Хаге
За други истоимени места, погледајте Хаге (појаснување).
Хаге (германски: Hage; долногермански: Haag) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Хаге се наоѓа во близина на Северното Море, околу 5 километри источно од градот Норден.
Хаге | |
Воздушен поглед на Хаге | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Аурих |
Општ. заед. | Хаге |
Месни единици | 3 |
Градоначалник | Ервин Зел (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 16,62 км2 |
Надм. височина | 1 м |
Население | 6.424 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 387 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | AUR |
Пошт. бр. | 26524 |
Повик. бр. | 0 49 31 |
Портал | www.hage-nordsee.de |
Местоположба на Хаге во рамките на округот Аурих | |
Координати | 53°36′0″N 7°17′0″E / 53.60000° СГШ; 7.28333° ИГД |
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија
уредиМестоположба
уредиХаге се наоѓа како населба покрај патот на поранешен насип, на северниот раб од источнофризискиот гест помеѓу Норден и Арле.
Општински единици
уредиКон општината во 1972 година биле приклучени и поранешните самостојни општини Берум и Бландорф-Вихте.
Галерија
уреди-
Старото општинско собрание
-
Ветерница Хаге
-
Црквата во Хаге