Јунчии

село во Солунско, Егејска Македонија, Грција

Јунчии, Јунчиите или Јунџулар (грчки: Κύμινα, Кимина; до 1926 г. Γιουντζήδες, Јунѕидес[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 3.210 жители (2021), сите Македонци.[3]

Јунчии
Κύμινα
Јунчии is located in Грција
Јунчии
Јунчии
Местоположба во областа
Јунчии во рамките на Делта (општина)
Јунчии
Местоположба на Јунчии во општината Делта и областа Централна Македонија
Координати: 40°36.76′N 22°41.36′E / 40.61267° СГШ; 22.68933° ИГД / 40.61267; 22.68933
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаДелта
Општ. единицаВардар
Надм. вис.&100000000000000080000008 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно3,210
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.576 00
Повик. бр.+30-2391-xxx-xxx
Рег. таб.NAx-xxxx до NXx-xxxx

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено во областа Вардарија во Солунското Поле, 25 км западно од градот Солун. Лежи напосредно до западниот брег на Солунскиот Залив, на надморска височина од 8 м.[3] Денес е споено во една целина со селото Нов Малград основано во 1909 г.

Историја

уреди

Османлиско време

уреди

Во османлиско време Јунчии било чисто македонско село в Солунската каза, едно од 37-те села и 10 чифлици во Солунското Поле а Камбаниската епархија со седиште во Кулаќа. Основано е во XV век, првобитно го носело името Чадирќој. Околу 1750 г. во Јунчии имало 110 куќи, а во 1780 г. се заведени 118 домаќинства.[4] Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Јунци како македонско[5] село.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Унчите (Untchyté) — село со 230 домаќинства и вкупно 1.424 жители Македонци.[7][8] Во 1885 г. селото имало 150 домаќинства.[4]

Во селото имала пуштено корени католичката пропаганда. Од 1865 до 1869 г. во католичката црква „Св. Петар и Павле“ служел отец Поликарп Анастасиадис.[9]

Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Юнчии живеят 890 Македонци христијани.[7][10] Населението било поделено по вероисповед, живеејќи под странските пропаганди. По податоци на секретарот на Бугарска егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Јунчиите (Yountchiité) имало 848 жители, од кои 640 под врховенството на Цариградската патријаршија и 208 Македонци унијати.[7] Во селото работело грчко училиште.[11] Според пописот од 1905 г. Јунчии имало 780 жители.[4] Тодор Симовски смета дека овие бројки за населението се прениски, со оглед на доста поголемиот број на жители во следниот попис.[3]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 1.247 жители.[3]

Пролетта 1914 г. грчките власти го уапсиле унијатскиот свештеник во Јунчии и го одвеле во Солун, а триесетмината унијатски семејства биле заведени како „православни Грци“. Унијатскиот епископ во Солун, Епифаниј Шанов напишал протестно писмо до властите во Солун, но не добил одговор.[12]

Во 1920 г. селото имало 1.441 жител, а во 1928 г. нивниот број нараснал на 1.570[3], и продолжил да расте поради поволната местоположба и пространата и плодна почва.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2.175 2.493 2.677 2.709 3.139 3.469 3.682 3.652 3.210
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Вардар со седиште во Јунчии, која припаѓа на поголемата општина Делта, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Јунчии, каде тоа е еднственото населено место.

Стопанство

уреди

Земјиштето на Јунчии е многу плодно, целосно се наводнува и дава многу високи приноси. Населението произведува големо количество овошје, памук и други земјоделски производи.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γιουντζήδες -- Κύμινα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 322–323.
  4. 4,0 4,1 4,2 Портал на поранешната општина Вардар[мртва врска]
  5. нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика
  6. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 91.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 154-155.
  9. „ΕΛΛΗΝΙΚΗ ΚΑΘΟΛΙΚΗ ΚΟΙΝΟΤΗΤΑ (Κωνσταντινούπολη)“. Ελληνική Καθολική Εξαρχία. Архивирано од изворникот на 2013-11-13. Посетено на 13 ноември 2013.
  10. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 141.
  11. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 218-219.
  12. Елдъров, Светлозар (2002). Католиците в България (1878–1989). Историческо изследване (PDF). София: Международен център по проблемите на малцинствата и културните взаимодействия. стр. 96. Посетено на 2015-10-22.