Орел (соѕвездие)
Орел — соѕвездие. Неговото латинско име е Aquila и значи орел. Се наоѓа речиси на небесниот екватор. Најсјајната ѕвезда, Алтаир, е вертекс на летниот триаголник.
лат. Орел | |
Податотека:Орел constellation map.svg | |
Кратенка | Aql |
---|---|
Генитивно | Aquilae |
Ректасцензија | 20 ч. |
Деклинација | +5° |
Површина | 652 (°)² (22nd) |
Главни ѕвезди | 8 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 65 |
Ѕвезди со планети | 4 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 3 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 3 |
Најсјајна ѕвезда | Алтаир (α Aql) (0.77m) |
Најблиска ѕвезда | Алтаир (α Aql) ( сг, пс) |
Месјеови објекти | 0 |
Метеорски дождови | јунски аквииди ипсилон-аквииди |
Соседни соѕвездија | Стрела Херкул Змијоносец Змија (опашка) Штит Стрелец Јарец Водолија Делфин |
Видливо на ширина од +85° до −75°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец август. |
Историја
уредиСоѕвездието Орел е едно од 48-те соѕвездија забележани од Птоломеј во 1 век. Исто така се споменува во 4 век п.н.е. и во 3 век п.н.е. од Аратус. Денес е едно од 88-те соѕвездија дефинирани од меѓународната астрономска заедница.
Ова соѕвездие било познато и како Летечки грабливец (Vultur volans) за старите Римјани (да не се меша со Vultur cadens што е старо римско име за соѕвездието кое денес го знаеме како Лира).
Птоломеј каталогизирал деветнаесет ѕвезди од ова соѕвездие и од соѕвездието наречено Антиноус, кое се смета за застарено, а тогаш било наречено така во чест на императорот Хадриан (117–138), односно по грешка посветено на Тихо Брахе, кој каталогизирал 12 ѕвезди од Орел и седум од Антиноус.
Ѕвезди со имиња
уредиБајер | Име | Потекло | Значење |
---|---|---|---|
α | Altair | арапски | птица |
β | Alshain | арапски | сив сокол |
γ | Tarazed | персиски | лушпа |
ε | Deneb el Okab | арапски | опашка на сокол |
ζ | Deneb el Okab | арапски | опашка на сокол |
η | Bezek | хебрејски | молња |
θ | Tseen Foo | мандарински | небесен сплав |
ι | Al Thalimain | арапски | два ноја |
λ | Al Thalimain | арапски | два ноја |
Нова
уредиДве големи нова ѕвезди се забележани во соѕвездието Орел; првата во 389 година п.н.е. за која е забележано дека била сјајна колку и Венера, а другата (V603 Aquilae) нешто посјајна од Алтаир, најсјајната ѕвезда во ова соѕвездие.
Небесни тела
уредиТри интересни планетарни маглини се наоѓаат во соѕвездието Орел:
- NGC 6804 има мал но сјаен прстен;
- NGC 6781 која има сличности со маглината Owl Nebula од соѕвездието Голема Мечка;
- NGC 6751 позната и како Пламено Око, планетарна маглина
Други небесни тела:
- NGC 6709: ѕвездено јато од 6,7m сместено пет степени југозападно од Zeta Aquilae
- NGC 6755: ѕвездено јато од 7,5m; составено од дванаесетина ѕвезди со величини од 12 до 13
- NGC 6760: збиено ѕвездено јато од 9,1 м
- NGC 6749: ѕвездено јато
- NGC 6778: планетарна маглина
- NGC 6741: планетарна маглина
- NGC 6772: планетарна маглина
Друго
уредиЛеталото Пионир 11 на НАСА, што помина крај Јупитер и Сатурн во 1970-те години, ќе помине блиску до една од ѕвездите на соѕвездието Орел за околу четири милиони години.
Наводи
уреди- јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)
Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е - Ian Ridpath and Wil Tirion (2007). Stars and Planets Guide, Collins, London. ISBN 978-0007251209. Princeton University Press, Princeton. ISBN 978-0691135564.
Надворешни врски
уреди„Орел (соѕвездие)“ на Ризницата ? |