Турбе на Меси-бег
(Пренасочено од Стара џамија (Банско))
Турбе на Меси-бег — турбе кој се наоѓа во селото Банско, Општина Струмица.
Стара џамија | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Банско, Општина Струмица |
Припадност | ислам |
Епархија | Струмица |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | османлиска архитектура |
Особености | |
Минариња | 1 (срушено) |
Материјали | камен тула |
Покрај турбето се наоѓа полуурнато минаре кое припаѓало на некоја џамија, и стари муслимански гробишта. Турбето припаѓа на затворените типови турбиња со квадратно решение на основата. Засводено е со купола и издигнато на низок многуаголен тамбур. Градено е во наизменично поставени редови од камен и тула, а завршува со венец изведен со камен. Турбето е покриено со стари ќерамиди. Надворешниот изглед на турбето делува мошне живописно и заедно со останатите стари гробишта и минарето се вклопува во околниот амбиент[1].
Галерија
уреди-
Поглед кон разрушеното минаре
-
Поглед кон џамијата
-
Поглед кон разрушеното минаре
-
Поглед кон разрушеното минаре
Наводи
уреди- ↑ Балабанов, К., А. Николовски, Д. Ќорнаков (1980). Споменици на културата на Македонија. Скопје: Мисла. стр. 133.
„Турбе на Меси-бег“ на Ризницата ? |