Ангел чуварангел одговорен за заштита и водење на поединец или група. Верувањето во ангели чувари датира од античко време. За развојот на идјата за ангелите чувари и нивната хиерархија во христијанството особено придонел Псевдо-Дионисиј Ареопагит во 5 век.

Ангел чувар од Пјетро да Кортона од 1656 година.

Теологијата на ангелите и духовите чувари претрпела многу усогласувања од 4 век. Се верува, и на Исток и на Запад, дека ангелите чувари ја штитат секоја личност која Бог ќе им ја додели, а покрај тоа тие се залагаат кај Бога за благосостојбата на таа личност.[1]

Католичката црква го слави празникот на светите ангели чувари на 2 октомври. Го вовел папата Павле V во 1608 година, на барање на царот Фердинанд II. А пак на барање на царот Леополд I, на крајот на истиот век, празникот бил проширен во сите земји под хабсбуршка власт. Во Општиот римски календар бил воведен од папата Климент X во 1670 година.

Потекло

уреди

Во античката грчка филозофија било вообичаено верувањето дека Бог испраќа дух чувар на секој човек. Истото се споменува во Платоновиот Фаедон, 108.

 
Статуа на ангел чувар во црквата Св. Освалд, Обердраубург, Австрија.

Во доцниот јудаизам, според Лео Треп, се развило верувањето дека луѓето имаат претставник на небото, ангел чувар. Оваа идеја потекнува од зороастризмот.“[2] Верувањето дека ангелите можат да бидат помошници и посредници на луѓето се наоѓа во Книгата Јов 33 23-6 и во Даниил 10 13, каде што се чини дека ангелите биле им биле доделени и на некои држави. Пример за последниов навод е, „кнезот на кралството Персија“ се бори со Гаврил. Истиот ред наведува „Михаел, еден од првите кнезови, ми дојде на помош“. Михаел е еден од ретките ангели спомнати по име во Библијата. Во Новиот завет во Посланието на Јуда 19 пишува: „Кога архангел Михаил се расправаше со ѓаволот за телото на Мојсеј. . . Книгата Енох, дел од канонските записи на Етиопската православна црква, вели дека Бог „ќе постави стража од свети ангели над сите праведници“ (1 Ен 100 5) за да ги чуваат на крајот на времето, додека грешниците ќе бидат уништени.

Во Евангелието според Матеј 18 10, Исус зборува за децата: „Пазете да не презрете ниту еден од овие најмалите, зашто ви велам, нивните ангели на небесата секогаш го гледаат лицето на мојот Отец, кој е на небесата." Најчестото толкување на ова е дека децата се под заштита на нивните ангели чувари. Се чини дека тоа го поткрепува и Посланието до Евреите 1 14 кога зборува за ангелите: „Не се ли сите тие служнички духови што се испраќаат да служат за оние што го наследиле спасението?"

Во Делата на светите апостоли 12 12-15 има уште едно навестување за верувањето дека точно одреден ангел е задолжен да го чува одреден поединец. Откако ангелот го ослободил Свети Петар од затворот, отишол во куќата на „Марија, мајката на Јован викан и Марко“. Слугинката Ружа го препознала гласот на Петар и потрчала назад да им каже на другите дека Петар е пред вратата. Групата на почетокот е во неверување, но на крајот одговара: „Мора да е неговиот ангел!“ ( 12 15). Со оваа писмена потврда, ангелот на Петар станал најчесто прикажуваниот ангел во уметноста, така што тој секогаш е присутен на сликите од излегувањето на Петар од затвор. Најпознатиот приказ на овој настан е насликан од познатиот Рафаел на фреската Ослободување на Свети Петар во Ватикан.

Јудаизам

уреди

Рабините, во Рабинските списи забележале дека навистина има ангели чувари кои Јахве ги назначил да пазат на луѓето.Предлошка:Citat3Современите рабини појаснуваат дека навистина е можно луѓето да имаат ангели чувари. Бог пази над луѓето и директно одговара на нивните молитви, па во оваа смисла ангелите се гласници кои помагаат во оваа задача, меѓутоа, не им се молат директно, туку се дел од интеракцијата помеѓу молитвата и одговорот.[3]

Христијанство

уреди
 
Света Гема Галгани тврдела дека зборува со нејзиниот ангел чувар.

Црковните отци не се целосно доследни околу тоа дали ангелите чувари постојано се грижат или не за секој поединец, така што ова не е вклучено во „статиите на верата“, иако идејата е јасно видлива и во Стариот и во Новиот завет. Според Свети Јероним, идејата е во „духот на црквата“ и тој тврди: „колку е големо достоинството на душата, затоа што на секој од раѓање му е доделен ангел да ја чува“.[4]

Првиот христијански теолог кој ја елаборирал основната шема на ангели чувари бил Хонориус Августодуненсис од 12 век. Тој тврдел дека на секоја душа ѝ е доделен ангел чувар при нејзиното отелотворување. Систематиката на ангелските чувари ја прошириле и уредиле схоластичките теолози. Тома Аквински верувал дека најнискиот ред на ангели бил задолжен да служат како чувари, во што се согласил со Хонориј. Иако Џон Данс Шкотланѓанецот рекол дека секој ангел може да ја прифати оваа мисија. Ставот на Тома Аквински имал најголемо влијание врз популарната мисла.

Во своето обраќање Регина Каели, во 1997 година, папата Јован Павле Втори го навел концептот на ангел чувар и го завршил обраќањето со: „Да ја повикаме кралицата на ангелите и светителите, да ни даде, со помош на нашите ангели чувари, да бидеме вистински сведоци на Господовата пасхална тајна“.[5]

Концептот на ангел чувар е јасно видлив во Стариот завет, а неговиот развој е јасно обележен. Според Стариот завет Божјите ангели се помошници, а понекогаш и специјални гласници кои се занимаваат со личности или световни должности.[6]

Во книгата Битие 28-29, ангелите не само што се извршители на Божјиот гнев против градовите во рамнината, туку и го спасуваат Лот од опасност. Во книгата Излез 32 34, Бог му вели на Мојсеј: „Ангелот мој пред тебе ќе оди“. Во многу подоцнежно раздобје, се одвива историјата на Тобија, која може да послужи како коментар на зборовите од Псалмот 91 11: „Зашто на ангелите свои им заповеда да те чуваат на сите твои патишта“. На крајот на краиштата, во Книгата на Даниил 10, на ангелите им се доверени одредени покраини, еден се нарекува „кнез на кралството Персија“, а Михаел е „еден од првите кнезови“.

Во Новиот завет, концептот на ангел чувар може да се следи попрецизно. Ангелите се насекаде посредници меѓу Бога и луѓето; Христос го запечатил старозаветното учење: „Гледајте да не презрете ниту еден од овие најмалите, зашто ви велам, нивните ангели на небесата секогаш го гледаат лицето на мојот Отец небесен“. (Матеј 18:10). Овде се отчитува двојното видување за концептот на ангелите: дури и малите деца имаат ангели чувари, а истите тие ангели не го губат од вид Бога и покрај фактот што извршуваат мисија на земјата.[6]

Во Новиот завет има и други примери. Такви се ангелот кој му помогнал на Христос и ангелот кој го извадил Свети Петар од затвор. Посланието до Евреите 1 14, најјасно го расветлува учењето: „Зарем сите тие не се служнички духови што се испратени да им служат на оние што ќе го наследат спасението?“ Значи, целта на ангелите е да ги доведат луѓето во Царството Небесно.

Ангелите чувари и децата

уреди
 
Ангел чувар, германска поштенска марка од 1900 година.
 
Ангел чувар

Во својата студија за јудеохристијанството, Жан Даниелу пишува:

Впечатлив факт е дека доктрината за ангели чувари, подоцнежната теологија ја позајмила од јудеохристијанството. Климент Александриски во Eclogae Propheticae пишува: „Записите говорат дека изложените деца се доверени на ангел чувар, кој ги воспитува и им помага да пораснат; и тие ќе бидат како верниците кои имаат сто години“ (XLI. 1). Подоцна, истата доктрина која ја наведува Климент, произлегува од истите основи, и тој јасно ја поврзува со откровението на Петар: „Божјата промисла не ги вклучува само оние кои се од месо, на пример Петар вели во своето откровение: „Пометнатите деца му се доверени на ангелот чувар, така што, откако ќе го постигне уделот во знаењето[7] може да придонесе за подобра судбина“ (XLVIII, 1).[8]

Даниелу исто така забележува:

Ангелот на мирот се појавува во јудеохристијанството, тој е задолжен да ја прими душата која го напушта телото и го носи на рајот. Така, тестаментот на Ашер вели: Ако некој умре во мир, тој оди кај ангелот на мирот, кој го води во вечниот живот“ (VI, 6; сп. и тестаментот на Бенјамин VI, 1; тестаментот на Дан VI, 5).[9] Во претходните откровенија, каде што ангелите се задолжени да ги чуваат телата на светците, не го наоѓаме ова учење (Животот на Адам, 46-47); и во Новиот завет, Послание на Јуда 9, и навистина повеќе потсетува на елинистичкото учење за придружниот ангел на душата,[10] иако тоа не произлегува од него. Подоцна, таа презема важна улога во христијанската литургија, која се чини дека е античко наследство од јудеохристијанството.[11]

Односи со ангелите чувари

уреди

Христијанските мистици повремено известувале за односите и разговорите со нивните ангели чувари кои траеле неколку години. Два примери се светите Гема Галгани и Марија Валторта, од кои и двете пријавиле опширни визии за Исус и Марија.[12]

Римокатоличката мистик Света Гема Галгани тврдела дека имала врски и дека разговарала со нејзиниот ангел чувар. Таа изјавила дека нејзиниот ангел чувар бил нејзиниот учител и водич, повремено спречувајќи ја да зборува во несоодветно време.[13]

Христијанска молитва

уреди

Молитва до ангелот чувар на латински:

Angele Dei,
qui custos es mei,
јас, tibi commissum pietate superna,
illumina, custodi,
rege et guberna.
Amen.[14]

На празникот на светите ангели чувари, во Вечерната молитва на часовите (Antiphon ad Maginificat) се пеат: Sancti Angeli, custodes nostri, Defite nos in praelio, ut non pereamus in tremendo judicio. („Свети ангели, наши чувари, бранете нè во битка, за да не загинеме на страшниот Суд“.)

Молитва на Источните православни цркви до ангелот чувар:

Ангеле Христов, ти си мој свет чувар и покровител на мојата душа и моето срце, прости ми сè што сум згрешил денеска и из­бави ме од секакво лукавство на непријателот што ме гони, та со никаков грев да не Го раз­гневам мојот Бог. Моли се за мене грешниот слуга и направи ме достоен за благоста и милоста на Пресветата Троица, на Мајката – кон мојот Господ Исус Христос и на сите светии. Амин.

Ислам

уреди

Муслиманите веруваат во Муакиб. Според многу муслимани, секој човек има два ангели чувари, по еден на секоја страна.[15]

Зороастризам

уреди

Познати под името Арда Фраваш („Свети ангели чувари“). Секој човек е придружуван од ангел чувар,[16] кој е личен водич низ животот. Тие првично ги чувале границите на рајот,[17] но доброволно се симнале на земјата за да ги придружуваат лицата до крајот на нивниот живот.

Наводи

уреди
  1. Katekizam Katoličke Crkve, Glas Koncila: Zagreb, 1994., ISBN 953-6258-01-3, 336.
  2. Leo Trepp, A History of the Jewish Experience, str. 55, Zarathushtra.com
  3. „Do we believe in guardian angels?“. Do we believe in guardian angels?. Chabad.org Ask the Rabbi. Посетено на 16. svibnja 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. "Guardian Angel". New Advent Catholic Encyclopedia. Pristupljeno 11. siječnja, 2008.
  5. Vatican website
  6. 6,0 6,1 Newadvent.org
  7. Ovdje spoznaja jednostavno zanči učenja kršćanstva.
  8. The Theology of Jewish Christianity. The Development of Christian Doctrine before the Council of Nicaea. Volume One. Translated and edited by John A. Baker. (Chicago: The Henry Regnery Company) p. 186.
  9. Pavlovo otkrivenje, 13-14, kasnije je značajno obrazložilo ovaj nauk.
  10. Cf. F. Climont, 'Les vents et les anges psychopompes', Pisciculi, pp. 70-75.
  11. Danielou, pp. 186-187.
  12. Michael Freze, 1989 They Bore the Wounds of Christ OSV Press ISBN 0-87973-422-1 page 272
  13. Rudolph M. Bell, 2003 The Voices of Gemma Galgani: the Life and Afterlife of a Modern Saint, University of Chicago Press, ISBN 978-0-226-04196-4, str. 47. i 185.
  14. Compendium of the Catechism of the Catholic Church. Vatican, Pristupljeno 2. lipnja 2012..
  15. Kuran 11:13 "Anđeli su uz svaki čovjekov korak; ispred njega i iza njega; oni ga štite, po zapovjedi Božjoj."
  16. Yasna 26.4, 55.1
  17. Bundahišn 6.3, Zatspram 5.2

Надворешни врски

уреди