Универзитет на Југоисточна Европа

(Пренасочено од ЈИЕ во Тетово)

Универзитет на Југоисточна Европа или УЈИЕ (албански: Universiteti i Evropës Juglindore, EJL; англиски: South East European University, SEEU), порано наречен и Штулов универзитет — јавно-приватен универзитет со своите два кампуса во Тетово и Скопје. Главното седиште на универзитетот е во Тетово и формиран е во 2000 година.

Универзитет на Југоисточна Европа
Universiteti i Evropës Juglindore
South East European University
Лого на универзитетот
латински: Universitas Evropae Orientalis Meridionalis
Видприватно-јавен непрофтен
Основан2001
Ректорпроф. д-р Абдилменаф Беџети[1]
Студенти7000
МестоТетово, Македонија Македонија
КампусТетово, Скопје
seeu.edu.mk

Историја

уреди

Изградбата на Универзитетот започнала во март 2001 и Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) се отворил шест месеци подоцна со 900 студенти. Во октомври 2002 бројот на студентитите се покачил на 2250, а во октомври 2003 г. УЈИЕ имал 3.700 студенти. Целокупниот сегашен број на студенти во УЈИЕ е 5200.

Универзитетот има политика на флексибилно учење на јазиците, но во исто време обезбедува и курсеви на македонски, албански и англиски јазик. Сите студенти го изучуваат англискиот јазик.

Почетната фаза на развојот на универзитетот била овозможна со помош на донациите на земјите од ОБСЕ и ЕУ и САД од околу 36 милиони евра. Дел од придонесот на САД е обврзан со три годишната соработка со Универзитетот на Индијана кој дал поддршка на развојот на факултетите и наставниот план.

Капацитет

уреди

Универзитетот зафаќа функционални простории вклучувајќи три амфитеатри, приближно околу 50 простории за предавање, канцаларии за кадарот, три центри за компјутери, библиотека „Макс ван дер Штул“ и станбено сместување за 450 студенти.

Сите курсеви се модуларни и го следат примерот на Европскиот кредит трансфер систем.

Формални договори за соработка Универзитетот има потпишано со Универзитетот Нант и Универзитетот Анже и Рен, Универзитетот од Приштина, Универзитетот од Тирана и Универзитетот од Питсбург во Пенсилванија, САД.

Факултети

уреди

Универзитетот располага со следните факултети:

  • Факултет за јазици, култури и комуникации
    • Катедра за англиски јазик и студии
    • Катедра за германски јазик и студии
    • Катедра за албански јазик и студии
    • Катедра за француски јазик и студии
  • Правен Факултет
  • Факултет за бизнис администрација
  • Факултет за јавна администрација и политички науки
  • Факултет за современи науки и технологии
  • Факултет за здравствени науки

Наводи

уреди
  1. „Говор на ректорот“. Универзитет на Југоисточна Европа. Посетено на 30 мај 2015.
  2. „Објавени резултатите од рангирање на универзитетите во Република Македонија - 2013“. Министерство за образование и наука на Македонија.

Надворешни врски

уреди