Авала
Авала — ниска планина, на 16,5 км јужно од Белград.[1] Се протега од северниот крај на шумадиската греда, од планината Рудник се провлекува низ ниската Шумадија, и претставува граница меѓу сливовите на реките Сава и Дунав. Висока е 511 метри, и се издигнува сè до 200 метри над околниот терен. Минералот авалит го добил името според Авалa, каде е пронајден. На Авала се наоѓа импозантниот споменик на „Непознатиот јунак“ чиј твоец бил прочуениот југословенски (хрватски) вајар Иван Мештровиќ.
Авала | |
---|---|
Планината Авала | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 511 м |
Име | |
Превод | пречка, засолниште (арапски) |
Географија | |
Кон крајот на 2007 година Собранието на градот Белград ја прогласило Авала за заштитено природно богатство со вкупна површина од 489 хектари. Претходно кнезот Милош Обреновиќ во 1859 година донел одлука да се загради и да се заштити Авала, а во 1936 година била прогласена за национален парк. Президиумот на Народното собрание во 1946 година донел одлука да биде прогласена како „добро од општо значење“.[2]
На заштитеното подрачје има околу 600 видови на растенија. Има лековити билки, а некои билки претставуваат природна реткост, како што се зановет, златан и зеленика. Авала е добро пошумена со самоникнати дрвја, а на еден дел има борова шума[1].
Географија
уредиАвала е понизок вид на Панонски островски планини, и најсеверна планина во Шумадија. Пред 600.000 години, кога во таа област се протегало Панонското Море, Авала била остров, исто како и околните планини (Космај, Фрушка Гора, и други). Планината е создадена од серпентинит, варовник и магматски карпи. Авала е богата со руди, најмногу олово и жива. Во антички времиња се знае дека овде постоеле рудници. Археологот Милоје Васиќ верувал дека рудниците на живин-сулфид на Авала биле значајни за развојот на Винчанската култура, која постоела на бреговите на реката Дунав околу 5700 г. п.н.е.[3]
На Авала е пронајден минералот наречен според планината, авалит. Тоа е зеленкав минерал, варијанта на минералот илит, пронајден од српскиот хемичар Сима Лозаниќ, кој ја поставил и формулата за овој минерал. Класифициран е како член на минералната група микашист.[4]
На Авала постојат неколку извори, од кои најпознат е Сакинац,[5] но нема многу реки. Топчидерската Река извира од Липовичката Шума на југозапад и тече на западниот дел од Авала, а реката Болечица тече на источниот дел. Постои и мало вештачко езеро блиску до селото Пиносава.
Жив свет
уредиАвала е позната по растителниот свет, каде виреат повеќе од 600 растенија. некои од нив се заштитени со закон, како на пример laburnum, зеленика, lembotropis, Ilex aquifolium и буков крин.[5] Исто така на Авала виреат и лековити билки, како на пример салеп и беладона. Речиси 70% од Авала е пошумен.[6] Од високите дрвја најчести се неколку видови на даб, габер, бука, липа, црн бор, багрем и други.
Од животинските видови, на Авала живеат речиси 100 вида на птици, меѓу кои се заштитените јастреб врапчар, осојад и зелениот клукајдрвец.[6] На Авала е дозволен ловот.[7]
Споменик на Непознатиот јунак
уредиПо Првата светска војна, месното население пронашло голем број на гробови на српски војници кои загинале во војната, меѓу низ и гроб на непознат српски војник. Народот од околните села во 1922 година направил скромен споменик во чест на тој непознат јунак. Подоцна, Државниот одбор за подигање на споменици, решил да се направи претставителен споменик на непознатиот јунак на врвот на Авала. Проектот за споменикот го изработил вајарот Иван Мештровиќ, во форма на мавзолеј со каријатиди кои претставуваат жени во народни носии од сите југословенски краеви. Споменикот бил граден од јабланички гранит, од 1934 до 1938 година. За потребите на изградбата на овој споменик, во 1934 година со динамит биле урнати остатоците од средновековниот град Жрнов, што и денес остро го осудуваат историчарите.
Србија се разликува од сите земји учеснички во Првата светска војна по тоа што сите други земји имаат споменици на Непознат војник, а само Србија има споменик на Непознат јунак.
Во непосредна близина се наоѓа и „Споменикот на советските воени ветерани“ кои погинале во авионска несреќа на Авала, на 19 октомври 1964 година.
Кулата на Авала
уредиНа понискиот врв на Авала во 1965 година била изградена телевизиска кула, според проект на архитектите Угљеша Богуновиќ и Слободан Јањиќ. Кулата била урната за време на бомбардирањето на НАТО силите на 29 април 1999 година. Кулата била највисоката градба во тогашна Југославија. Била обновена на 21 април 2010 година, со речиси идентичен изглед, освен што е повисока за еден метар.
Средневоковен град Жрнов
уредиНа врвот на Авала се наоѓа средновековен град-тврдина. Србите го нарекувале Жрнов или Жрнован, а Турците му го дале името „Авала“, што на арапски значи преграда или препрека. Не се знае кога е изграден, освен дека околината била населена уште во праисториско време. Градот ги штител околните рудници на жива и цинобар, како и рудникот на сребро во Рипањ.
Угостителство, туризам, спорт, екологија и заштита
уредиНа врвот на Авала се наоѓаат неколку угостителски објекти:
- Хотел „Авала“,
- Планинарската куќа „Митровиќев дом“,
- Планинарскиот дом „Чарапиќев брест“[8]
На падините на Авала во 1929 година бил одржан првиот натпревар во Србија во нордиско скијање на осум km. Првиот скијачки натпревар по Втората светска војна во Србија е одржан во 1946 година на оваа планина.
Собир на планинари
уредиТрадиционалниот собир на планинарите кој се одржува секоја година во организација на Службата на водичи при Планинарскиот сојуз, во 2006 година се одржал на Авали од 1 јули до 10 јули. Во рамки на собирот, биле одржани голем број активности:
- Пешачки тури за обнова на маркацијата
- Исхрана во природа
- Школа за водичи на излети и поход во летни услови
- Планинарски предавања
Исто така се одржале и натпревари во:
Литература
уреди- Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2. Отсутно или празно
|title=
(help) - Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 grupa autora. 1955. Avala. u: Enciklopedija Jugoslavije. Leksikografski zavod FNRJ. стр. 249.
- ↑ Авала – предел со посебни одлики, Политика
- ↑ Srpska enciklopedija, Vol. II, page 142-143. Matica Srpska, Српска академија наука и уметности, Zavod za udžbenike. 2013. ISBN 978-86-7946-121-6.
- ↑ Srpska porodična enciklopedija, Vol. I, "Narodna knjiga" & "Politika", 2006, ISBN 86-331-2730-X
- ↑ 5,0 5,1 Marija Brakočević (13 November 2016), „Avala – lepotiva Београдa: Zaboravljena planina“, Politika (српски)
- ↑ 6,0 6,1 Vladimir Vukasović (9 July 2013), „Prestonica dobija još devet prirodnih dobara“, Politika (српски)
- ↑ Branka Vasiljević (5 August 2018). „Lovci u Београд stižu porodično“ [Hunters travel to Belgrade with their families]. Politika (српски).
- ↑ Планинарско одмаралиште „Чарапиќев брест“
„Авала“ на Ризницата ? |