Киршенбаум

(Пренасочено од ASCII-IPA)

Киршенбаум (Kirshenbaum, ASCII-IPA, erkIPA) е систем за претставување на меѓународната фонетска азбука (МФА) во кодната табела ASCII, со што се овозможува нивно внесување со обична тастатура. Првично била наменета за употреба на Usenet (групите sci.lang и alt.usage.english). Наречен е по Евaн Киршенбаум - идејниот творец на системот.

Табела на согласки и самогласки

уреди

Табелава е изработена врз основа на техничките одредби на системот.[1][2]

Согласки

уреди
Киршенбаумова табела на согласки (спарените знаци се безвучни/звучни самогласки)
Место на творба Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни Венечни странични
Двоуснени Уснено‐
забни
Забни Венечни Свиени Предно‐
непчено‐
венечни
Предно‐
непчени
Задно‐
непчени
Ресични Уснено‐
венечни
Голтни‐
чки
Начин на творба
Носни   m   M    n[   n   n.   n^   N   n"   n<lbv>
Избувни p b t[ d[ t d t. d. c J k g q G t<lbv> d<lbv> ?
Струјни P B f v T D s z s. z. S Z C C<vcd> x Q X g" w<vls> w H H<vcd> h<?> s<lat> z<lat>
Приближни r<lbd> r[ r r. j j<vel> g" w h
Странични l[ l l. l^ L
Трепетни b<trl> r<trl> r"
Едноударни   *   *. *<lat>
Исфрлени p` t[` t` c` k` q`
Уфрлени b` d` d` J` g` G`
Чкрапави p! t! c! c! k! l!

Самогласки

уреди
Упростена Киршенбаумова табела на самогласки
(спарените знаци се заоблени/незаоблени самогласки; симболите во загради означуваат самогласки што постојат во некои говорни јазици, но немаат симболи во МФА)
Предни Средни Задни Вевни
Затворени i y i" u" u- u
Речиси затворени I I. (U-) U
Полузатворени e Y @<umd> @. o- o R<umd>
Средни @ R
Полуотворени E W V" O" V O
Речиси отворени & &" (no symbols)
Отворени a. (a" A".) A A.

Прибележници и дијакритики за согласките

уреди

Прибележниците и дијакритичките знаци стојат по симболот.

Modifier/diacriticЗначење
~Назализирана
:Долга
-Незаоблена
.Заоблена
"Централизирана
<?>Морморна
<r>Вевна

Нагласокотот се бележи со ' (главен) и , (спореден), и се става пред нагласениот слог.

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-04-19. Посетено на 2012-07-22.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2004-02-19. Посетено на 2012-07-22.

Надворешни врски

уреди