Зидброкмерланд (германски: Südbrookmerland) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 7 километри западно од окружниот град Аурих. Нејзиното седиште е во селото Викторбур.

Зидброкмерланд
Селската црква во Енгерхафе
Селската црква во Енгерхафе
Селската црква во Енгерхафе
Грб на Зидброкмерланд
Зидброкмерланд во рамките на Германија
Зидброкмерланд
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Аурих
Месни единици 10
Градоначалник Фридрих Зисен (СДП)
Основни податоци
Површина 96,8 км2
Надм. височина −1 м
Население 18.302 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 189 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. AUR
Пошт. бр. 26624
Повик. бр. 04942, 04941 (Мордорф), 04934 (Минкебе)
Портал www.suedbrookmerland.de
Местоположба на Зидброкмерланд во рамките на округот Аурих
Карта
Карта
Координати 53°28′31″N 7°23′58″E / 53.47528° СГШ; 7.39944° ИГД / 53.47528; 7.39944

Општината била основана на 1 јули 1972 година во рамки на административната реформа на Долна Саксонија со спојување на десет поранешни општини, кои денес се места во Зидброкмерланд. Таа денес е трета најголема општина по број на жители во округот, зад градовите Аурих и Норден.

Географија уреди

Местоположба уреди

Зидброкмерланд се наоѓа во северозападниот дел на Германија во областа Источна Фризија, во средишниот дел на округот Аурих и триаголникот на градовите Аурих, Емден и Норден. Со градовите Аурих и Емден, општината се граничи непосредно.

Општината има површина од 96,8 квадратни километри, со што е на 15. место по површина од сите источнофризиски општини. Во рамки на округот Аурих, Зидброкмерланд е шеста најголема опшштина по Аурих, Крумхерн, Гросефен, Илов и Норден.

Административното седиште на општината е во Вест-Викторбур, кој се наоѓа околу девет километри западно од Аурих и околу 18 километри североисточно од Емден. Големи градови во близина се Олденбург, Бремен и Гронинген.

Соседни општини уреди

Општината се наоѓа средишно во округот Аурих и се граничи на југозапад со општината Хинте, на запад и северозапад со општините Вирдум, Упгант-Шот и Рехтсупвег (сите три припаѓаат на општинската заедница Брокмерланд), на север со општината Гросхајде, на исток со градот Аурих и на исток и на југ со општината Илов. Сите општини припаѓаат на округот Аурих. На југ, општината во мал дел се граничи со безокружниот град Емден.

Општински единици уреди

Зидброкмерланд се состои од десет поранешни општини и кои до административната реформа во 1972 година биле самостојни општини.[2]

Три најголеми места се[3] Мордорф (6.436 жители), Викторбур (3.966 жители) и Минкебе (1.753 жители). Викторбур е административното седиште на општината.

Општината е составена од следниве места.

  • Бедекаспел (составено од Бедекаспел (село), Бедескапелер Марш и Вохенендзидлунг), 399 жители
  • Форлиц-Блаукирхен (составено од Блаукирхен, Морхузен и Форлиц), 208 жители
  • Мордорф, 6.436 жители
  • Морхузен, 1.330 жители
  • Минкебе, 1.753 жители
  • Олдеборг (составено од Енгерхафе, Фенхузен, Олдеборг (село), Упенде и источниот дел на Упенде-Викторбур), 1.670 жотели
  • Тене (составено од Хинтер-Тене, Тене (село) и Екелс (поделено на Алт-Екелс и Ној-Екелс)), 1.386 жители
  • Утвердум (составено од Абелиц, Георгсхајл, Утвердум (село) и Викторбурер Марш), 1.331 жител
  • Викторбур (составено од Ост-Викторбур, Зид-Викторбур, Вест-Викторбур и западниот дел на Упенде-Викторбур), 3.966 жители
  • Вигболдсбур (составено од Ној-Вигболдсбур и Вигболдсбург (село)), 546 жители

Бројките за жители се од 1 јули 2008 година.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Theo Meyer: Von deren Colonisten Lande. Aus der Geschichte des Südbrookmerlandes. Isensee, Oldenburg 1998, ISBN 3-89598-517-1, S. 7.
  3. Gemeinde Südbrookmerland: Zahlen und Daten

Надворешни врски уреди