Ачешки јазик

Ачешки јазик или само ачех (Bahsa Acèh) — малајско-полинезиски јазик што го говори народот Ачеси во покраината Ачех на островот Суматра, Индонезија. Се говори и во ачешката дијаспора во извесни делови на Малезија како Јан во сојузната држава Кедах.

Ачешки
Bahsa/Basa Acèh
Застапен воИндонезија
ПодрачјеАчех, Суматра
Говорници3,5 милиони  (2000)
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-2ace
ISO 639-3ace

Класификација и сродни јазициУреди

Овој јазик припаѓа на малајско-полинезиската гранка на австронезиското семејство. Најсродни на него се другите чамски јазици како џарајскиот и чамскиот (230.000 и 280.000 говорници) во Камбоџа и Виетнам. Други сродни јазици се малајските, минангкабајскиот, гајскиот и батачките јазици.

РаспределеностУреди

 
Распределеност на ачешкиот јазик во покраината Ачех

Јазикот се говори претежно во крајбрежните делови на Ачех, и тоа во 10 намесништва и 4 општини.

ФонологијаУреди

 
Двојазичен знак што предупредува од цунами на индонезиски и ачешки

Ова се фонемите во ачешкиот јазик.

Самогласки[1]
Предни Средни Задни
усни носни усни носни усни носни
Затворени i ĩ ɨ ɨ̃ u ũ
Полузатворени e ɛ̃ ə ʌ̃ o ɔ̃
Полуотворени ɛ ʌ ɔ
Отворени a ã

Самогласките се претежно спарени како усна-носна, иако постојат само три средни носни, а двојно повеќе средни усни самогласки. /ʌ/ не е сосем средна, но тука е прикажана како таква од естетски причини. Слично на неа, /ɨ/ се претставува и како позадна [ɯ]. Покрај горенаведените монофтоншки самогласки, ачешкиот има и пет усни дифтонзи, од кои секој има свој носен пандан:[1]

  • /iə ɨə uə ɛə ɔə/
  • /ĩə ɨ̃ə ũə ɛ̃ə ɔ̃ə/
 
Рачно пишувана книга на ачешка арабица
Согласки[2]
Уснена Венечни Предно-
непчени
Задно-
непчени
Гласилни
Носни m n ɲ ŋ
Избувни p b t d c ɟ k g ʔ
Струјни s ʃ h
Приближни w l j
Трепетни r

/s/ e ламинална венечно-забна согласка. /ʃ/ технички е задновенечна, но стои колоната на преднонепчените од естетски причини.

ПисмоУреди

Порано ачешкиот се пишувал со арабица наречена „џавое“ (џави на малајски), но иста сега речиси воопшто не се користи. Денес јазикот се пишува со латинична азбука во која, покрај вообичаените букви, се користат и буквите é, è, ë, ö и ô.[3]

ДијалектиУреди

Досега не е псорведено темелно истражување на дијалектите на ачешкиот јазик, но се смета дека постојат барем 10: пасе, пеусанган, матанг, пидие, буенг, банда, даја, меулабох, сеунаган и тунонг.[4]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Al-Harbi & Al-Ahmadi (2003:10)
  2. Al-Harbi & Al-Ahmadi (2003:9–10)
  3. Ejaan Bahasa Aceh
  4. Sulaiman, B. 1981. Kedudukan dan Fungsi Bahasa Aceh di Aceh. Jakarta: Pusat Pembinaan dan Pengembangan Bahasa

ЛитератураУреди

  • Al-Harbi, Awwad; Al-Ahmadi, Ahmad (2003), "Acehnese coda condition: An optimality-theoretic account", Umm Al-Qura University Journal of Educational and Social Sciences and Humanities, 15: 9–21
  • Asyik, Abdul Gani (1982), "The agreement system in Acehnese" (PDF), Mon–Khmer Studies, 11: 1–33
  • Durie, Mark. "The So-Called Passive of Acehnese." Language. Linguistic Society of America, Vol. 64, No. 1 (Mar., 1988), pp. 104–113 Достап. на JSTOR: http://www.jstor.org/stable/414788
  • Thurgood, Graham (2007), The Historical Place of Acehnese: The Known and the Unknown (PDF)

Надворешни врскиУреди

Издание на Википедија — слободната енциклопедија на ачешки јазик