Сундски јазик
Сундски јазик (Basa Sunda, со сундско писмо: ᮘᮞ ᮞᮥᮔ᮪ᮓ) — јазик од малајско-полинезиското семејство со околу 27 милиони говорници во западниот дел на Јава, што претставува 15% од населението на Индонезија.
Сундски | |
---|---|
ᮘᮞ ᮞᮥᮔ᮪ᮓ Basa Sunda | |
Застапен во | Индонезија |
Подрачје | Западна Јава, Бантен, Џакарта, делови од западна Централна Јава |
Народ | Сунди, Бадуи |
Говорници | 34 милиони (2000) |
Јазично семејство | австронезиско
|
Писмо | латиница (денес) пегон (верска) сундско писмо (по избор) |
Статус | |
Службен во | Западна Јава (како регионален јазик) |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | su |
ISO 639-2 | sun |
ISO 639-3 | или: sun — сундски bac — бадујски |
Јазикот е поблизок на мадурскиот и малајскиот, а во подалечно сродство со јаванскиот. Има неколку дијалекти:
- западен - во покраината Бантен и извесни делови од Лампунг,
- северен - во Богор и северното крајбрежје на Западна Јава,
- јужен (пријангански) - во (Бандунг и околината),
- блискоисточен - во Маџаленгка и Индрамају,
- североисточен - во Кунинган, Чиребон и Бребес (Централна Јава) и
- југоисточен - во Чиамис, Банџар и Чилачап (Централна Јава).
Пријанганскиот дијалект е најзастапен и се предава во основните училишта (нижи и виши паралелки) во Западна Јава и покраината Бантен.
Писмо
уредиСундскиот може да се пишува на разни писма, од кои матични се сундското писмо и „пегон“-от (вид арабица) кој се употребувал порано, а денес наоѓа само верска употреба. Денес најзастапена е латиницата.
Фонологија
уредиПравописот на сундскиот јазик е мошне фонетски. Постојат пет самогласки: /ɑ/, é /ɛ/, i /i/, o /ɔ/, u /ʊ/, две полусамогласки; e /ə/ и eu /ɤ/ и 18 согласни фонеми што се транскрибираат со буквите p, b, t, d, k, g, c (изгов: /tʃ/), j, h, ng, ny /ɳ/, m, n, s /s/, w, l, r (трепетно или едноударно) и y /j/. Сепак, јазикот има 16 согласки, а останатите се странски гласови во заемки.
Честопати согласките што се јавуваат во заемки се одомаќинуваат во сундски согласки: f → p, v → p, sy → s, sh → s, z -> j и kh /x/ → h.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Karl Andebeck, 2006. 'An initial reconstruction of Proto-Lampungic'
Надворешни врски
уредиИздание на Википедија — слободната енциклопедија на сундски јазик |
- Сундско-индонезиски речник (и обратно) Архивирано на 11 октомври 2014 г.
- Сундски јазик - Ethnologue (англиски)
- Претворач од латиница во сундско писмо