Антонио Кабрини

италијански фудбалер

Антонио Кабрини (роден на 8 октомври 1957 година во Кремона) — поранешен италијански фудбалски тренер и фудбалер, играч од одбраната.

Антонио Кабрини
Лични податоци
Роден на 8 октомври 1957(1957-10-08)(67 г.)
Роден во Кремона, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001770000001,77 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 1988 (33 г.)
Младинска кариера
Кремонезе Кремонезе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1973-1975 Кремонезе Кремонезе 29 (2)
1975-1976 Аталанта Аталанта 35 (1)
1976-1989 Јувентус Јувентус 297 (33)
1989-1991 Болоња Болоња 55 (2)
Репрезентација
1978-1987 Италија Италија 73 (9)
Раководител на екипите
2000-2001 Арецо Арецо
2001 Кротоне Кротоне
2004-2005 Пиза Пиза
2005-2006 Новара Новара
2012-2017 Италија Италија (жени)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Сметан за еден од првите модерни бекови, како и еден од најголемите толкувачи на таа улога ширум светот,[1][2] неговото име се врзува главно за Јувентус, тим во кој одиграл тринаесет сезони помеѓу 70-тите и 80-тите години на дваесеттиот век, и бил капитен од 1988 година до 1989 година. Заедно со голманот Дино Ѕоф, либерото Гаетано Ширеја и другиот бек Клаудио Џентиле, соиграчите во Јувентус но и во репрезентацијата, Кабрини формирал една од најдобрите одбранбени линии во историјата на фудбалот.[3]

За „бјанконерите“ одиграл 440 натпревари и постигнал 52 гола, освојувајќи шест скудета, два Купа на Италија и сите големи клупски натпреварувања на УЕФА: станувајќи заедно со гореспоменатиот Ширеја првиот играч кој успеал да го постигне ова.[4] За репрезентацијата на Италија одиграл 73 натпревари и постигнал 9 гола, што го прави најплодниот стрелец меѓу дефанзивците во историјата на Аѕурите.[5]

Како кандидат за добивање на Златната топка неколку пати, најдобриот пласман го забележил во 1978 кога завршил 13-ти.[6]

Во 2022 година, тој бил примен во Куќата на славните на италијанскиот фудбал.[7]

Биографија

уреди

Поради големата популарност што ја уживал меѓу женската популација, ги имал прекарите Bell'Antonio (предвод на мак. „Убавиот Антонио“) и Fidanzato d'Italia („Дечкото на Италија“).[8]

Повремено тој се впуштал и во писателските води, објавувајќи ја автобиографијата Јас, Антонио (1988), и трилерот Совршена уцена (2008)[9] и спортските есеи Не плашете се да изведете пенал (2014) и Ќе ви кажам за шампионите на Јувентус (2021); тој, исто така, го уредувал послеговорот Таа ноќ на Хејсел од Емилио Таргија (2015).

На 15 септември 2008 година учествуваше како натпреварувач во шестото издание на телевизиската програма Островот на познатите,[10] од кое сепак се повлекол по три недели поради хернија. Од другите телевизиски програми, во 2010 година бил коментатор на телевизискиот канал Dahlia TV додека во сезоната 2017-2018 бил редовен гостин во емисијата Che tempo che fa.[11]

Во летото 2009 година, тој се приклучил на Италија на вредности, политичко движење предводено од Антонио Ди Пјетро, станувајќи одговорен за спортот во регионот Лацио.[12]

Тој бил „амбасадор“ на Expo Milano 2015.

Технички карактеристики

уреди

Кариерата ја започнал како лево крило, но за време на неговите години во младинскиот тим на Кремонезе, тренерот Ноли го преместил во одбраната со што го претворил од пристоен крилен напаѓач во еден од најталентираните бекови на италијанскиот фудбал во тоа време;[13] „тој беше мојот вистински откривач, ме создаде како играч“,[14] изјавил Кабрини за својот тренер.

Од неговите претходни настапи како крило, тој наследил одлики како „моќ и брзина“ преку кои повторно ја „оживеал“ старата улога, измислувајќи нова позиција „бек напаѓач“,[1] со постојани перформанси и солиден број на постигнати голови за неговата позиција благодарение на честите излети напред,[2] каде што добро ја искористил својата извонредна височина и шутот од далечина, како и добрата техника која го направила и солиден изведувач на слободни удари и пенали.[14] Кога на сето ова ќе се додат неговите квалитети во одбранбената фаза,[14] тој е признат меѓу најдобрите бекови на неговата генерација во светот.[2][14]

Клупска кариера

уреди

Почетоци, Кремонезе и Аталанта

уреди
 
Кабрини (десно) за време на почетоците со Кремонезе во првата половина на 70-тите.

Откако ги направил првите фудбалски чекори во Сан Џорџо, екипа од Казалбутано,[14] тој влегол во младинскиот сектор на Кремонезе, каде израснал и стигнал до првиот тим.[13] Дебитирал на само шеснаесет години на 17 март 1974 година во натпревар на гости против Емполи,[15] под водството на тренерот Батиста Рота, забележувајќи 3 првенствени настапи во Серија Ц 1973-1974;[14] и покрај неговата млада возраст, тој станал редовен стартер во клубот следната сезона.[15]

Тој останал во Кремона две години,[15] пред да се пресели во Аталанта во 1975 година, клуб кој во меѓувреме го купил во договор за ко-сопственост со Јувентус.[13][14] Во единствената година помината во Бергамо, тој одиграл позитивна сезона во Серија Б, со 35 настапи и еден гол, на крајот од која тој бил откупен од страна на клубот од Торино.[13][14]

Јувентус

уреди
 
Кабрини (во црно-бел дрес) играјќи за Јувентус во градското дерби против Торино во Серија А 1984-1985.

Тој пристигнал во Јувентус, чиј тренер бил Џовани Трапатони, во сезоната 1976-1977. Со црно-белиот дрес дебитирал на 13 февруари 1977 година, на деветнаесет години, за време на домашниот натпревар против Лацио кој заврши со победа на Јуве од 2-0.[14] Во својата прва сезона во Торино, тој собрал 7 настапи и еден гол во Серија А, освојувајќи го своето прво скудето, и имал два настапи во Купот на УЕФА, што му го донело и првиот меѓународен успех, како и првата конфедерална титула во историјата на клубот.

Домашниот успех го повторил и следната година: почнувајќи како резерва, на крајот од првенството бил промовиран во стартер од страна на тренерот Џовани Трапатони,[13] претворајќи се во „откровение“ на првенството[16] и брзо станал еден од незаменливите шрафови во составот на Јувентус во деценијата што доаѓала - со еден исклучок како резултат на падот на формата на почетокот на првенството 1978-1979, кога после аргентинскиот „Мундијал“, вчудовиден од ненадејната слава имал настапи кои биле многу под неговото вообичаено ниво, така што Трапатони во Јувентус и Енцо Беарцот во Италија, привремено го вратиле на клупата.[14]

Набрзо тој повторно го пронашол своето место во стартната постава, и по освојувањето на Купот на Италија во 1979 година, уште две првенствени титули пристигнале за Кабрини со „Старата дама“, во сезоните 1980-1981 и 1981-1982. Во овие две првенства бекот покажал поголема самодоверба пред противничките мрежи, постигнувајќи вкупно 12 гола.

 
Кабрини за време на неговата последна сезона со Јувентус.

Во следните години, неговите успеси во дресот на Јувентус продолжиле со освојувањето на други две титули во Серија А, кои ја довеле неговата лична статистика до бројката од шест освоени скудета, понатаму го освоил вториот Куп на Италија во 1983 година, Купот на победниците на куповите во 1984 и конечно следната година, Суперкупот на УЕФА и Европскиот куп на шампиони, со што стана, заедно со некои соиграчи, еден од првите играчи кои што ги освоиле трите големи европски купови (веќе претходно во 1977 година тој го подигнал и трофејот во Купот на УЕФА); во истата година, тој исто така, успеал да ги освои сите меѓународни клупски натпреварувања благодарение на триумфот во Интерконтиненталниот куп, станувајќи првиот играч, заедно со неговиот соиграч Гаетано Ширеја, кој стигнал до оваа спортска цел.

Кабрини останал во Јувентус до крајот на сезоната 1988-1989, исто така, станувајќи капитен на клубот во последната сезона откако Ширеја се пензионирал.

Болоња

уреди

Напредокот на возраста, првите физички проблеми, како и различните тактички погледи на Дино Ѕоф за позицијата полубек, улога која Кабрини ја обожавал, но на која неговиот поранешен соиграч, кој во меѓувреме станал тренер на Јувентус, го претпочитал младиот Џанкарло Мароки,[17] го навело следното лето да го напушти Торино по тринаесет години, 297 натпревари во Серија А и 33 гола, и да се премести во Болоња.

Во Емилија-Ромања, Кабрини играл уште две сезони во Серија А, исто така стигајќи до четврт-финалето на Купот на УЕФА во 1991 година, пред да ја заврши својата натпреварувачка кариера во истата година.

Репрезентативна кариера

уреди

Млади репрезентации

уреди

Кабрини бил младински репрезентативец на Италија, во втората половина на 70-тите години тој играл за репрезентациите под 18 и под 21 година.

Сениорска репрезентација

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Празен навод (help).
  2. 2,0 2,1 2,2 Gianni Piva (1 јули 1990). „Biondo Brehme, che capolavoro“. la Repubblica.
  3. Празен навод (help).
  4. „Lahm e i suoi fratelli: i giocatori mai espulsi“. 8 февруари 2017.
  5. Giuseppe Bagnati (27 октомври 2009). „I difensori e il vizio del gol. Facchetti il top, poi Matrix“.
  6. Giorgio Dell'Arti (14 ноември 2013). „Biografia di Antonio Cabrini“.
  7. „Hall of Fame: Nesta, Rummenigge, Conte, Rocchi, Cabrini e Bonansea tra le stelle della decima edizione“. Архивирано од изворникот на 9 февруари 2022. Посетено на 4 февруари 2022. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  8. Maurizio Ternavasio (7 октомври 2007). „Antonio Cabrini compie 50 anni“. Архивирано од изворникот на 2012-08-04. Посетено на 2023-02-11.
  9. „L'amara Torino di Cabrini“. 10 декември 2008.
  10. „Antonio Cabrini“. Архивирано од изворникот на 18 септември 2008.
  11. Raffaele Graziano Flore (2017-09-25). „Antonio Cabrini/ La rubrica sui fatti sportivi della settimana (Che fuori tempo che fa)“.
  12. „Antonio Cabrini sceglie la politica: in campo con Di Pietro“. 24 јуни 2009.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 Attore protagonista Text "Chiesa" ignored (help); Text "p. 870" ignored (help).
  14. 14,00 14,01 14,02 14,03 14,04 14,05 14,06 14,07 14,08 14,09 Stefano Bedeschi (8 октомври 2013). „Gli eroi in bianconero: Antonio CABRINI“.
  15. 15,0 15,1 15,2 Nicolò Bonazzi (2022-12-13). „C'era una volta... Antonio Cabrini, dalla Cremo al tetto del mondo“.
  16. Bruno Bernardi (2 мај 1978). „Uno per uno i 16 dello scudetto“. Stampa Sera. стр. 15.
  17. Giorgio Comaschi (30 јуни 1989). 'Lascio la Juve che non c'è più'. la Repubblica.

Надворешни врски

уреди