53°19′32″N 7°14′41″E / 53.32556° СГШ; 7.24472° ИГД / 53.32556; 7.24472

Емс (германски: Ems; холандски: Eems и др.[1]) — река во подрачјето на северозападна Германија and и североисточна Холандија. Тече низ сојузните покраини Северна Рајна-Вестфалија и Долна Саксонија, и истекува во Ваденското Море. Има вкупна должина од 371 км. Низ устието на Емс минува државната граница помеѓу регионот Источна Фризија (Германија) и покраината Гронинген (Холандија), а нејзиното точно течение е предмет на граничен спор помеѓу овие две земји.

Емс
Ems
Река
Емс кај Линген
Потекло на името: tamesis - индоевр. = „темна“
Земји Германија, Холандија (дел од вододелницата)
Сој. покраина Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија
Регион Емсланд
Притоки
 - десни Леда, Хазе
Градови Реда-Виденбрик, Гитерсло, Варендорф, Рајне, Линген, Мепен, Пепенбург, Лер, Emden
Извор
 - место Шлос Холте-Штукенброк
 - височина 134 м
 - координати 51°51′21″N 8°41′55″E / 51.85583° СГШ; 8.69861° ИГД / 51.85583; 8.69861
Утока зал. Доларт/Северно Море
 - местоположба Емден
 - височина м
 - координати 53°19′32″N 7°14′41″E / 53.32556° СГШ; 7.24472° ИГД / 53.32556; 7.24472
Должина 371 км
Слив 17.934 км2
Истек во Емден
 - просечен 80 м3
Течението на Емс низ Емсланд
Течението на Емс низ Емсланд
Течението на Емс низ Емсланд

Течение

уреди

Изворот на реката се наоѓа во јужниот дел на Тевтобуршката шума во Северна Рајна-Вестфалија и тече како поток. Во Долна Саксонија потокот станува релативно голема река. Тука навлегува во мочурливиот регион Емсланд, наречен по самата река. Во Мепен ѝ се приклучува најголемата притока, Хазе. Потоа тече на север во Источна Фризија, близу до холандската граница. Кај Емден, реката навлегува во Холандија и се влева во заливот Доларт (национален парк) и продолжува како приливна река до градот Делфзејл.

Помеѓу Емден и Делфзејл, реката ја образува границата Холандија-Германија и ова предизвикува благ спор кај властите: Холанѓаните сметаат дека границата минува низ географскиот центар на устието, додека пак Германците велат дека таа оди низ најдлабокиот канал (кој се наоѓа близу до холандскиот брег). Несогласувањето не е од особена важност и не предизвикува политички тензии бидејќи овие две земји се во блиски пријателски односи и имаат отворени граници.

Одминувајќи го Делфзејл, реката се празни во Ваденското Море, кое претставува дел од поголемото Северно Море. Двата протока што го двојат германскиот остров Боркум од неговите соседи Ротумерог (Холандија) и Мемерт (Германија) го присвојуваат името на реката, со тоа што едната е Западен, а другата Источен Емс (Westere(e)ms и Osterems).

Историска важност

уреди

Во древно време, реката им била позната на неколку дејци во антиката: Плиниј Постариот („Природознание“, 4.14), Такит („Летописи“, Книга I), Помпониј Мела (3.3), Страбон и Клавдиј Птоломеј, („Географија“, 2.10). Птоломеј, на грчки ја нарекува Амисиос, а римските автори ја именуваат како Амизиј (Amisius). На други места реката се нарекува и Амизија, Амазија и Амазиос. Читајќи ги старите автори, сигурно е дека се работи за денешната река Емс бидејќи нејзината положба се наведува помеѓу Рајна и Везер и единствената река што водела кон Тевтобуршката шума.

Реката Амизиј течела од Тевтобуршката шума, чие подрачје е дом на племињата Херуски, Бруктери и некои други по границите на течението. Во околината на устието (денешна Холандија) живееле и Ампсивариите, наречени по реката. Овие родови заедници, заедно со извесни други, ги сочинуваат првобитните Франки. Римјаните биле мошне заинтересирани да ги вклучат во царството, и за таа цел ја изградиле тврдината Амизија на устието на реката Емс. Поради пловноста на реката, Римјаните се надевале дека ќе можат со бродови да допловат до крајот на горното течение, кајшто живееле племињата.

Меѓутоа, течението на реката било окружено со мочуришта и блата. Затоа Римјаните не успеале да пронајдат место за застанување и не можеле да одберат погоден терен за напад бидејќи таков терен тука немало. Со тоа, тие не можеле да ги променат стратегиите и тактиките на римската војска. Во 9 г., војската била пресретната во Битката кај Тевтобуршката шума, спречувајќи го нивното напредување. По 6 години, Римјаните повторно се соочиле со пораз, па така реката Емс станала слепо црево за римските усилби во регионот. И покрај повеќе обиди, Римјаните не можеле да направат соодветни насипи во мочуриштата, и тие останале непроодни.

Во поново време, реката е поврзана со други водни патишта преку канали, отворајќи ја како магистрала за превоз на индустриски стоки.

Населени места по течението

уреди
 
Емс, неколку стотини метри од изворот во Шлос Холте-Штукенброк
 
Емс во Мепен
 
Емс кај Лер

Притоки

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди