски коњаник, донесена од селската црква, која веројатно потекнува од ова наоѓалиште.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069