Гросхајде
Гросхајде (германски: Großheide; источнофризиски: Grootheid) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 10 километри источно од градот Норден и 15 километри северозападно од окружниот град Аурих.
Гросхајде | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Аурих |
Месни единици | 10 |
Градоначалник | Фреди Фишер (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 69,32 км2 |
Надм. височина | 3−4 м |
Население | 8.652 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 125 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | AUR |
Пошт. бр. | 26532 |
Повик. бр. | 0 49 36 |
Портал | www.grossheide.de |
Местоположба на Гросхајде во рамките на округот Аурих | |
![]() | |
Координати | 53°35′0″N 7°21′0″E / 53.58333° СГШ; 7.35000° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиОпштината се наоѓа во близина на Северното Море, во мочуришно подрачје.
Соседни општини
уредиГросхајде се граничи со три општински заедници и голем број на општини, вкупно десет. Источно од Гросхајде се наоѓаат општините Нендорф и Еверсмер (обете во општинската заедница Холтрим]] во округот Витмунд). Југоисточно од Гросхајде се наоѓа окружниот град Аурих. На југ се граничи со општината Зидброкмерланд, на југозапад се општините Рехтсупвег и Лецдорф (обете во општинската заедница Брокмерланд), додека на запад се општините Халбемонд, Берумбур и флекенот Хаге (сите во општинската заедница Хаге). Северно од Гросхајде се наоѓа општината Дорнум. Сите овие општини се наоѓаат во округот Аурих.
Општински единици
уредиОпштината Гросхајде се состои од десет единици:[2]
- Арле
- Берумерфен
- Колдине
- Гросхајде
- Менстеде
- Остермордорф
- Зидарле
- Зидколдине
- Вестеренде
- Вестермордорф
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
- ↑ Die Gemeinde Großheide (Hinweis: die Ortsteile werden in den Unterabschnitten aufgezählt.); abgerufen am 15. April 2018.