Ласко (пештера)

пештери во југозападна Франција, познати по живописите од старо камено време
(Пренасочено од Пештера Ласко)

Пештерата Ласко (француски: Grotte de Lascaux) се наоѓа на југозападот на Франција и позната е по свои полихромни цртежи од времето на подоцнежниот палеолит. Пештерата се наоѓа во близина на местото Монтињак во департманот Дордоња. Вкупна површина на пештерата е околу 120 м². Се смета дека цртежите во пештерата Ласко се стари 17.300 години.[1][2] На цртежите се претставени големи животни, од кои за повеќето може со анализа на фосилите да се потврди дека живееле во овој крај. Тоа се: коњи, бизони, говеда, елени и планински овци, а поретко: мечки, носорози и крупни мачки.

1979 година пештерата Ласко, заедно со други праисториски наоѓалишта во долината на реката Везер, ставена е на списокот на УНЕСКО како Светско наследство.[3] мини|200п|План на пештерата Ласко Се смета дека палеолитските луѓе во пештерите вршеле магиски ритуали. Последните години претставена е теоријата дека цртежите во пештерите Ласко претставуваат праисториски слики на созведијата.[4]

Историја на пештерата од поново откритие од 20 век

уреди

Во летото 1940 осамнаестогодишиот Марсел Равида (Предлошка:Јез-фр) го открил влезот во пештерата Ласко. Подоцна се вратил во неа со тројца пријатели. Четворицата откриле дека ѕидовите на пештерите се прекриени со слики на животни.[5][6] Пештерата е отворена за јавност во 1948 [7] До 1955 од јаглерод диоксид, кој го произведувале околу 1200 посетители на ден, видливо се оштетиле цртежите. Пештерата е затворена за јавност во 1963, цртежите се реставрирани во оригинална состојба, а пештерата е ставена под постојан надзор на стручњаци.

Реплика на двете најзначајни сали на пештерата, голема сала на бикови и галерија на слики, под името Ласко -{II}- (-{Lascaux II}-), отворена е во 1983, на 200 метри од оригиналната пештера.[6] Репродукција на останатите цртежи од пештерата Ласко се прикажани во Центарот за праисториска уметност во Ле Тот.

Од 1998 година пештерата ја заразиле габички. Причина за ова би можело да биде системот за проветрување, силно осветлувње, или преголем број на посетители.[8] 2008 година констатирано е присуство на габата Стахиботрис која стручњаците се обиделе да ја одржат на растојание од цртежите. Денес пристап до пештерата имаат само неколку стручњаци, и тоа само по неколку дена месечно. Процедури кои се користенеи за отстранување на габичките оставиле темни дамки на ѕидовите, а се оштетиле и пигментите.[9]

Археолошки откритија

уреди

Меѓу откриените предмети се наоѓаат 403 камени алатки, 28 алатки од коски, 113 фрагменти од алатки од растително потекло, 10 парчиња накит од продупчени школки, и бројни траги од боја и смола (килибар). Покрај ламби, боја и остатоци од храна, пронајдени се врвови од стрела, стругачи и сечива. Судејќи по малиот број на пронајдени алатки, во пештерите не се живеело.

Боите на цртежите во пештерите се анализирани со електронски микроскоп. Црни бои се оксиди на манган, додека жолтите, портокаловите и црвените пигменти се оксиди на железо. Сите тие се користени во чист облик, без мешање со други минерали и без топлинска обработка.[10].

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Littlewood, Ian (2005). Justin Wintle (уред.). The timeline history of France. New York: Barnes & Noble. стр. 296. ISBN 978-0-7607-7975-0.
  • Bahn, Paul G. (2007). Cave Art: A Guide to the Decorated Ice Age Caves of Europe. London: Frances Lincoln. стр. 81–85. ISBN 978-0-7112-2655-5.
  1. Capelo, Holly (July 2010). „Symbols from the Sky: Heavenly messages from the depths of prehistory May be encoded on the walls of caves throughout Europe“. Seed Magazine. Архивирано од изворникот на 2012-05-08. Посетено на January 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. merlynne6 (2009). „What the Lascaux Cave Paintings Tell Us About How Our Ancestors Understood the Stars“. Архивирано од изворникот на 2010-12-25. Посетено на January 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Prehistoric Sites and Decorated Caves of the Vézère Valley“. UNESCO World Heritage Center. Посетено на 30 декември 2012.
  4. Whitehouse, David (9 август 2000). „Ice Age star map discovered“. BBC News. Посетено на 30 декември 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. Thomas Jr., Robert McG. (31 март 1995). „Marcel Ravidat is Dead at 72; Found Lascaux Paintings“. The New York Times. Посетено на 30 декември 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. 6,0 6,1 Bahn 2007, стр. 81–85
  7. Littlewood 2005, стр. 296
  8. Lichfield, Paul (12 јули 2008). „Six months to save Lascaux“. The Independent. Посетено на 30 декември 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  9. Moore, Molly (1 јули 2008). „Debate Over Moldy Cave Art Is a Tale of Human Missteps“. The Washington Post. Посетено на 30 декември 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  10. Chalmin E., Menu M., Pomiès M.-P., Vignaud C., Aujoulat N. et Geneste J.-M. Les blasons de Lascaux / / L'Anthropologie, 2004. T. 108. R. 571-592.