Државен пат 1 (Грција)

пат во Грција

Државен пат 1 или ЕО1 (грчки: Εθνική Οδός 1) — стар пат со две ленти кој води од Атина за Солун, и ја поврзува државата со Македонија преку граничниот премин Мачуково (Евзони). Денес во најголем дел е заманет со автопатот А1, и е ограничен на месна употреба. Долг е вкупно 605 км.

Државен пат 1 shield

Државен пат 1
Информации за правецот
Должина:605 км
Поважни клучки
Јужен крај:централна Атина
Северен крај:Мачуково (македонска граница)
Местоположба
Области:Атика, Централна Грција, Тесалија, Егејска Македонија
Поважни градови:Атина, Ламија, Лариса, Катерина, Гида, Ругуновец
Патна мрежа
Државни патишта во Грција

Првобитен правец

уреди

Според службениот весник од 1963 г. ЕО1 води од Атина до југословенската граница во Мачуково, минувајќи низ следниве места од југ кон север:[1]

Денешните изменети (погрчени) имиња стојат во загради.[2]

Патот денес

уреди

Денес автопатот А1 го зазема речиси целиот првобитен правец на EO1, но државниот пат и понатаму минува напоредно на А1 за потребите на неавтопатниот сообраќај. Западно од езерото Тополија (Илики) има прекин во патот, поради што сообраќајот мора да кружи преку Теба и Алиартос, и да се приклучи на ЕО3. Покрај тоа, самиот граничен премин Мачуково прима само автопатен промет.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Министерска одлука Γ25871“. Службен весник на Р. Грција (ΦΕΚ). Државна печатница. Β (319): 2500–2501. 23 јули 1963. (грчки)
  2. Напомена: Местата се наведени според нивните традиционални историски имиња во македонскиот јазик, а до нив во загради се дадени и денешните изменети (погрчени) имиња од практични причини, бидејќи како такви стојат на патните ознаки и карти. Исклучок од ова се поретките места кои не се разликуваат по име, новосоздадени доселенички населби, или пак управните единици кои не се наречени по постоечко традиционално населено место. Изворните имиња да ги пребарувате тука.

Надворешни врски

уреди

39°52′04″N 22°32′42″E / 39.8679° СГШ; 22.5451° ИГД / 39.8679; 22.5451