Античка филозофија

Античката филозофија ја сочинуваат филозофиите на стариот век. Меѓу познатите се старогрчката, кинеската и староримската филозофија. Оваа филозофија се јавува на преминот меѓу 7-от и 6-от век п.н.е. и постои сè до распадот на римската империја во 5 век п.н.е.. Во западните универзитети со античка филозофија се означува старогрчката филозофија. Во главно е прифатена поделбата на четири периоди: космолошки период, во кај филозофските размисли се сосредоточени врз светот; антрополошки период во кој човекот е централен предмет на умствено иследување; систематски период, кој се одликува со големи филозофски системи како оние на Платон и Аристотел; и хеленистичко-римскиот период кој се одликува со мноштво римски мислители.