Послание до Евреите
книга од Библијата
Послението до Евреите е книга од Новиот завет.
Според некои истражувачи автор на ова посление е апостол Павле, но поголем број од нив пак сметаат дека посланието припаѓа на некој непознат христијански теолог. Според нив, ова послание во голема мера се разликува во стилот на пишување, за разлика од останатите посланија за кои се смета дека биле пишувани од страна на апостол Павле. Од текстот може да се заклучи дека авторот е маж и дека бил близок соработник на Тимотеј Ефејски и дека истото било напишано во Италија.
Се смета дека ова послание било напишано во периодот меѓу 80 до 100 година.
Цитати Уреди
„ | Бог, Кој од стари времиња, многупати и на многу начини, им зборуваше на нашите татковци преку пророците, во последниве денови ни зборуваше преку Синот | “ |
„ | Преку вера разбираме дека вековите се создадени со Божјото слово, така што видливото произлегло од невидливото. | “ |