Лариса (округ)

округ во Тесалија, Грција

Округот Лариса (грчки: Περιφερειακή ενότητα Λάρισα) е административна единица во периферијата Тесалија, во средишниот дел на Грција. Административен центар на округот е истоимениот град Лариса, а значајни се и градовите Трново, Фарсала и Еласона.

Лариса во рамките на Грција
Лариса во рамките на Грција

Округот Лариса е создаден во 2011 година на местото на некогашната префектура, која имала исто име, површина и граници.

Природни одлики

уреди

Округот Лариса е втор по големина во цела Грција, а најголем во периферијата Тесалија. Со самото тоа округот има долги граници и многу соседни окрузи. На север се граничи со окрузите Пиерија и Кожани, на запад со окрузите Гребен и Трикала, на југозапад со округот Кардица, а на југ со окрузите Фтиотида и Магнезија. Источна граница е брегот на Егејско Море.

Најважниот дел на округот е средишниот, Tесалиската рамнина („Житницата на Грција"), која ја преградува реката Пинејос, а каде се наоѓа и градот Лариса. Рамнината, на исток се граничи со долината Темпе, познат природен резерват во државата. Преку неа водат сите патишта кон приморската рамнина, позната како Олимписки брег, чиј најјужен дел припаѓа на овој округ. Северниот, источниот и јужниот дел на округот е планински и покриен со шума. На север на округот е сместена јужната половина на планината Олимп, највисоката планина во Грција. На исток се наоѓа крајбрежната планина Мавровуни.

Историја

уреди

Првите жители на ова подрачјена денешниот округ Лариса биле Пелазгите. Во античко време оваа област била првата област освоена при ширењето на Античка Македонија. Во подоцнежната епоха доаѓа владеењето на Римјаните, потоа Византијците и на крај Османлиите. Иако месните Грци биле многу активни во текот на Грчкото востание во 1821, ова подручје повторно стана дел од современа Грција дури во 1881, а северниот дел на оккругот дури во 1913. Во 1947 година е создадена префектурата Лариса во денешните непроменети граници. Положбата на префектурата, а денес округ, е на главниот грчки пат Солун-Атина и со тоа се овозможи брз пост-воен развој.

Население

уреди

По последните проценки од 2005 година, округот Лариса имаше околу 280.000 жители, од кои околу 50% живеат во седиштето на округот, градот Лариса.

Етнички состав: Мнозинството од населението во округот се Грци, а последните години овде се насели и помал број доселеници од цел свет.

Густината на населеност е нешто повеќе од 50 ж./км2, што е помалку од просекот на Грција (околу 80 ж./км2). Рамничарскиот дел е многу погусто населен од планинскиот на исток и југ.

Административна поделба

уреди

Округот Лариса се дели на 7 општини:

  1. Аја
  2. Еласона
  3. Килелер
  4. Лариса
  5. Темпи
  6. Трново
  7. Фарсала

Лариса е најголема населба и седиште на округот, а други позначајни градови (> 10.000 ж.) се: Трново, Фарсала и Еласона.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди