B'Day Anthology Video Album е видео албум од американската пејачка Бијонсе Ноулс. Содржи тринаесет музички видеа од нејзиниот прв студиски албум, B'Day (2006) и неговото делукс издание (2007). Била издаден од Columbia Records преку Вал-Март продавниците на 3 април 2007 заедно со делукс албумот, но подоцна бил издаден и на другите трговски местаa. Ноулс снимила девет видеа за албумот, од кои четири кои биле претходни снимени исто така биле вклучени. B'Day Anthology Video Album добиле дупла платинска сертификација од Американска Снимачка Индустриска Асоцијација (RIAA). Надвор од Сецерна Америка, албумот содржел и бонус диск со B'Day Deluxe Edition. Видеото за „Still in Love (Kissing You)“ било предмет на тужба за кршење на авторските права и затоа само неколу изданија го содржат албумот со тоа видео.
Прво беа само „Green Light“ и „Upgrade U“. Ајде да ја додадеме и „Kitty Kat“. Може да ја ставиме и „Suga Mama“. Мора да ја направиме „Get Me Bodied“, тоа е песна за танцување. Мора да направиме нешто со „Beautiful Liar“, тоа е песна со Шакира, се разбира дека мора да има видео за неа... Ако имав уште една недела најверојатно ќе снимев уште три видеа.
Ноулс рекла дека го снимила B'Day Anthology Video Album бидејќи „отсекогаш сакала да направи видео албум“ за нејзините обожаватели да не мораат да се приклучуваат на Јутуб за да ги гледаат нејзините музички видеа, туку да ги гледаат на ДВД.[2] Ноулс знаела дека кореографијата за видеата треба да биде пред да започне снимањето. Таа исто така ја испланирала својата фризура, облека и шминка. Ноулс сакала секое видео да изгледа различно и затоа користела различни техники, моди и стилови.[2]B'Day Anthology Video Album содржи тринаесет музички видеа и снимки од зад сцените. Видеата за „Déjà Vu“, „Ring the Alarm“, „Irreplaceable“ и „Listen“ биле снимени порани поради албумот.[3] Другите девет видеа биле снимени во период од две недели.[4][5]B'Day Anthology Video Album содржи музички видеа за сите песни од стандардното издание на B'Day освен за „Resentment“.[5] Исто така содржи видеа за „Beautiful Liar“, „Flaws and All“ и „Still in Love (Kissing You)“, кои се наоѓаат само во делукс изданието. Според Вајб, тринаесетте видеа на B'Day Anthology Video Album ѝ дале на Ноулс албум со најмногу музички видеа издадени во период од дванаесет месеци.[3]
B'Day Anthology Video Album бил издаден преку Columbia Records ексклузивно преку Вал-Март на 3 април 2007, истиот ден кога бил издаден B'Day Deluxe Edition.[6] Видео албумот бил овозможен и на другите трговски места на 19 јуни 2007.[7][8] Надвор од Северна Америка, видео албумот бил втор диск на делукс изданието од B'Day, но без снимки од зад сцените.[9]Irremplazable, EP со песни на шпански јазик бил вклучен како бонус диск во САД.[10] Поради неговото издавање, копии од видеата биле искинати и испратени на интернет во MP4 форма.[11] Ноулс го промовирала албумот појавувајќи се на телевизиските емисии Today и The Early Show, додека телевизискиот канал VH1 Soul емитувал неколку од видеата.[12]B'Day Anthology Video Album се искачил на дваесет и четвртото место на табелата Топ Музички Видеа во САД на 28 април 2007,[13] и добил дупла платинеста сертификација од Американска Снимачка Индустриска Асоцијација (RIAA), продавајќи 200,000 копии.[14]
Ноулс ја преработила песната на Des'ree, „Kissing You“ за делукс изданието на B'Day и ѝ дала нов наслов „Still in Love (Kissing You)“. Таа снимила видео за песната за B'Day Anthology Video Album; сепак еден од условите утврдени од страна на издавачот на Des'ree, Royalty Network, било дека Ноулс не ја издала песната во видео форма. Royalty Network пополниле тужба за кршење на авторски права против вклучените барајќи 150,000 долари.[15] Скршените копии на B'Day Anthology Video Album биле вратени во април 2007, и во октомври 2007 тужбата била разрешена со исклучување.[16] Подоцните копии на албумот не ја содржеле „Still in Love (Kissing You)“.[17]
Забелешка: Должината на секое од овие музички видеа вкличува пет-секунден вовед, освен „Green Light“, кој е продолжение на „Kitty Kat“ и нема вовед. Кредитите и сцените зад сцената исто така немаат вовед.
↑„Top Music Videos“. Billboard. Nielsen Business Media. April 28, 2007. Note: Billboard.biz subscription is required. Search for Top Music Videos April 28, 2007.