Suga Mama“ е песна изведен од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс за нејзиниот втор студиски албум, B'Day (2006). Напишана е од Ноулс, Рич Харисон и Макеба Ридик, а продуцирана од Харисон и Ноулс. Влијанијата на „Suga Mama“ се фанкот од 1970-тите и елементите од го-го музиката во 1980-тите. Песната исто така потекнува од жанрови како Р&Б и соул, додека зема примерови од песната на Jake Wade and the Soul Searchers, „Searching for Soul“, напишана од Чак Мидлтон. Според текстот „Suga Mama“ покажува одлики на женски протагонист подготвен да плати голема сума пари за да ја задржи нејзината љубов од интерес задоволна.

„Suga Mama“
Песна од Бијонсе
од албумот B'Day
Снимена2006
ЖанрР&Б
Должина3:25
МаркаColumbia
ПеснописецБијонсе Ноулс, Рич Харисон, Макеба Ридик, Чак Мидлтон
Продуцент(и)Рич Харисон

Генерално била добро прифатена од музичките критичари, кои ја нарекувале како една од најдобрите песни на B'Day и ја пофалиле продукцијата на Харисон. Сепак имало неколку ограничени критики кон гласот на Ноулс во песната. Покрај тоа што не била издадена како сингл, „Suga Mama“ имала музичко видео снимено во црно-бела техника и режирано од Мелина Мацукас и Ноулс, за B'Day Anthology Video Album. Видеото добило ограничено издавање на британските ТВ музички канали. Песната била вклучена во сет-списокот на последните две светски турнеи на Ноулс, The Beyoncé Experience (2007) и I Am... Светска Турнеја (2010) и нивните придружени албуми во живо.

Снимање

уреди

Ноулс го вовела Харисон како еден од петте ко-продуценти на B'Day, и таа организирала да им бидат дадени поединечни соби нему, на Син Гарет и на Родни Џеркин во Sony Music Studios, Њујорк Сити. Ноулс рекла дека ја хранела „здравата конкуренција“ меѓу продуцентите одејќи во нивните соби и коментирајќи дека создале „добар ритам“.[1] Таа и Харисон претходно работеле на нејзиниот сингл од 2003, „Crazy in Love“, кој користи истакнат примерок од соул музика на сличен начин како „Suga Mama“.[2] Fox News рекле дека „Suga Mama“ и „Freakum Dress“, другите придонси на Харисон за B'Day „паѓаат кратко од оригиналната музика, ама ја имитираат удирачката секција од Chi Lites [од „Crazy in Love“] уште еднаш“, додавајќи, „Харисон е како Индијана Џоунс во душата, константо вадејќи ги заборавените скапоцени камења од минатото како примероци [...] Вие не можете да му помогнете, а да не помислите: Фала му на Бога што некој напишал музика во минатото која може да биде повторно искористена.“[2]

Музика и тема

уреди

„Suga Mama“ е умерена Р&Б песна поставена во вообичаен временски период.[3] Според Шахим Рид од MTV Вести и Џозеф Мајк од онлајн магазинот PopMatters, песната содржи влијанија од фанкот од 1970-тите,[4] соул музиката,[5] и рок-музиката.[6] Дополнително, содржи ограничени елементи од го-го музиката од 1980-тите;[4][5] исто така содржи повеќе елементи од живата музика отколку претходните снимања на Ноулс,[7] и Ноулс го испорачува нејзиниот глас спроти хип-хопот како и џез ритамот.[8][9] Брајан Хајат од магазинот Роулинг Стоун напишал дека песната користи „примерок од блуз-гитара“[10] додека IGN Music забележал дека песната се состои од „статичен ритам.“[11] Според Џоди Розен од Entertainment Weekly, „Suga Mama“ содржи помеѓаност од „брутална сила и слој од синкопирање.“[8] Исто така содржи примерок од песната од Jake Wade and the Soul Searchers, „Searching for Soul“, која била напишана од Чак Мидлтон.[12]

Според текстот, песната содржи женски протагонист која ги нуди клучевите од својата куќа и кола како и нејзиниот кредит само за да го задржи својот љубовник за тој да може да ја слупа нејзината колекција од стари соул снимки.[13][14] Овие интерпретации се покажани во деловите: „Тој е добар до тој степен што јас ќе сторам сешто само за да биде во мојот дом [...] Кажи ми што сакаш да купам, мојот дметководител чека на телефонот [...]“.[4] Жената исто така го гледа мажот како сексуален објек, прашувајќи го дали сака да седне на нејзиниот скут и да „го вадиш додека те гледам како настапуваш“.[15][16] USA Today ја дисоцирале песната од друга песна на Destiny's Child (бенд во кој Ноулс била член) од 1999 наречена „Bills, Bills, Bills“, пишувајќи, „Од потребата некој да ѝ ги плати нејзините сметки, [Ноулс] сега ја дели готовината како жесна која бара задоволство 'Suga Mama'.“[14] Дејв де Силви од Sputnikmusic рекол дека Ноулс пее: „Јас можам да бидам како една весела ранчерка која ќе ја добиете од аголот на продавницата“ со истото чувство на зло како Кристина Агилера на 'Candyman' (2007).“[17] Од друга страна, Гејл Мичел од Билборд забележал дека лирскиот аранжман на песната е сличен со работата на Тина Тарнер.[6] Ремиксот од песната е во соработка со американскиот хип-хоп артист Consequence.[18]

Критички прием

уреди

Chicago Sun-Times напишал дека „Suga Mama“ бил „најдобриот момент“ на B'Day, што имало негативен прием и дека „го должи поголемиот дел од својата привлечност на Jake Wade and the Soul Searchers“.[19] The Washington Post рекол дека Рич Харисон „испорачува повторно со 'Suga Mama', со што го претворил ритамот на примерокот од Soul Searchers во тврдост. Бијонсе звучи како дома на ова [...] И додека не го затемнува 'Crazy in Love', сè уште е најдобриот момент на B'Day.“[20] Бернард Зуел од The Sydney Morning Herald ја цитирал песната како пример за еден од „добрите моменти“ на B'Day која „била следена од ѓубре [...] фанкот од 'Suga Mama' е чекор понапред од механичката 'Upgrade U' a потоа прегазен од досадната 'Ring the Alarm'“.[21] Дејв де Силви од Sputnikmusic рекол дека Ноулс во песната е „слатка и невина“ како 1960-тите соул ѕвезди.[17] Бил Лемб од About.com ја одбрал „Freakum Dress“ како една од најдобрите четири песни во целиот албум, пишувајќи дека Ноулс знае како да се грижи за својот маж во песната.[22] Еб Хајнес од AllHipHop сметал дека песната е на добар пат да биде олицетворение на „жена која носи и купува алишта од $500.“[23] Анди Келман од Allmusic ја опишал „Suga Mama“ како „спектакуларно слоевита“ песна.[24] Џоди Розен од Entertainment Weekly, рекла дека песни како „Suga Mama“ ја покажуваат виртуозноста на Ноулс и продолжила: „Никој — ни Р. Кели, ни Ашер не можат да кажат нипт за нејзините противнички поп диви — може да одговара само Бијонсе за влечење на нејзиниот вокал во линии [...]“.[8] Спротивно од тоа, IGN Music ги критикувале вокалите на Ноулс во песната, пишувајќи дека таа „доаѓа како ниска песна со премногу старание, со што дави од фанки жлебовите драматичен мецосопран. Ако таа имаше алт, тоа повеќе би им одговарала на битовите кои само ѝ беа послужени.“[11]

Музичко видео

уреди
 
Ноулс јава на механички бик во музичкото видео

Музичкото видео за „Suga Mama“ било издадено до британските музички канали во април 2007.[25] Направено е во црно-бела техника и е ко-режирано од Мелина Муцикас и Ноулс за B'Day Anthology Video Album, кој бил издаден истиот месец;[26] било еден од осумте видеа снимени во две недели за албумот.[27] Зпочнува со Ноулс која седи на столица, носи машка облека и пуши цигара. Таа станува и почнува да игра на шипка. Остатокот од видеото го покажува танцувањето на Ноулс на врв од коцка шеќер, поддржана од позадински танчери, чии лица се делумно прикриени, лежејќи во круг со светло и јаваќи механички бик. Ноулс рекла дека сакала „полека да станам жена“ за време на видеото, додавајќи „Добро, посекси жена – јас секогаш сум жена.“[26]

Ноулс пробувала да танцува користејќи две шипки, што се случило кога било одлучено да се додаде уште една шипка над главата за да се формира лак. Иако Ноулс е од Тексас, таа никогаш преходно не била качена на механички бик. За време на почетокот на снимањето на видеото немало проблеми, но мажот кој го оперирал бикот сакал снимањето да оди побрзо, што предизвикувало Ноулс да паѓа кога пробувала да изведува трикови како подигање на ногата, наведнување и вртење. За да го намали времето кое Ноулс го поминала на бикот, режисерот ја снимил снимката во дванаесет кадри во секунда и Ноулс испеала двапати побрзо. На крајот завршиле во 4:00 часот.[26]

Нстапи во живо

уреди

Иако Ноулс не ја извеа песната на ниедно телевизиско појавување, таа била дел од сет-листата за време на The Beyoncé Experience во Лос Анџелес и I Am... Турнејата за време на различни допирања како Одисеј Арената во Северна Ирска, O2 Арената во Лондон, Атина во Грција и Сиднеј во Австралија.[28][29] Во Лос Анџелес, Ноулс извела дел од песната, облечена во златно. Настапот бил без инструментација во живо и позадински танчери, но имало позадински пејачи кон крајот.[30] Кога Ноулс ја изведувала песната во Санрајс, Флорида на 29 јуни 2009, таа носела златно трико. Додека пеела зад неа се појавувале различни анимации и друга екипа од танчери и музичари.[31] Ноулс била придружена од двајца тапанари, двајца клавијатуристи, еден тапанар, дувачка секција, три позадински вокали наречени Mamas и водечки гитарист, Биби Мекгил.[32] „Suga Mama“ била вклучена на нејзиниот албум во живо The Beyoncé Experience Live (2007).[33] The Tennessean напишале дека песната била „дури посекси и ос самото снимање“.[34]

Наводи

уреди
  1. „It's A Celebration“. Билборд. 4 септември 2006. Архивирано од изворникот на 2012-11-09. Посетено на 11 септември 2008.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. 2,0 2,1 Friedman, Roger (August 17, 2006). „First Look: Beyonce's New Album 'B'Day'. FOX. Посетено на September 11, 2008.
  3. „Beyoncé Digital Sheet Music: Suga Mama“. Musicnotes. Hal Leonard Corporation. Посетено на September 11, 2008.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Beyonce Album Preview: Harder Sound, Aggressive Songs Among B'Day's Gifts“. MTV News. MTV Networks. August 30, 2006. Посетено на September 11, 2008.
  5. 5,0 5,1 Joseph, Mike. „Beyoncé“. PopMatters. Посетено на August 31, 2008.[мртва врска]
  6. 6,0 6,1 Gail Mitchell (September 5, 2006). „Beyonce - B'Day“. Billboard. Prometheus Global Media. стр. 69. Посетено на January 21, 2011.
  7. Mayers, Norman (September 5, 2006). „Beyonce“. Prefix Magazine. Архивирано од изворникот на 2011-05-16. Посетено на January 9, 2011.
  8. 8,0 8,1 8,2 Rosen, Jody (September 1, 2006). „Music Review: B'Day (2006) – Beyoncé Knowles“. Entertainment Weekly. Time Inc. Посетено на January 21, 2011.
  9. Gill, Jaime (September 7, 2006). „Yahoo! Music Album Review: Beyonce - B'day“. Yahoo! Music. ]]Yahoo!]]. Посетено на January 9, 2011.
  10. Brian Hiatt (September 20, 2006). „Beyonce - B'Day“. Rolling Stone. Jann Wenner. Архивирано од изворникот 2007-12-23. Посетено на January 9, 2011.
  11. 11,0 11,1 D., Spence (September 5, 2006). „Beyonce - B'Day“. IGn. News Corporation. Архивирано од изворникот на 2011-07-13. Посетено на January 9, 2011.
  12. „Music Review: B'Day“. Stylus (magazine). Fine Life Media. Архивирано од изворникот на 2011-06-04. Посетено на January 21, 2011.
  13. Rodman, Sarah (September 4, 2006). „Beyonce shows rage and range on new release“. The Boston Globe. The New York Times Company. Посетено на January 9, 2011.
  14. 14,0 14,1 USA Today staff and correspondents (September 4, 2006). „Beyonce sets a torrid pace on new CD“. USA Today. Gannett Company. Архивирано од изворникот на 2008-06-01. Посетено на January 12, 2011.
  15. Springer, Sarah (October 6, 2006). „Beyonce's Back with her Second Solo Album“. Black Voices. Архивирано од изворникот на 2008-03-13. Посетено на September 11, 2008.
  16. Caroline Sullivan (September 1, 2006). „Review: Beyonce - B'day“. The Guardian. Guardian Media Group. Посетено на January 9, 2011.
  17. 17,0 17,1 Dave de Sylvia (September 17, 2006). „Beyonce - B'Day“. Sputnikmusic. Посетено на January 15, 2011.
  18. Concepcion, Mariel (July 16, 2007). „Consequence Snags DMC For Video, Preps New CD“. Billboard. Архивирано од изворникот на 2012-11-09. Посетено на September 11, 2008.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. DeRogatis, Jim (September 3, 2006). „Spins - Beyonce, "B'day" (Sony)“. Chicago Sun-Times. John Barron. Архивирано од изворникот 2007-10-23. Посетено на September 11, 2008.
  20. Richards, Chris (September 6, 2006). „Beyonce's 'B'Day' Is Nothing to Celebrate“. The Washington Post. Посетено на January 20, 2011.
  21. Zuel, Bernard (September 8, 2006). „B'Day“. The Sydney Morning Herald. Fairfax Media. Посетено на September 11, 2008.
  22. Bill Lamb. „Review: Beyonce - B'day“. About.com. The New York Times Company. Посетено на January 9, 2011.
  23. Haynes, Eb (September 20, 2006). „B'Day“. AllHipHop. Архивирано од изворникот на 2008-12-09. Посетено на January 8, 2011.
  24. Kellman, Andy. „B'Day“. Allmusic. Rovi Corporation. Посетено на January 9, 2011.
  25. „Suga Mama“. RCA Records. April 24, 2007. Архивирано од изворникот на 2007-10-12. Посетено на September 11, 2008.
  26. 26,0 26,1 26,2 Vineyard, Jennifer. „Behind the B'Day Videos“. MTV News. MTV Networks. Посетено на August 31, 2008.
  27. мај beyonce-video-album_N.htm „Beyonce releases 'B'Day' video album“ Проверете ја вредноста |url= (help). USA Today. April 5, 2007. Посетено на September 11, 2008.[мртва врска]
  28. „Beyoncé - Suga Mama“. Nuts (magazine) (United Kingdom). IPC Media. Архивирано од изворникот на 2011-07-24. Посетено на January 9, 2011. Не се допушта закосување или задебелување во: |work= (help)
  29. „Beyoncé - Diva (live from the "I Am..." World Tour DVD)“. Perez TV. November 15, 2010. Архивирано од изворникот на 2010-11-16. Посетено на January 9, 2011.
  30. Beyoncé Knowles. (2007). The Beyoncé Experience Live. Columbia Records. 
  31. Parke Puterbaugh (June 29, 2009). „Review: Beyonce is ... Fierce talent“. New Records. Архивирано од изворникот на 2012-03-08. Посетено на January 10, 2011.
  32. Ben Ratliff (June 22, 2009). „Flash, Concepts and, Yes, Songs“. The New York Times. Arthur Ochs Sulzberger, Jr. Посетено на January 10, 2011.
  33. „The Beyoncé Experience (Live) [Audio Version]“. Itunes Belgium (холандски). Apple Inc. November 19, 2007. Посетено на January 9, 2011. Не се допушта закосување или задебелување во: |work= (help)
  34. Friskics-Warren, Bill (July 19, 2007). „Review: Beyoncé and her all-female band inspire, uplift“. The Tennessean. Архивирано од изворникот на 2007-12-11. Посетено на August 31, 2008.

Надворешни врски

уреди