Хинте
Хинте (германски: Hinte) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 20 километри јужно од градот Норден и 6 километри северно од безокружниот град Емден.
Хинте | |
Црквата во Зурхузен со најкрива камбанарија во светот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Аурих |
Месни единици | 8 |
Градоначалник | Уве Редениус (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 48,06 км2 |
Надм. височина | 0 м |
Население | 7.272 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 151 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | AUR |
Пошт. бр. | 26759 |
Повик. бр. | 0 49 25 |
Портал | www.hinte.de |
Местоположба на Хинте во рамките на округот Аурих | |
Координати | 53°25′0″N 7°12′0″E / 53.41667° СГШ; 7.20000° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиХинте се наоѓа во Источна Фризија во крајниот северозапад на Германија. Административно припаѓа на округот Аурих во сојузната покраина Долна Саксонија. Општината се наоѓа во југозападниот дел на округот во непосредна близина на безокружниот град Емден. Окружниот град Аурих се наоѓа 23 километри североисточно, додека дел од окружната управа се наоѓа во градот Норден (25 километри на север).
Општински единици
уредиХинте има над 7.000 жители, а скоро 40% од нив живеат во главното место Хинте.
Следниве единици припаѓаат на општината Хинте (во заградите се бројот на жители во 2006 г.):
Единица | Жители | составни места и имоти |
---|---|---|
Хинте | 2.830 | Крингверум, Флихаус, Виххузен |
Лоперзум | 1.400 | Абингвер, Бауерслуст, Ајзингхузен, Клајн-Занде, Лоперзумер Грасхаус, Лоперзумер Медехаус, Мербуден, Мајнерсхоф, Вилхелмсхоф |
Зурхузен | 1.175 | Ханеборг, Ондерберг, Штикелборг, Зурхузер Хамрих, Тителборг |
Грос Мидлум | 760 | Хорст, Лојхтенбург, Грос Мидлумер Меде |
Остерхузен | 500 | — |
Вестерхузен | 320 | Грос-Албрингсвер, Харсвегер Цигелај, Мосенбург, Штатвик, Вестерхузер Нојланд |
Киркверум | 200 | Клајн-Крингверум |
Канхузен | 170 | Лангевер |
Вкупно | 7.355 | — |
Соседни општини
уредиХинте се граничи со следниве општини (почнувајќи на југ, надесно): градот Емден, општината Крумхерн, општината Вирдум (во општинската заедница Брокмерланд), општината Зидброкмерланд. Освен безокружниот град Емден, сите други општини се наоѓаат во округот Аурих.
Галерија
уреди-
Ветерница во Хинте
-
Замок Хинта
-
Црква во Вестерхузен
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Хинте на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)