Западен Сулавеси
Западен Сулавеси (индонезиски: Sulawesi Barat) ― покраина во Индонезија. Се наоѓа на западната страна на островот Сулавеси. Зафаќа површина од 16.787,18 км2, а главен град е Мамуџу. Пописот во 2010 година забележал население од 1.158.651, додека тој во 2020 година забележал 1.419.228.
Западен Сулавеси Sulawesi Barat | |||
---|---|---|---|
Покраина во Индонезија | |||
Гесло: Mellete Diatonganan (јазик?) Држи се до Вистината | |||
Местоположба на Западен Сулавеси во Индонезија | |||
Воспоставена | 22 септември 2004[1] | ||
Главен град | Мамуџу | ||
Управа | |||
• Орган | Покраинска влада на Западен Сулавеси | ||
• Гувернер | Али Баал Масдар | ||
• Заменик гувернер | Ени Анграену Анвар | ||
Површина | |||
• Вкупна | 16.787,18 км2 (648,157 ми2) | ||
Население (попис од 2020)[2] | |||
• Вкупно | 1.419.229 | ||
• Густина | 0,85/км2 (2,2/ми2) | ||
Демографија | |||
• Етнички групи во Индонезија (попис од 2010)[3] | 45.42% Мандарци 12.49% Бугиси 10.91% Мамаси 8.12% Калумпангци 4.92% Јаванци 2.61% Патајци 2.19% Макасарци 9.0% други | ||
• Религија (2016)[4] | 82.2% Ислам 14.8% Протестантство 1.47% Католицизам 1.25% Хиндуизам 0.19% Народна религија 0.04% Будизам 0.01% Конфуцијанство | ||
• Јазици | Индонезиски, мандарски, мамаски, калумпаншки, мамуџки | ||
Час. појас | СИВ (UTC+08) | ||
ИЧР | ▲ 0.657 (Среден) | ||
Ранк на ИЧР | 31. (2019) | ||
Мреж. место | sulbarprov.go.id |
Покраината била основана во 2004 година, откако била одвоена од Јужен Сулавеси.
Географија
уредиПокраината е на островот Сулавеси (поранешен Селебес) и ги вклучува регенциите (кабупатен) Полевали Мандар, Мамаса, Маџене, Мамуџу, Централен Мамуџу и Пасангкају (порано наречен Северен Мамуџу), кои порано биле дел од Јужен Сулавеси. Површината на покраината е 16.787,18 км 2.
Економија
уредиНејзината економија се состои главно од рударство, земјоделство и риболов. Нејзин главен град е Мамуџу.
Археолошки наоди
уредиНа 11 декември 2019 година, екипа на истражувачи предводени од д-р Максим Оберт го најавиле откривањето на најстарите ловечки сцени во праисториската уметност во светот, стари повеќе од 44.000 години од варовничката пештера на Леанг Булу Сипонг 4. Археолозите ја утврдиле староста на прикажувањето на лов на свиња и бивол благодарение на калцитните „пуканки“, различни нивоа на изотоп на радиоактивен ураниум и ториум.[5][6][7][8]
Административни единици
уредиПокраината Западен Сулавеси е поделена на шест регенции:[9] Полевали Мандар, Мамуџу, Пасангкају, Мамаса, Маџене и Средиштен Мамуџу Шестата регенција - Средиштен Мамуџу (Kabupaten Mamuju Tengah) - била отсечена од постојната регенција Мамуџу на 14 декември 2012 година.
Демографија
уредиНејзиното население на пописот во 2010 година изнесувало 1.158.651, зголемувајќи се со 2,67% годишно. Од тие 171.356 се класифицирани како под прагот на сиромаштија на Индонезија.[10]
Религија
уредиРегенција/Град | ислам | протестантство | католицизам | хиндуизам | будизам | Конфуцијанство | Народни вери |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Маџене | 99,75% | 0,10% | 0,10% | 0,02% | 0,03% | 0,00% | 0,00% |
Мамаса | 20,29% | 70,80% | 4,35% | 2,92% | 0,01% | 0,01% | 1,62% |
Мамуџу | 81,61% | 16,61% | 0,87% | 0,88% | 0,02% | 0,01% | 0,00% |
Средиштен Мамуџу | 80,24% | 12,90% | 2,18% | 4,57% | 0,10% | 0,01% | 0,01% |
Пасангкају | 86,98% | 6,99% | 1,83% | 4,19% | 0,01% | 0,01% | 0,00% |
Полевали Мандар | 96,00% | 2,77% | 1,00% | 0,19% | 0,04% | 0,00% | 0,00% |
Западен Сулавеси | 82,22% | 14,82% | 1,47% | 1,25% | 0,04% | 0,01% | 0,19% |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „J.D.I.H. - Dewan Perwakilan Rakyat“. Архивирано од изворникот на 2022-04-04. Посетено на 2022-03-29.
- ↑ Badan Pusat Statistik, Jakarta, 2021.
- ↑ Ananta, Aris; Arifin, Evi Nurvidya; Hasbullah, M Sairi; Handayani, Nur Budi; Pramono, Agus (2015). Demography of Indonesia's Ethnicity. Institute of Southeast Asian Studies. ISBN 978-981-4519-87-8. P. 102.
- ↑ Sulawesi Barat Dalam Angka 2016[мртва врска], BPS
- ↑ „Animal painting found in cave is 44,000 years old“. BBC News (англиски). 12 декември 2019. Посетено на 29 март 2022.
- ↑ „Narrative Cave Art in Indonesia Dated to 44,000 Years Ago | ARCHAEOLOGY WORLD“. archaeology-world.com (англиски). Посетено на 29 март 2022.
- ↑ correspondent, Hannah Devlin Science (11 декември 2019). „Earliest known cave art by modern humans found in Indonesia“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 29 март 2022.
- ↑ „The oldest story ever told is painted on this cave wall, archaeologists report“.
- ↑ 2010 Indonesian Census
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 21 јули 2011. Посетено на 29 март 2022.