Висмор (германски: Wiesmoor) — град во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Висмор

Wiesmoor

Градското собрание
Градското собрание
Градското собрание
Знаме на Висмор
Грб на Висмор
Висмор во рамките на Германија
Висмор
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Аурих
Градски единици 8
Градоначалник Свен Либерс (независен)
Основни податоци
Површина 82,99 км2
Надм. височина 11 м
Население 13.502 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 163 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. AUR
Пошт. бр. 26639
Повик. бр. 04944
Портал www.wiesmoor.de
Местоположба на градот Висмор во рамките на округот Аурих
Карта
Карта
Координати 53°24′0″N 7°44′0″E / 53.40000° СГШ; 7.73333° ИГД / 53.40000; 7.73333

Се наоѓа на каналот Нордгеоргсфен и е најнов град во областа Источна Фризија, добивајќи ги градските права на 16 март 2006 година, а два дена подоцна ја прославил стогодишнината од основањето на населбата.

Градот го должи својот развој на индустријализацијата на производството на тресет од околните мочуришта.

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Висмор се наоѓа во северозападниот дел на Германија во средиштето на историската област Источна Фризија. Оддалеченоста од Северното Море изнесува околу 30 километри. Поголеми градови во околината се Вилхелмсхафен (околу 30 километри североисточно), Олденбург (околу 45 километри југоисточно), Бремен (околу 80 километри југоисточно), како и Гронинген (околу 80 километри југозападно).

Вкупното градско подрачје на Висмор се протега на површина од 82,99 квадратни километри. Најголемо растојание на градското подрачје во насока север-југ изнесува околу 11 километри, додека во насока запад-исток е околу 7 километри.

Со 161 жител на квадратен километар, Висмор во споредба со многу други градови е слабо населен.

Соседни општини

уреди

Висмор се наоѓа во средишниот дел на Источнофризискиот Полуостров, сместен во крајниот југоисточен дел на округот Аурих. Градот покрај Илов е една од двете општини во округот Аурих, кои се граничат со два округа. На исток се граничи градот со општината Фридебург (округ Витмунд), на југ со општината Упленген (округ Лер). Западно од Висмор се наоѓа општината Гросефен, северно се наоѓа окружниот град Аурих (односно неговата единица Брокцетел), обата во округот Аурих.

Градски единици

уреди

Висмор се состои од градското јадро (Висмор Мите) и други десет градски единици.

Градски единици на Висмор се:[2]

  • Маркардсмор
  • Визедерфен
  • Мулберг
  • Рамсфен
  • Хинрихсфен
  • Цвишенберген
  • Фосбарг
  • Аурихер Висмор II
  • Вилхелмсфен II
  • Вилхелмсфен I

Клима

уреди

Климата во градот е под директно влијание на Северното Море. Лете дневните температури се пониски, додека зиме често се повисоки отколку внатре во копното.

Политика

уреди

Градски совет

уреди

Градскиот совет се состои од 30 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 12.001 и 15.000 жители.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[4]

Партија Удел Места
SPD 47,83 % 14
CDU 18,18 % 6
Слободни гласачи Висмор 13,22 % 4
FDP 2,90 % 1
GRÜNE 6,07 % 2
Слободна граѓанска листа Висмор 6,62 % 2
Партија за заштита на животните 3,75 % 1

Градоначалник

уреди

Градоначалник на градот Висмор е Свен Либерс (независен).[5]

Збратимени градови

уреди

Висмор е збратимен со следниве градови:

Цветен фестивал

уреди

Цветниот фестивал во Висмор првпат се одржал во 1952 година. Оттогаш се одржува секоја година во првиот викенд во септември (од четврток до понеделник).

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. „Stadt- und Ortsteile“. Stadt Wiesmoor - Daten und Fakten (германски). Stadt Wiesmoor. Посетено на 2020-08-02.
  3. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
  4. „Wahlenübersicht“. votemanager.kdo.de. Посетено на 2022-03-13.
  5. „Die Kommunalwahl in Ostfriesland: Der Ticker zum Nachlesen“ (германски). Посетено на 2021-11-01.

Надворешни врски

уреди