Белчишта

село во Општина Дебрца
(Пренасочено од Белчиште)

Белчишта — село и административно седиште на Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид. Населено е со Македонци христијани.

Белчишта

Седиште на општината на сретсело во Белчишта

Белчишта во рамките на Македонија
Белчишта
Местоположба на Белчишта во Македонија
Белчишта на карта

Карта

Координати 41°18′10″N 20°49′49″E / 41.30278° СГШ; 20.83028° ИГД / 41.30278; 20.83028Координати: 41°18′10″N 20°49′49″E / 41.30278° СГШ; 20.83028° ИГД / 41.30278; 20.83028
Регион  Југозападен
Општина  Дебрца
Област Дебрца
Население 297 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6344
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19003
Надм. вис. 780 м
Белчишта на општинската карта

Атарот на Белчишта во рамките на општината
Белчишта на Ризницата

До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, а служи како главно село за останатите села во областа Дебрца. Се наоѓа на десната страна од патот Охрид-Кичево.

Географија и местоположба уреди

Белчишта е сместено во котлината Дебрца и претставува административно седиште на Општина Дебрца. Околни села се Ботун и Ново Село на запад и југозапад, Злести на југ, Горно и Долно Средоречје на исток, и Издеглавје и Песочани на север и северозапад.

Историја уреди

Во XIX век, Белчишта се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.

Стопанство уреди

Атарот зафаќа површина од 9,2 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 585,4 ха, на шумите отпаѓаат 122,3 ха, а на пасиштата 93,8 ха. Селото има полјоделска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948989—    
19531.122+13.4%
19611.203+7.2%
1971788−34.5%
1981615−22.0%
ГодинаНас.±%
1991620+0.8%
1994489−21.1%
2002437−10.6%
2021297−32.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Белчишта имало 650 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Белчишта имало 752 жители.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Белчица е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 90 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Македонци.[6]

Селото броело 1.203 жители во 1961 година, додека во 1994 година бројот се намалил на 489 жители.

Според последниот попис од 2002 година, селото Белчишта брои 150 домаќинства, со 437 жители, од кои 436 Македонци и 1 Србин. Од жителите 223 се мажи и 214 се жени.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 297 жители, од кои 268 Македонци, 1 Бошњак и 28 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 650 752 989 1.122 1.203 788 615 620 489 437 297
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови уреди

Белчишта е македонско село

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Белчишта се:[13]

  • Староседелци: Таневци (23 к.), се делат на Недевци, Целевци, Настовци и Дуловци; Дојчиновци (5 к.), еден дел од родот се вика Филиповци; Блажевци или Новевци (7 к.); Блажевци (1 к.); Аировци (4 к.); Стевчевци и Боцевци (3 к.); Зељаровци (6 к.), се делат на Боклевци и Дичовци; Каљушовци (4 к.); Гредовци (8 к.); Мицковци (1 к.); Буљуковци (13 к.); Мушевци (1 к.); Нејковци (5 к.); Опеловци (2 к.); Кулевци или Циљковци (6 к.), некои од овој род се викаат Сиљановци, а други Сејсановци; Суклевци (4 к.); Гуцевци (1 к.); Чечовци (3 к.); Крчевци (3 к.); Тошевци (2 к.); Кочовци (3 к.) и Шаќировци (3 к.).
  • Доселенички родови: Косарковци (4 к.), доселени се од селото Брежани; Рајчиновци (11 к.), доселени се од Дебарско, веројатно од селото Рајчица; Лукачовци (30 к.), се делат на Лукачевци, Василевци, Молковци и Стојковци, доселени се од селото Луково, Дебарски Дримкол; Малинковци (2 к.), доселени се од селото Брежани; Веровци (1 к.) и Гушевци (1 к.), доселени се од Охрид.
  • Доселеници со непознато потекло: Букалевци (1 к.) и Китевци (4 к.).
  • Роми: Максутовци (1 к.), доселени се од Кичево.

Според истражувањата пак на Јован Трифуноски во 1978 година, родови во селото се:[14]

  • Староседелски родови се: Каљушовци (10 куќи), Гредовци (10 куќи), Прлевци (8 куќи), Буљуковци (6 куќи), Белковци (4 куќи) , Шеќировци (8 куќи), Лупановци (9 куќи), Тошевци (4 куќи), Боцевци (20 куќи), Поповци (12 куќи) и Бутевци (8 куќи).
  • Доселенички родови се: Таневци (40 куќи) доселени од селото Требеништа; Крчевци (8 куќи) доселени се од селото Слатино; Соколовци (целосно иселени од селото) доселени се од Мешеишта; Чифлижановци (10 куќи) и Василевци (15 куќи) не го знаат местото на старина.

Општествени установи уреди

Административни
  • Општина
  • Месна заедница
  • Пошта
  • Полиција[15]
Здравствени
  • Амбуланта
Културни
  • Уметничка галерија
Образовни

Самоуправа и политика уреди

 
Поглед на главниот објект на основното училиште „Дебрца“
 
Дел од сретселото

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало седиште на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било седиште на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Белчишта, се наоѓале и селата Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Белчишта се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно Средоречие, Долно Средоречие и Злести.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1314 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на општинска зграда.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 314 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви[19][20][21]
Параклиси
Блата

Иселеништво уреди

Помеѓу двете светски војни иселеници имало во САД (20 семејства).[13]

После Втората светска војна населението почнува помасовно да се иселува. Едно семејство се иселило во селото Јабука во Војводина. Додека поголемиот број од населението е иселено по градовите во Македонија, воглавно во градот Охрид.[14]

Личности уреди

Потекло уреди

  • Ѓоко Танески — македонски музичар, претставник на Македонија на Евровизија.

Култура и спорт уреди

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 26.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 31.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 септември 2016.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Дебрца. Архивски фонд на МАНУ АЕ 89/1.
  14. 14,0 14,1 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: САНУ.
  15. „Отворена полициска канцеларија во село Белчишта“. OhridNews. Охрид. 4 декември 2013. Посетено на 5 септември 2016.
  16. „За училиштето“. македонски: ОУ „Дебрца“ - Белчишта. Архивирано од изворникот на 2016-08-25. Посетено на 22 август 2016.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. „Христијански храмови и свети места во Охридско“. Македонска нација. Посетено на 2010-07-25.
  21. „Христијански храмови и свети места во Охридско“, Гоце Ангеличин – Жура, Охрид 2007
  22. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  23. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  24. 24,0 24,1 . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  25. 25,0 25,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  26. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски уреди