Пештерски лав
Пештерски лав (латински: Panthera spelaea), познат уште како степски лав, е изумрен вид од семејството на мачки, кој е познат преку фосилните остатоци и праисториските цртежи на ѕидовите на пештерите создадени во текот на средниот Плеистоцен и раниот Холоцен. Најстари фосили се откриени во Јакутија и стари се најмалку 62.400 години, а изумрел пред околу 13.000 години.[1]
Пештерски лав | |
---|---|
Скелет на степскиот лав во Природно-историскиот музеј во Виена. | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Panthera |
Вид: | Пештерски лав |
Научен назив | |
Panthera spelaea ГОлдфус, 1810 | |
Со црвено е означена максималната распространетост на Panthera spelaea, со сина на Panthera atrox и со зелена на Panthera leo. | |
Синоними | |
Panthera leo spelaea M. Boule & L. De Villeneuve, 1927; Panthera leo vereshchagini Baryshnikov & Boeskorov, 2001 |
Филогенетска анализа на фосилизираните коски од пештерскиотлав покажала дека тој значително генетски се разликува од современиот лав (Panthera leo), видот којшто ја населува Африка и Азија.[2]
Опис на физичкиот изглед
уредиПештерски лав е еден од најголемите познати видови на лавови. Кај скелетот на возрасен мажјак, пронајдено во близина на градот Зигсдорф во Германија во 1985 година, измерено е дека бил висок во рамената околу 1,2 метри и долг 2,1 m (не сметајќи ја опашката). Овој скелет е спореден и со другите фосили на примероци од овој вид, што на крај довело до заклучок дека овој вид е за 8 до 10% поголем од денешнитех подвидови на лавови, но затоа е помал од европскиот пештерски лав (Panthera leo fossilis) и американскиот лав (Panthera atrox).[3] Пештерските лавови познати ни се и преку пештерските цртежи, глинените фигурички и резбаријата во слонови коски. Овие претстави ни покажуваат дека пештерските лавови имале заоблени, издадени уши, бушави опашки, евентуално бледи линии на грбот кои наликуваат на оние кај тигарот, а некои примероци имале наборен околувратник или примитивна грива околу вратот, што ни зборува дека се работело за мажјаци од овој вид (што укажува дека кај овој вид, како и кај денешните лавови, постоел полн диморфизам).
Класификација
уредиСпоред некои извори пештерскиот лав (Panthera spelaea) е класифициран како подвид на лавот и имал научно име Panthera leo spelaea.[2][4][5][6] Меѓутоа, според резултатите од морфолошките студии се разликува од него во кранијалната и денталната анатомија, од што произилегува дека пештерскиот лав (Panthera spelaea) оправдано има статус на вид.[7][8] Резултатите од филогенетските студии исто така одат во прилог на овој заклучок.[9][10][11]
Еден автор сметал дека пештерскиот лав е посроден со тигарот отколку со лавот, врз основа на споредување на формите на черепите, и го предложил научното име Panthera tigris spelaea.[12]
Еволуција
уредиPanthera spelaea еволуирал од P. l. fossilis, кој првпат во Евроазија се појавил пред околу 700.000 години.[2] За фосилите на P. spelaea откриени во Полска утврдено е дека се стари помеѓу 109.000 и 57.000 години.[13] Во Евроазија пештерскиот лав изумрел пред 14.900-14.100 години, а во Берингија пред 13.800-13.300 години.[1]
Со анализа на митохондриската ДНК (примероци се земени од фосилизованите коски) утврдено е дека американскиот лав (P. atrox) и пештерскиот лав (P. spelaea) се сестрински таксони, и дека американскиот лав настанал од една група на пештерски лавови (P. spelaea) која останала изолирана на северноамериканскиот континент пред 340.000 години.[10]
Филогенија
уредиПодолу прикажаниот кладограм ја претставува филогенетската врска на видот пештерски лав со останатите претставници од родот Panthera.[11]
Pantherinae |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Однесување
уредиОвие активни месождери се хранеле со големи билкојадци од нивното време, што вклучува: елени (црвен елен, ирвас, лос, срна, и изумрениот ирски елен (или Мегалоцерос како инаку го нарекуваат овој вид)), европски бизони, турови, диви коњи и волнести носорози. Исто така се хранел и со повредени, стари или млади волнести мамути[14]. Својот плен го убивале со силен загриз и со оштрите заби во пределот на вратот[15]. На некои пештерски цртежи пештерските лавови се прикажувани како ловат во чопор, што ни зборува дека овие лавови ловеле на сличен начин како денешните видови каде во лов воглавно оделе женките. Примерокот за анализа на изотопите во колагенот изваден од коските на пештерскиот лав нам ни зборува дека ирвасите и младенчињата на пештерската мечка биле чести во исхраната на популацијата на пештерските лавови од северозападот на Европа[16][17]. Голема промена во исхраната на пештерските лавови се случила по исчезнувањето на пештерските хиени од околината[17]. Се чини дека брз пораст на ловот на ирваси до самата точка на изумирање, од страна на пештерските лавови предизвикал изчезнување на овој подвид на лавови од подрачјата кои ги населувал[17].
Распространетост и живеалиште
уредиПештерскиот лав живеел од средниот Плеистоцен до раниот Холоцен и го населувал подрачјето на Европа (од Велика Британија, Германија и Шпанија[18] па до Источна Европа и Балканот), Азија (Русија и Туркестан)[19] и на северозападот на Северна Америка (Алјаска и Јукон).
Пештерскиот лав го добил своето име по тоа што остатоците од овој подвид се најдени во големи количества во пештерите[14]. Главно живеел во рамници и шуми[20], каде живееле средно големите тревопасни животни . Фосилните отпечатоци од овие лавови, кои можат да се најдат заедно со отпечатоци на ирваси, ни укажуваат дека овие лавови ги населувале и подрачјата со субполарна клима. Присуство на скелети на возрасни примероци од овие лавови во дувла кои некогаш ги користеле пештерските мечки ни укажува на тоа дека пештерските лавови понекогаш ловеле и убивале пештерски мечки додека биле во фаза на зимска хибернација. Еден број од овие скелети ни укажуваат дека некои примероци страдале во обид да совладаат мечка[21].
Фосили
уреди-
цел скелет на пештерски лав изложен во Виена
-
скелет на пештерски лав изложен во загребската зоолошка градина
-
цел череп од пештерски лав изложен во природнонаучниот музеј во Тулуза
-
цел череп од пештерски лав од Франција
-
череп од пештерски лав ископан во близина на местото Крејфорд во (Бексли)
-
коски од пештерски лав пронајдени во јамата Вртара Мала во Драмаљ, изложена во хрватскиот природнонаучен музеј
-
илустрација на скелет на пештерски лав од 1896 година
-
череп на пештерски лав изложен во природнонаучниот музеј во Штутгарт
-
цел череп на пештерски лав изложен во природнонаучниот музеј во Брно
-
коски на пештерски лав изложен во природнонаучниот музеј во Фиренца
-
цел череп на пештерски лав изложен во природнонаучниот музеј во Верона
-
скелет на пештерски лав изложен во наоѓалиштето каде што е пронајден со коски на други животни
Пештерски цртежи и фигурички од пештерски лав
уреди-
реплика од цртеж на женка на пештерски лав од ѕидот на пештерата Чаувет во Франција, изложена во музејот во Брно
-
илустрација одцртеж на пештерски лавови од ѕидот Мачкина комора во пештерата Ласко во Франција
-
илустрација од цртеж на пештерски лав, волнест мамут, див коњ и пештерска мечка од ѕидот на пештерата Лес Кобарелес во близина на градотДордоња во Франција
-
реплика од цртеж на пештерски лав изложена во Природнонаучниот музеј во Њујорк
-
фигуричка на човек со глава на пештерски лав од Германија, изработена пред 44.000 години
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Stuart, A. J., Lister, A. M (2011). „Extinction chronology of the cave lion Panthera spelaea“. Quaternary Science Reviews. 30 (17): 2329–2340. doi:10.1016/j.quascirev.2010 април 023 Проверете ја вредноста
|doi=
(help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ 2,0 2,1 2,2 Burger, J; Rosendahl, W; Loreille, O; Hemmer, H; Eriksson, T; Götherström, A; Hiller, J; Collins, M. J; Wess, T; Alt, K. W (2004). „Molecular phylogeny of the extinct cave lion Panthera leo spelaea“. Molecular Phylogenetics and Evolution. 30 (3): 841–849. doi:10.1016/j.ympev.2003 јули 020 Проверете ја вредноста
|doi=
(help). PMID 15012963. Посетено на 17 декември 2011. - ↑ W. v. Koenigswald: Lebendige Eiszeit. Theiss-Verlag. Пештерски лав
- ↑ Kurtén, B., 1968. Pleistocene Mammals of Europe. Weidenfeld and Nicolson, London.
- ↑ Hemmer, H (1974). „Untersuchungen zur Stammesgeschichte der Pantherkatzen (Pantherinae) Teil 3. Zur Artgeschichte des Löwen Panthera (Panthera) leo (Linnaeus, 1758)“. Veröffentlichungen der Zoologischen Staatssammlung 17: 167–280.
- ↑ Turner, A (1984). „Dental sex dimorphism in European lions (Panthera leo L.) of the Upper Pleistocene: palaeoecological and palaeoethological implications“. Annales Zoologici Fennici. 21: 1–8.
- ↑ Spassov, N., Iliev, N (1994). Proceedings of the International Symposium VI. Animal remains from the submerged Late Eneolithic – early Bronze Age settlements in Sozopol (South Bulgarian Black Sea Coast). Thracia Pontica. стр. 287–314.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Sotnikova, M., Nikolskiy, P (2006). „Systematic position of the cave lion Panthera spelaea (Goldfuss) based on cranial and dental characters“. Quaternary International. 142-143: 218–228. doi:10.1016/j.quaint.2005 март 019 Проверете ја вредноста
|doi=
(help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ Christiansen, P (2008). „Phylogeny of the great cats (Felidae: Pantherinae), and the influence of fossil taxa and missing characters“. Cladistics. 24 (6): 977–992. doi:10.1111/j.1096-0031.2008.00226.x.
- ↑ 10,0 10,1 Barnett, R., Shapiro, B., Barnes, I. A. N., Ho, S. Y., Burger, J., Yamaguchi, N., Higham, T. F., Wheeler, H., Rosendahl, W., Sher, A. V., Sotnikova, M (2009). „Phylogeography of lions (Panthera leo ssp.) reveals three distinct taxa and a late Pleistocene reduction in genetic diversity“ (PDF). Molecular Ecology. 18 (8): 1668–1677. doi:10.1111/j.1365-294X.2009.04134.x. PMID 19302360. Архивирано од изворникот (PDF) на 21 јануари 2012.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 11,0 11,1 Barnett, R; Mendoza, M. L. Z; Soares, A. E. R; Ho, S. Y. W; Zazula, G; Yamaguchi, N; Shapiro, B; Kirillova, I. V; Larson, G; Gilbert, M. T. P (2016). „Mitogenomics of the Extinct Cave Lion, Panthera spelaea (Goldfuss, 1810), Resolve its Position within the Panthera Cats“. Open Quaternary. 2: 4. doi:10.5334/oq.24.
- ↑ Groiss, J. Th (1996). „Der Höhlentiger Panthera tigris spelaea (Goldfuss)“. Neues Jahrbuch für Geologie und Paläontologie (7): 399–414.
- ↑ Marciszak, A., and Stefaniak, K (2010). „Two forms of cave lion: Middle Pleistocene Panthera spelaea fossilis Reichenau, 1906 and Upper Pleistocene Panthera spelaea spelaea Goldfuss, 1810 from the Bisnik Cave, Poland“. Neues Jahrbuch für Geologie und Paläontologie, Abhandlungen. 258 (3): 339–351. doi:10.1127/0077-7749/2010/0117.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 14,0 14,1 Arduini, P. & Teruzzi, G. 1993. The MacDonald encyclopedia of fossils. Little, Brown and Company, London. 320pp.
- ↑ Lessem, D. 1999. Dinosaurs to dodos. An encyclopedia of extinct animals. Scholastic, New York. 122pp.
- ↑ Curry, A (21 ноември 2011). „Dissecting the Cave Lion Diet“. Science Now. American Association for the Advancement of Science. Архивирано од изворникот на 26 ноември 2011. Посетено на 24 ноември 2011.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 Bocherens H.; Drucker, D. G.; Bonjean, D.; Bridault, A.; Conard, N. J.; Cupillard, C.; Germonpré, M.; Höneisen, M.; Münzel, S. C.; Napieral, H.; Patou-Mathis, M.; Stephan, E.; Uerpmann, H.-P.; Ziegler, R (6 декември 2011). „Isotopic evidence for dietary ecology of cave lion (Panthera spelaea) in North-Western Europe: Prey choice, competition and implications for extinction“. Quaternary International. 245 (2): 249–261. Bibcode:2011QuInt.245..249B. doi:10.1016/j.quaint.2011 февруари 023 Проверете ја вредноста
|doi=
(help). Посетено на 24 ноември 2011.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ (Arduini & Teruzzi, 1993)
- ↑ 'Supersize' lions roamed Britain BBC News 1 April 2009
- ↑ Hublin, J.-J. 1984. The Hamlyn encyclopedia of prehistoric animals. Hamlyn, London. 318pp.
- ↑ „15TH INTERNATIONAL CAVE BEAR SYMPOSIUM SPIŠSKÁ NOVÁ VES, SLOVAKIA, 17th – 20th of September 2009“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 31 март 2010. Посетено на 15 јуни 2016.
Литература
уреди- Spassov, N., Iliev, N (1994). Proceedings of the International Symposium VI. Animal remains from the submerged Late Eneolithic – early Bronze Age settlements in Sozopol (South Bulgarian Black Sea Coast). Thracia Pontica. стр. 287–314.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- -{Barnett, Ross et al. 2009. Phylogeography of lions (Panthera leo ssp.) reveals three distinct taxa and a late Pleistocene reduction in genetic diversity. Mol. Ecol., 18: 1668–1677.}-
Надворешни врски
уреди- Праисторијске мачке
- Prehistoric cats and prehistoric cat-like creatures, from the Messybeast Cat Resource Archive.
- American lion, by C. R. Harrington, from Yukon Beringia Interpretative Center.
- The mammoth and the flood, volume 5, chapter 1, by Hans Krause.
- Hoyle and cavetigers Архивирано на 13 јануари 2016 г., from the Dinosaur Mailing List. (Groiss)
- The Interaction of the European Cave Lion and Primitive Humans