Роберт Рождественски

Роберт Иванович Рождественски (руски: Ро́берт Ива́нович Рожде́ственский; 20 јуни 1932 - 19 август 1994) — руски поет кој во периодот на распадот на доктрината на социјалистичкиот реализам, заедно со поетите од типот на Андреј Вознесенски, Евгениј Евтушенко и Бела Акмадулина се осврна кон еден понов, посвеж и послободен поетски пристап во Советскиот Сојуз.

Златен венец Роберт Рождественски
Роберт Рождественски
Роден/а20 јуни 1932[1][2][3]
СССР Кошика, Советски Сојуз
Починат/а19 август 1994
Русија Переделкино, Русија
Занимањепоет

Роден е во воена фамилија во Кошика[4]. По почетокот на Втората светска војна оди во сиропиталиште, бидејќи двајцата негови родители се мобилизирани. Започнува да пишува по завршувањето на средното училиште (првите свои стихови ги издава во 1950). За време на првите години од владеењето на Хрушчов, Рождественски работи крај Вознесенски, Јевтушенко и Акмадулина. Тие не се покоруваат на социјалистичкиот реализами почнуваат да пишуваат емотивни, лирски поеми. Сепак, тој никогаш нема да биде критички настроен кон комунистичката власт, поради што ќе биде постојано поддржуван од неа, а и ќе ја добие Лениновата награда во 1979 година.

Тој е првиот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за најдобра песна во 1966 година.

Умира на 19 август 1994 во Переделкино.[5]

Наводи

уреди
  1. Prokhorov, Alexander, уред. (1969), Great Soviet Encyclopedia (руски) (3rd. изд.)
  2. "„Ро́берт Ива́нович Рожде́ственский“ (руски). Архивирано од изворникот 1 September 2019. Посетено на 1 September 2019.
  3. „Robert Rozhdestvenskii“. Архивирано од изворникот 18 March 2021. Посетено на 1 September 2019.
  4. „Robert Ivanovich Rozhdestvensky“. www.britannica.com. Архивирано од изворникот 4 January 2018. Посетено на 31 August 2019.
  5. „Информация из донесения о безвозвратных потерях 123 стрелковой дивизии“ (руски). ОБД Мемориал. Архивирано од изворникот на 6 July 2013. Посетено на 31 August 2019.

Надворешни врски

уреди