Илов (Источна Фризија)

Илов (германски: Ihlow; источнофризиски долносаксонски: Îl) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 8 километри југозападно од окружниот град Аурих и 15 километри источно од безокружниот град Емден.

Илов (Источна Фризија)
Општинското собрание
Општинското собрание
Општинското собрание
Грб на Илов (Источна Фризија)
Илов (Источна Фризија) во рамките на Германија
Илов (Источна Фризија)
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Аурих
Месни единици 12
Градоначалник Арно Улрикс (независен)
Основни податоци
Површина 123 км2
Надм. височина 0 м
Население 12.608 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 103 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. AUR
Пошт. бр. 26632
Повик. бр. 0 49 29
Портал www.ihlow.de
Местоположба на Илов (Источна Фризија) во рамките на округот Аурих
Карта
Карта
Координати 53°25′0″N 7°11′0″E / 53.41667° СГШ; 7.18333° ИГД / 53.41667; 7.18333

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Илов се наоѓа во јужниот дел на округот Аурих во Источна Фризија. Со површина од околу 123 км², Илов е осма најголема општина во Источна Фризија и четврта најголема во округот Аурих по окружниот град, Крумхерн и Гросефен. Главното место Иловерфен се наоѓа осум километри југозападно од окружниот град Аурих и околу 15 километри североисточно од Емден.

Општински единици

уреди

Општината се состои од дванаесет единици, кои се делат на помали места.

Единица Жители места кои припаѓаат
Бангстеде 0.351
Барстеде 0.333
Иловерфен 2.115
Иловерхерн 1.062 Либертсфен, Хиленерфен, Вестерзандер
Лудвигсдорф 0.947
Охтелбур 0.899
Остерзандер 0.815 Вене
Рипе 2.160
Рипстер Хамрих 0.147
Зимонсволде 1.658
Вестеренде-Холцлог 0.358 Херенхитен, Верингерхерн
Вестеренде-Кирхлог 1.721 Фане, Фанстермор
Вкупно 12.5660

Соседни општини

уреди

Соседни градови и општини на Илов се (од запад, надесно) безокружниот град Емден, општината Зидброкмерланд, градот Аурих, општината Гросефен (сите во округот Аурих), како и општината Мормерланд во округот Лер.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди