Музеј Ото Лилиентал

Музеј Ото Лилиентал (германски: Otto-Lilienthal-Museum) — музеј во Анклам, Германија, посветен на „едриличарскиот крал“ Ото Лилиентал, авијатичарски пионер, како и пионер во разни технички, општетствени и културни проекти.

Музејот

Историја

уреди

Анклам е родниот град на Лилиентал. Разни објекти претставуваат дел од животот и работата на Ото Лилиентал, помеѓу нив и обновата на едрилицата од 1925 година, која е дел од локалниот историски музеј, основан во 1927. Музејот Ото Лилиентал бил отворен во 1991 како биографско-технички музеј. Денес, музејот ја поседува најголемата збирка на обновени воздухоплови од Лилиентал.

Збирки

уреди
 
Изложба

Архивите на музејот содржат сè што е познато за првиот успешен летач на едрилици, есеи, документи, како и архива на слики, реплики и модели на сите познати едрилици и воздухоплови на Лилиентал. Освен тоа, браќата Ото и Густав Лилиентал биле пронаоѓачи на парни мотори, играчки, како и иницијатори на бројни општествени и културни проекти.

Музејот се стекнал со голема збирка на параглајдери и прикажува модели на воздухоплови, од пред првите успешни летови, ја прикажува раната историја на воздухопловството и праисторијата на воздухопловството.

Награди

уреди

Во 1996 музејот ја добил наградата од Меѓународната воздухопловна федерација (FAI), а во 1999 музејот станал првиот од поранешната Источна Германија, кој бил награден со наградата „европски музеј на годината“ од Европскиот музејски форум. Сојузниот министер за култура и медиуми на Германија му ја доделил наградата „германски национален споменик“.

Надворешни врски

уреди

53°51′14″N 13°42′17″E / 53.85389° СГШ; 13.70472° ИГД / 53.85389; 13.70472