Јастреб врапчар
Јастреб врапчар | |
---|---|
Мажјак | |
Женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Соколовидни |
Семејство: | Јастреби |
Род: | Јастреб |
Вид: | Јастреб врапчар |
Научен назив | |
Accipiter nisus (Linnaeus, 1758) | |
Подврсти | |
A. n. granti | |
Летно живеалиште Постојано живеалиште Зимско живеалиште
|
Јастреб врапчар (науч. Accipiter nisus) — мала граблива птица од семејството на јастребите (Accipitridae) со кратки, но широки крилја, и долга опашка. Двете прилагодувања помагаат за маневрирање низ дрвја. Женките можат да бидат и до 25% поголеми од мажјаците,[2] со тежина двојно поголема од нивната.[3] Кога женките се поголеми од мажјаците, познато е како обратен полов диморфизам. Птицата е присутна и во Македонија.
Возрасниот мажјак е долг 29–34 см, со распон на крилја од 59 до 64 см,[2] и маса од 110 до 196 г.[4] Има сиви горни делови (понекогаш посинуваат), со фини црвени долни делови кои од далечина можат да изгледаат портокалово; неговите ириси се портокалово-црвени. Женката е многу поголема со 35–41 см во должина, распон на крилјата од 67–80 см,[2] и маса од 185–342 г.[4] Таа има темнокафени или сино-кафени горни делови, кафени долни делови, и светложолти, или портокалови ириси. Младите се кафени во горниот дел,и боја која наликува на ’рѓа во долниот дел;[5]
Распространетост и живеалиште
уредиЈастребот врапчар е распространет на должина од 23.600.000 км² и проценета популација од 1.5 милиони птици во 2009.[6] Овој јастреб е еден од најчестите грабливки во Европа, заедно со ветрушката и јастребот глувчар.[7]
Овие врсти се чести во шумите и во места со раштркани дрвја.[8] Јастребот врапчар претпочита лов во шумските рабови, но преселниците можат да бидат сретнати во секакво живеалиште.[7] За разлика од неговиот поголем роднина,Јастребот кокошкар, може да биде забележан во градини и урбани области[9] и може дури да се пари во градски паркови.[8] Јастребот кокошар од постудени региони од северна Европа и Азија се сели на југ за време на зимата,некои до Северна Африка (а некои дури до екваторски Источна Африка) и Индија. Младите ја започнуваат својата преселба пред возрасните.[7]
Исхрана
уредиЈастребот врапчар е водечки грабливец на помали шумски птици,[10] но и покрај тоа, само 10% од неговите напади се успешни.[11] Лови со изненадно напаѓање, користејќи живи огради, овоштарници и други засолништа во близина на шумските предели; неговиот избор на живеалиште е одреден од овие потреби. Исто така користи градини, имајќи предност над пленот кој се наоѓа таму.[5]
Машките единки редовно убиваат птици со тежина до 40g и некогаш до 120g; женките напаѓаат плен со тежина до 500g и поголем. Дневната тежина на храна конзумирана од возрасни птици дневни е проценета на 40–50g за мажјаци и 50-70g за женки.[5] Врсти коишто се хранат на отворено, далеку од заштита, или се забележливи поради нивното поведение и боја, почесто се цел на Јастребот врапчар.[12]
Размножување
уредиЈастребот врапчар се пари во пространи шуми, со средна густина. Нивното гнездо често може да се пронајде во близина на стеблото, на некоја хоризонтална гранка, или на врвот на некоја грмушка. Градат ново гнездо секоја година.[13] Користат гранчиња како главен материјал. Кога јајцата ќе се снесат, додаваат нови гранчиња или кора од дрва.[5]
За време на сезоната на парење , мажјакот губи тежина, бидејќи се грижи за исхраната на партнерката сè додека не ги снесе јајцата.[14]
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Accipiter nisus“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Robinson, R.A. „Sparrowhawk Accipiter nisus [Linnaeus, 1758]“. BirdFacts: proПодатотекаs of birds occurring in Britain & Ireland. British Trust for Ornithology. Retrieved 26 February 2009
- ↑ del Hoyo et al (1994) p56
- ↑ 4,0 4,1 del Hoyo et al (1994) p. 158
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 BWPi: The Birds of the Western Palearctic on interactive DVD-ROM. London: BirdGuides Ltd. and Oxford University Press. 2004. ISBN 1-898110-39-5.
- ↑ „Sparrowhawk (Canarian-Madeirian subspecies) Accipiter nisus granti“. Environment – Nature & Biodiversity: Threatened Birds. European Commission. Посетено на 1 February 2009.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Forsman, Dick (1999). The Raptors of Europe and The Middle East: a Handbook of Field Identification. London: Christopher Helm. стр. 244–255. ISBN 0-7136-6515-7.
- ↑ 8,0 8,1 Jonsson, Lars (1996). Birds of Europe. London: Helm. стр. 134–135. ISBN 0-7136-4422-2.
- ↑ „Sparrowhawk“. BTO Garden Birdwatch. British Trust for Ornithology (BTO). Посетено на 1 February 2009.
- ↑ Post, P.; Götmark, F. (1996). „Prey selection by Sparrowhawks, Accipiter nisus: relative predation risk for breeding passerine birds in relation to their size, ecology and behaviour“. Philosophical Transactions: Biological Sciences. 351 (1347): 1559–77. Bibcode:1996RSPTB.351.1559G. doi:10.1098/rstb.1996.0141.
- ↑ Burton, Robert (2006). Garden Bird Behaviour. New Holland. стр. 134. ISBN 1-84537-597-1. Архивирано од изворникот на 2020-04-05. Посетено на 2013-05-18.
- ↑ Newton (1986) p. 137
- ↑ Ali, Salim; SD Ripley (1978). Handbook of the Birds of India and Pakistan. Volume 1 (2. изд.). New Delhi: Oxford University Press. стр. 243–246.
- ↑ Newton, I.; Marquiss, M.; Village, A. (April 1983). „Weights, breeding, and survival in European Sparrowhawks“ (PDF). The Auk. 100 (2): 344–354.[мртва врска]