Анапа
Анапа ( руски: Анапа) е град во Русија во Краснодарскиот крај. Тоа е морско пристаниште на црноморскиот брег на Кавказ, во Анапскиот Залив, близу Азовското Море, 160 западно од Краснодар и 52 северозападно од Новоросијск.
Според проценките од 2017 година, во градот живееле 75 375 жители.
Градот Анапа од 2011 година има почесна титула „Град на воената слава“.
Историја
уредиПодрачјето околу овој град било населено уште од античко време. Населбата Синда, наречена Синдскo пристаниште или „ Синдика “ била изградена на местото на денешна Анапа во 6 век п.н.е. Изградена е од Понтските Грци и била населена до 3 век п.н.е.
Во меѓувреме, била припоена кон Босфорското кралство и се наоѓала во него во периодот од 4-ти до 3 век п.н.е. Тогаш се викала Горгипија по градителот Горгипа. Во 3 век била уништена од номадски племиња. Овие племиња, за кои се претпоставува дека имаат потекло од черкејско и / или адигејско потекло, и го дале името на денешната Анапа.
Во 14 век, џеновската колонија Мапа била тука.
Градот е го зазеле Турците во 1475 година, кои ја изградиле тврдината во 1781 година-1782 година. Истата била цел на повеќе напади од Руската Империја во 1791, 1808 и 1828 година и конечно била припоена кон Русија во 1829 година, заснована на Дринополскиот мир. Во тоа време, населбата имала адигејско име Анапа.
Оттогаш, градот се наоѓа во Русија. Добил статус на град во 1846 година, а станала санаториум во 1866 година.
За време на Втората светска војна, половина од санаториумите биле уништени, а биле обновени во 1950-тите.
Население
уредиСпоред прелиминарните податоци од пописот, во градот имало население од 58 983 жители во 2010 година, што е за 5 490 (10.26%) повеќе отколку во 2002 година.
1939 година | 1959 година | 1970 година | 1979 година | 1989 година | 2002 година | 2010 година | 2017 година |
---|---|---|---|---|---|---|---|
17 306 | 19 602 | 29 900 | 40 119 | 54 976 | 53 493 | 58 990 | 75 375 |
Според податоците од 2017 година, градот Анапа се наоѓал на 217. место според бројот на жители меѓу 1 112 официјални градови на Руската Федерација.
Туризам
уредиПостојат бројни санаториуми (пред се за деца) и хотели во овој град. Од распадот на СССР, заедно со Сочи и некои други градови долж рускиот брег на Црното Море, доживеал значително зголемување на популарноста. Распадот ги оставил традиционалните советски одморалишта на Крим во Украина и во Република Абхазија во Грузија од другата страна на границата.
Анапа ретко привлекува неруски туристи кои заминуваат на годишен одмор поради својата скромна подструктура (инфраструктура) и карпести плажи, но таа остана привлечен и евтин избор за Русите кои претпочитаат да се одморат во традиционалните руски летувалишта отколку во поскапите одредишта како што е Анталија на средоземниот брег на Турција или Шарм ел-Шеик во Египет (двете се познати по својата популарност меѓу Русите).
Иако многу болници во Анапа се специјализирани за рехабилитација, Анапа и другите градови на брегот на Црното Море не станаа одредиште за пензионерите, од главната причина што руските пензии се многу мали, ретко надминуваат 100 долари месечно. Понатаму, Русите ретко одат во други градови освен Москва поради тешкотии со внатрешните пасоши и системот за „регистрација “.
Поврзано
уредиКористена литература
уредиНадворешни врски
уреди- Матична страница
- Инфо страници Архивирано на 20 август 2007 г.