Палембаншки јазик
Палембаншкиот или муси[1] (Baso Palembang, Musi) е јазик од малајско-сумбавската група сроден на малајскиот што го говорат околу 1,4 милиони жители во поширокото градско подрачје на Палембанг, главен град на покраината Јужна Суматра во Индонезија. Покрај ова, јазикот има уште 2,5 говорници во околните краишта. Во последно време јазикот има улога на лингва франка во Јужна Суматра, за полесно разбирање помеѓу жителите на покраината кои инаку говорат на разни јазици и дијалекти. Палембаншкиот има доста примеси од јаванскиот јазик, бидејќи првите говорници се доселиле од Централна Јава во XVII век.
Палембаншки | |
---|---|
Baso Palembang | |
Застапен во | Суматра, Индонезија |
Подрачје | Палембанг |
Говорници | 4 милиони |
Јазично семејство | |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | mui |
Викимедииниот Инкубатор испробува Википедија на палембаншки јазик |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Муси - Ethnologue (англиски)
Надворешни врски
уреди- Палембаншко-индонезиски речник Архивирано на 3 септември 2012 г. (индонезиски)
- Палембаншки јазик на Ethnologue (англиски)