Елисие Поповски
Елисие Поповски - Марко (Маврово, Гостиварско, 13 јули 1907 - Скопје, 9 ноември 1972) — македонски комунист, учесник во Шпанската граѓанска војна и во НОВ. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ.[1] Носител е на Партизанска споменица 1941.
Животопис
уредиПоповски е роден на 13 јули 1907 година во село Маврово, Гостиварско.
Како припадник на прогресивното работничко движење од 1934 година, станал член на КПЈ во 1936 година. Учествувал во Шпанската граѓанска војна, каде пристигнал од Југославија на 15 јули 1937 година. Бил доброволец во 129-та интернационална бригада. По крајот на војната, бил во логорот за шпанските доброволци во Франција (1939–1941).
Потоа се враќа во Југославија и вклучува во НОБ на Србија. Бил командант на Топличкиот партизански одред и заменик политички комесар на Озренскиот партизански одред. Во април 1943 година дошол во Македонија. Бил политички комесар на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ и член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Во ноември 1943 година водел преговори со Германската команда од Струга во Ботунската теснина меѓу Ботун и Струга за размена на германски заробеници за политички затвореници, припадници на НОАВМ.[2] Во август 1944 година бил учесник на Првото заседание на АСНОМ.
По Ослободувањето бил на разни политички должности. Меѓу другото, бил раководител на УДБ-а во Македонија до 1952 година. Починал во Скопје на 9 ноември 1972 година.
Во негова чест Средното училиште за внатрешни работи, основано во 1971 година, го носело неговото име.[3]
Наводи
уреди„Елисие Поповски“ на Ризницата ? |
- ↑ Коробар, Перо (1989). Божо Стефановски (уред.). Во меѓународните бригади на Шпанија. Скопје: Студентски збор. стр. 215–220.
- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, 1196-1197 стр.
- ↑ „40 години високо образование од областа на безбедноста“, Скопје 2018, 144 стр.