Freakum Dress“ е песна снимена од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс за нејзиниот втор студиски албум, B'Day (2006). Била компонирана од Ноулс, Рич Харисон и Макеба Ридик. „Freakum Dress“ е слична со песните кои Destiny's Child ги снимале во 1990-тите години. Песната произлегува од жанровите Р&Б, фанк, хип-хоп како и денс-поп и користи ограничени елементи од го-го музиката од 1980-тите. Во песната, Ноулс советува жена која има партнери со криви очи да стават примамливи фустани и да ги искористат мажите во клубовите, за да го повратат своите чувства.[1]

„Freakum Dress“
Песна од Бијонсе
од албумот B'Day
Снимена2006
ЖанрР&Б, хип-поп, денс-поп
Должина3:20
МаркаColumbia
ПеснописецБијонсе Ноулс, Рич Харисон, Макеба Ридик
Продуцент(и)Рич Харисон

„Freakum Dress“ била генерално добро прифатена од музичките критичари кои ги пофалиле вокалите на Ноулс како и самодовербата со која е прикажан текстот. Многу од нив исто така забележале дека ритамот на песната добро ги обединува вокалните аранжмани и инструментите. Музичкото видео за песната режирано од Реј Кеј, со помош на Ноулс е вклучено во B'Day Anthology Video Album (2007). Ја прикажува Ноулс која танцува со жени сп различни години, раси и големини. Триесет метални фустани била дизајнирани од Тина Ноулс и биле вклучени во продукцијата. Ноулс објаснила дека единствената причина за снимањето на видеото за песната било за да се прикаже како изгледа еден 'фрикум фустам'.[2]

Снимање и концепција

уреди
  Некогаш жената чувствува дека треба да го потсети нејзиниот маж зошто е вљубен во неа и зошто ја милувал. Сите жени го имаат фрикум фустанот позади гардероберот и тие може само да го стават и ќе ги потсетат.“
—Бијонсе Ноулс за изработката на темата за „Freakum Dress“.[3]

„Freakum Dress“ бил снимен во Sony Music Studios, во Њујорк Сити, каде Ноулс го вовела Харис да ѝ помогне со продукцијата на албумот B'Day (2006). Таа и Харисон претходно соработувале на нејзиниот сингл од 2003, „Crazy in Love“.[4] Таа направила план за на Харисон, Шон Гарет и Родни Џеркинс да им бидат дадени поединечни соби соби во студиото. Ноулс ја смирила „позитивна композиција“ помеѓу продуцентите така што одела во нивните соби и ја фалела „добрата музика“ која тие ја правеле.[5] Роџер Фридман од Fox News Channel рекол дека „Freakum Dress“ и „Suga Mama“ (2006), придонесите на Харисон за B'Day „паѓаат пред оригиналните мимики на тапанарот на Chi Lites [sic] кој ја направил секцијата [за 'Crazy in Love']“, додавајќи, „Харисон е како Индијана Џоунс во душата; константно ги ваќа заборавените нешта од минатото за примероци [...] Не можете да му помогнете, туку само можете да помислите: Му благодарам на Господ што некој ја напишал таа музика во минатото која сега може да биде обновена.“[4] Харисон ја напишал „Freakum dress за да демонстира колку кројачот може да помогне во врската“,[6] а Ноулс и Макеба Ридик исто така надополнуваат.[7] Во интервју со USA Today, Ноулс зборувала за содржината на „Freakum Dress“, изјавувајќи дека облеката која потсетува некој пар за нивните најдобрите моменти е неопходен во гардероберот на жената.[6]

Во јуни, 2006, Ноулс ја поканила Тамара Кониф од Билборд во студиото во Њујорк.[8] Таму прикажала некои песни од албумор вклучуваќи ги и „Ring the Alarm“ (2006) и „Freakum Dress“, од кои двете биле избор за наредниот сингл иако на крај тоа станал само „Ring the Alarm“.[8] Ноулс ѝ кажала на Кониф дека „Freakum Dress“ била една од нејзините најомилени песни.[8]

Музика и тема

уреди

Според листот со музика објавен на Musicnotes.com од Hal Leonard Corporation, „Freakum Dress“ е умерена Р&Б песна поставена во вообичаено време и напишана во скалата Еф-дур.[9] Стиховите се движат од акордите на F♯ и C.[9] Песната исто така црпи инспирација од хип-хопот,[10] фанкот,[11] и денс-попот.[12] Според Фил Харисон од Timeout, „Freakum Dress“ се состои од „долго крешендо, и дво-нотен риф“, придружен од неколку жанрови на музика, кои ги квалификувал како „мулти-песни“.[13] Мајк Џозеф од PopMatters забележал дека песната покажува влијанија од фанкот од 1970-тите и ограничени елементи од го-го од 1980-тите.[14] Спенс Ди одз IGN Music забележал дека песната содржи чести свирежи како и „скршувачки доминатни ритми“ и бит кој вклучува моќни, гласни линии во кои Ноулс бара внимание од нејзиниот маж,[15] и повикува друга жена да облече убав фустан за да го зачини својот сексуален живот.[6] Таа ги користи нејзините текстови на наметлив начин со меѓње на хај-хет и пулсови од клавијатура.[15] „Freakum Dress“ се отвора со зборувачка интродукција.[9]

Според Џозеф, „Freakum Dress“ е тематски слична со „Bills, Bills, Bills“ (1999) и „Say My Name“ (2000), од ерата на Destiny's Child.[14] Џон Парелес од The New York Times видел дека во песната некоја личност нема убав гардеробер за да примами маж, но исто така служи и како „средство за самозалагање.“[16] ВО песната, женскиот протагонист го вади својот најдобар фустан за да ја потсети нејзината зачудена пријателка што нејзиниот маж остава дома.[14] Џоди Розен од Entertainment Weekly дополнила дека песната исто така дава професионален совет до некоја жена како таа да го задржи вниманието на мажот во долгогодишна врска. Таа пее: „Беше заклучена во куќата многу долго / Време е да го земеш, бидејќи уште еднаш тој избира погрешен пат [...] Носи многу несовесни алишта...“.[17][18] Мајк Џозеф коментирал дека во песната, Ноулс попрво е способна да носи што било само за да го задржи својо маж блиску до неа отколку тој да ја остави.[14] Сара Родман од The Boston Globe дополнила дека откако го одбрала најубавиот фустан, Ноулс ги гледа другите мажи во ноќните клубови за да го направи својот сопствен маж љубоморен, со надеж дека тој ќе го сврти неговото внимание кон неа но и се осигурува дека тој плаќа за своите грешки.[1][19]

Прием

уреди
 
Бијонсе Ноулс во 2007.

Фил Харисон од Timeout ја нарекол „Freakum Dress“ совршена продукција благодарение на нејзиниот вокален аранжман и коментирал дека нејзиниот ритам може „да ги направи момчињата да полудат.“[13] Брајан Хајат од магазинот Роулинг Стоун напишал дека иако „Freakum Dress“ е помалку хармонично и мелодично продуцирана од „Crazy In Love“ (2003) и песните од ерата на Destiny's Child, останува добра песна поради високо енергичниот ритам.[20] Џејм Гил од Yahoo! Music ја нарекол песната „непријатна“ и „заканувачка“[21] додека Џон Парелес од The New York Times ја нарекол „претрупана“.[22] Во друг преглед, Џон Парелес рекол дека песната ќе остане како една од највпечатливите песни на Ноулс благодарение на нејзините низи на бес кои се „совршено негувани, но непогрешливи“.[16] Бил Лемб од About.com ја одбрал песната „Freakum Dress“ како една од трите најдобри песни на целиот албум,[23] и ја нарекол моќна, емоционалнна, интензивна и енергетска песна.[24] Каролин Суливан од The Guardian ја нарекла песната „осветлена песна“ и ги потсетува девојките на значењето да имаат добар фустан во нивниот гардеробер.[25]

Мајк Џозеф од PopMatters ја пофалил целосната концепција на песната, но забележал дека текстот не „зрачи“ со многу топлина.[14] Сал Кинкемани од Slant Magazine шеговито рекол дека Ноулс го додала терминот „Freakum Dress“ на „поп лексиконот.“[26] Елиса Гарднер од USA Today рекла дека „самодовербата е видлива на песната на B'Day наречена 'Freakum Dress'“[6] додека друго интервју од другите членови од истиот магазин ги пофалиле сексуалните слики изјавувајќи: „Кога Г-ѓа Бутилишс [Ноулс] пее стискајќи го тоа желе во 'Freakum Dress', имагинацијата е подива отколку на кое било видео.“[27] Дерил Стердан, пишувајќи за канадското мрежно место Jam!, го пофалил „удирачкиот ритам и неодоливиот рефрен“ на песната.[28] Енди Келман од Allmusic ја опишал „Freakum Dress“ како „одекнувачка и марширачка“ песна.[18] Нарекувајќи ја „Freakum Dress“ една од најдобрите денс песни кои Ноулс ги испеала, Норман Мајерс од Prefix Magazine ја одбрал како една од песните кои се изделуваат од албумот.[12] Реч Рид пишувајќи за TeenToday рекол дека „Freakum Dress“ е „брза, бесна, френетична и фантастична.“[29] „Freakum Dress“ се искачила на дваесет и петтото место на Bubbling Under Hot 100 Singles табелата во САД на 9 септември, 2007.[30]

Музичко видео

уреди

Концепција

уреди
 
Ноулс танцува во музичкото видео за „Freakum Dress“, кој прикажува жени во различни големини и години и огледала со неон во позадина.

Музичкото видео било ко-режирано од Реј Кеј и Ноулс за B'Day Anthology Video Album, кој бил издаден истиот месец:[2] било едно од осумте видеа снимени за две недели и потоа вклучени во албумот.[31] Кореографијата била направена од Даниел Поланко и Жонте Моанинг, кои користеле ретро уреди од 1980-тите.[32] Ноулс го објаснила концептот на видеото на MTV: „Тоа е најверојатно најнадменото видео и металните фустани се многу убави, даваа многу боја. Моравда направам видео за песната. Сите сакаа да знаат што е тоа 'фрикум фустан' и не можете да го објасните, мора да го видите. Сите имаа свои верзии, па зедовме жени — од различни раси, со различни големини, фигури, години — бидејќи сите тие фустани ги извадивме кога требаше да завршиме.“[2] После две неделно снимање, Ноулс решила да ѝ се јави на нејзината мајка Тина. Подоцна биле дизајнирани триесет фустани за видеото од кои осум биле за нејзините ќерки.[2] Поради ограниченото време, неколку биле зашиени за десет минути, така што се земал материјал, се правел отвор во него, се драпирал и се ставал појас на него.[2] Очилата кои Ноулс ги носи во видеото биле позајмени од нејзината козметичарка, Франческа Толот.[2] Видеото било завршено по осумнаесет часа снимање и покрај другите во него глуми и Ебони Хејт од емисијата Следниот Американски Модел, Прв Круг. За време на видеото, Ноулс ја поправа косата во неонско огледало и е опкружена со неонски врати и подиуми.[2] Премиерно било покажано на емисијата на BET наречена 106 & Park и на Американскиот Музички Канал, покрај другите пред издавањето на албумот со видеата.[2][33]

Синопсис

уреди

Видеото започнува со Ноулс која танцува пред некој предмет пред да го стави руменилото и карминот заедно со двајца други мажи во соба полна со неонски огледала. Мажите потоа ваѓаат фустан кон неа кога почнува рефренот, таа оди до други жени и танцува на неонски кутии пред да почне танцувачка рутина со девојките. Кога рефренот завршува таа е опкружена од неколку мажи во темна соба и танцува пред ѕидови во вид на бар-кодови. Видеото потоа ја прикажува Ноулс како се движи по модна писта. Кога почнува завршниот дел на песната, таа почнува да правидруга танцувачка рутина, додека константно ги менува фустаните. Видеото прикажува сцена во која Ноулс и нејзините танчери глумат дека се папараци, заокружувајќи ја со микрофони. Пред крајот Ноулс ја мести својата коса пред огледало.

Настапи во живо

уреди

Иако Ноулс не ја извела „Freakum Dress“ на ниедно телевизиско појавување, песната била дел од нејзината сет-листа за време на The Beyoncé Experience во Лос Анџелес и на I Am... Турнејата за време на концертите во Одисеј Арената во Северна Ирска, O2 Арената во Лондон, Атина во Грција и Сиднеј во Австралија.[34] На 5 август, 2007, Ноулс ја извела песната во Медисон Сквер Гарден во Менхетен, каде дитектно започнала со песната: „Допрете, сè уште не сум спремна— чекајте, оставете ме да ја наместам мојата коса...“.[16] Џон Парелес од The New York Times го пофалил настапот: „На Бијонсе не ѝ треба одвлекување од нејзиното пеење, кое може да биде кое може да биде воздушесто или металично, насолзено или опасно, скорострелно со продолжени слогови. Но, таа беше во постојано движење, во костими [...].“[16] Кога Ноулс ја изведувала песната во Санрајс, Флорида на 29 јуни, 2009, носела трико од сјајно злато. Додека пеела зад неа и нејзиниот бенд се појавувале слики од маси кои се превртуваат.[35] Ноулс била придружена од нејзините два тапанари, перкусионист, дувачка секција, 3 резервни вокалисти наречени the Mamas и водечки гитарист, Биби Мекгил.[6] „Freakum Dress“ била вклучена како третата песна на нејзиниот албум во живо The Beyoncé Experience Live (2007),[36] и како четврта песна на делукс изданието на другиот албум во живо, I Am... World Tour (2010).[37]

Кредити и личности

уреди

Кредитите се земени од B'Day.[7]

  • Вокали: Бијонсе Ноулс
  • Пишување: Бијонсе Ноулс, Рич Харисон, Макеба, Ангела Бејинсе
  • Продукција: Рич Харисон, Бијонсе Ноулс
  • Recording: Jim Caruana
    • Асистирано од: Роб Кинелски и Џејми Розенберг
  • Миксинг: Џејсон Голдстејн и Рич Харисон
    • Асистирано од: Стив Тол

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Rodman, Sarah (September 4, 2006). „Beyonce shows rage and range on new release“. The Boston Globe. The New York Times Company. Посетено на January 9, 2011.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Vineyard, Jennifer. „Behind the B'Day Videos“. MTV News. MTV Networks. стр. 3. Посетено на January 9, 2011.
  3. „Dress To Impress“. Daily Record (Scotland). Trinity Mirror. August 22, 2006. Посетено на January 9, 2011.
  4. 4,0 4,1 Friedman, Roger (August 17, 2006). „First Look: Beyonce's New Album 'B'Day'. Fox News Channel. Fox Entertainment Group. Посетено на January 9, 2011.
  5. „It's A Celebration“. Billboard. Prometheus Global Media. September 4, 2006. Архивирано од изворникот на 2012-11-09. Посетено на January 9, 2011.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Elysa Gardner (August 31, 2006). „Beyoncé, raising her voice“. USA Today. Gannett Company. Посетено на January 10, 2011.
  7. 7,0 7,1 (2007) Album notes for B'Day deluxe edition. Sony Music BMG Entertainment.
  8. 8,0 8,1 8,2 Tamara Coniff (June 19, 2006). „Beyonce's little secret“. Billboard. Prometheus Global Media. 118 (25): 69. ISSN 0006-2510. Посетено на January 20, 2011.
  9. 9,0 9,1 9,2 „Freakum Dress digital sheet music (Digital Download)“. MusicNotes.com Hal Leonard Corporation.
  10. DeRogatis, Jim (September 3, 2006). „Spins - Beyonce, "B'day" (Sony)“. Chicago Sun-Times. John Barron. Архивирано од изворникот 2007-10-23. Посетено на January 9, 2011.
  11. Haynes, Eb (September 20, 2006). „B'Day“. AllHipHop. Архивирано од изворникот на 2008-12-09. Посетено на January 9, 2011.
  12. 12,0 12,1 Mayers, Norman (September 5, 2006). „Beyonce“. Prefix Magazine. Архивирано од изворникот на 2011-05-16. Посетено на January 9, 2011.
  13. 13,0 13,1 Harrison, Phil (August 25, 2006). „Beyoncé: B'Day“. Timeout. Архивирано од изворникот 2008-02-12. Посетено на January 9, 2011.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 Joseph, Mike (September 11, 2006). „Beyoncé - B'Day“. PopMatters. Посетено на January 9, 2011.
  15. 15,0 15,1 D., Spence (September 5, 2006). „Beyonce - B'Day“. IGN. News Corporation. Архивирано од изворникот на 2011-07-13. Посетено на January 9, 2011.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 Jon Pareles (August 6, 2007). „Romance as a Struggle That She Will Win“. The New York Times. Arthur Ochs Sulzberger, Jr. Посетено на January 11, 2011.
  17. Rosen, Jody (September 1, 2006). „Music Review: B'Day (2006) – Beyoncé Knowles“. Entertainment Weekly. Time Inc. Посетено на January 9, 2011.
  18. 18,0 18,1 Kellman, Andy. „B'Day“. Allmusic. Rovi Corporation. Посетено на January 9, 2011.
  19. Frere-jones, Sarah (September 25, 2006). „Crazy from Love“. The New Yorker. Condé Nast Publications. Посетено на January 31, 2011.
  20. Brian Hiatt (September 20, 2006). „Beyonce - B'Day“. Rolling Stone. Jann Wenner. Архивирано од изворникот 2007-12-23. Посетено на January 9, 2011.
  21. Gill, Jaime (September 7, 2006). „Yahoo! Music Album Review: Beyonce - B'day“. Yahoo! Music. Yahoo!. Посетено на January 9, 2011.
  22. Jon Pareles (September 4, 2006). „All That Success Is Hard on a Girl (or Sounds That Way)“. The New York Times. Arthur Ochs Sulzberger, Jr. Посетено на January 9, 2011.
  23. Bill Lamb. „Review: Beyonce - B'day“. About.com. The New York Times Company. Посетено на January 9, 2011.
  24. Bill Lamb. „Review: Top 10 Pop Albums of 2006“. About.com. The New York Times Company. Посетено на January 9, 2011.
  25. Caroline Sullivan (September 1, 2006). „Review: Beyonce - B'day“. The Guardian. Guardian Media Group. Посетено на January 9, 2011.
  26. Sal Cinquemani (August 29, 2006). „Beyoncé B'Day'. Slant Magazine. Посетено на January 9, 2011.
  27. USA Today staff and correspondents (September 4, 2006). „Beyonce sets a torrid pace on new CD“. USA Today. Gannett Company. Архивирано од изворникот на 2008-06-01. Посетено на January 12, 2011.
  28. Sterdan, Darryl. „Review Album: Beyoncé - B'Day“. Jam!. Sun Media. Посетено на January 11, 2011.
  29. Read, Rach. „Beyoncé – B'Day album review“. TeenToday (United Kingdom). Посетено на January 29, 2011.
  30. „Chart Search“. Billboard. Nielsen Business Media. Посетено на June 7, 2011. Note: Billboard.biz subscription is required to access the source.
  31. „Beyonce releases 'B'Day' video album“. USA Today. Gannett Company. April 25, 2007. Посетено на January 9, 2011.
  32. Vineyard, Jennifer (September 12, 2010). „J.Lo Enlists Help of Beyonce's Team for New Video“. Essence (magazine). MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2010-10-22. Посетено на January 10, 2011.
  33. „Freakum Dress“. American Music Channel. Hal Willis. Архивирано од изворникот на 2011-07-07. Посетено на January 11, 2011.
  34. „Beyoncé - Freakum Dress“. Nuts (magazine) (United Kingdom). IPC Media. Посетено на January 9, 2011. Не се допушта закосување или задебелување во: |work= (help)
  35. Parke Puterbaugh (June 29, 2009). „Review: Beyonce is ... Fierce talent“. New Records. Архивирано од изворникот на 2012-03-08. Посетено на January 10, 2011.
  36. „The Beyoncé Experience (Live) [Audio Version]“. Itunes Belgium (холандски). Apple Inc. November 19, 2007. Посетено на January 9, 2011.
  37. „I Am...World Tour“. Itunes Belgium (холандски). Apple Inc. November 26, 2010. Посетено на January 9, 2011.

Надворешни врски

уреди