Адам Бодор
Адам Бодор (унгарски: Bodor Ádám), (1936, Коложвар, Романија -) е современ унгарски писател.
Животопис
уредиАдам Бодор е роден во 1936 година во Коложвар, Романија. Потекнува од протестантско семејство од високата средна класа. Дипломирал реформаторска теологија. Од 1968 година, Бодор работи како професионален писател. Подоцна, поради неповолните услови за живот и работа во Романија, тој се преселил во Унгарија. Работел како уредник во една од најголемите унгарски издавачки куќи "Magvető".[1]
Творештво
уредиБодор е автор на поголем број збирки раскази и романи кои се преведени на повеќе европски јазици: романски, англиски, германски, српски, француски, норвешки, италијански, дански, руски и полски. Исто така, два негови расказа се објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ Сецирање на живо, во издание на Темплум. Врз основа на неговите новели, во 1970-тите се снимени филмови во режија на Петер Бачо и Золтан Фабри.[2]
Негови поважни дела се:[2]
- Сведокот (раскази и скици), 1969 година
- Плус-минус еден ден (кратки раскази), 1974 година
- Доаѓање на север (кратки раскази), 1978 година
- Каков ли е еден превој? (кратки раскази), 1980 година
- Планината Зангезур (кратки раскази), 1981 година
- Еуфрат кај Вавилон (кратки раскази), 1985 година
- Округот Синистра (поглавје од еден роман), 1991 година
- Посетата на надбискупот (роман), 1995 година
- Мирисот на затворот: Одговори на прашањата на Жофија Бала, 2001 година
Признанија
уредиБодор е добитник на повеќе награди, како што се:[3]
- Награда за проза на Романското друштво на писателите, 1970 година
- Книга на годината во Унгарија, 1985 година
- Наградата Атила Јожеф, 1986 година
- Ловоров венец на Република Унгарија, 1998 година
- Наградата Кошут, 2003 година