47 Голема Мечка
47 Голема Мечка (скратено 47 UMa), формално именувана како Чалаван, [7] [8] — жолта џуџеста ѕвезда, која се наоѓа на приближно 45,3 светлосни години [1] од Земјата во соѕвездието Голема Мечка. Од 2011 година, три вонсончеви планети (означени 47 Голема Мечка b, c и d; првите две подоцна наречени Тафао Тонг и Тафао Кае) се верува дека орбитираат околу ѕвездата.
Податоци од набљудување Епоха J2000.0 Рамноденица J2000.0 | |
---|---|
Соѕвездие | Голема Мечка |
Ректасцензија | 10ч 59м [1] | 27,9728с
Деклинација | +40° 25′ [1] | 48,921″
Прив. величина (V) | +5.03 |
Особености | |
Спектрален тип | G1V |
U−B Боен показател | 0.13 |
B−V Боен показател | 0.61 |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | 11,24 ± (12)[1] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: −316,850 ± (97)[1] млс/г Дек.: 55,180 ± (118)[1] млс/г |
Паралакса (π) | 72.0070 ± 0.0974[1] млс |
Оддалеченост | 45,30 ± 0,06 сг (13,89 ± 0,02 пс) |
Апсолутна величина (MV) | 4.41[2] |
Податоци | |
Маса | 1.08[3] M☉ |
Полупречник | 1.172 ± 0.111[4] R☉ |
Површ. грав. (log g) | 4.377[3] |
Сјајност | 1.48[note 1] L☉ |
Температура | 5,887 ± 3.8[5] K |
Металичност | 110% solar[3] |
Вртежна брзина (v sin i) | 2.80[3] км/с |
Старост | 6.03[6] Гг. |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — The star |
— planet b | |
— planet c | |
— planet d | |
Архив на вонсончеви планети | — податоци |
ARICNS | податоци |
Енциклопедија на вонсончеви планети | податоци |
Ѕвездата се наоѓа прилично блиску до Сончевиот Систем: според астрометриските мерења направени од вселенската опсерваторија Гаја, таа покажува паралакса од 72.0070 милијарсекунди, што одговара на растојание од 45,30 светлосни години. Со привидна светлинска величина од +5,03, таа е видлива со голо око и нејзината апсолутна величина од +4,29 дава привидна сјајност околу 60% поголема од Сонцето. Сончев двојник, со спектрален тип на G1V, има слична маса како онаа на Сонцето, но е малку потопла на околу 5.882 К[3] и малку повеќе богата со метали со околу 110% од сончевото изобилство на железо.
Како и Сонцето, 47 Голема Мечка се наоѓа на главната низа, претворајќи го водородот во хелиум во нејзиното јадро со јадрено соединување. Врз основа на нејзината хромосферска активност, ѕвездата може да биде стара околу шест милијарди години, иако развојните модели сугерираат постара возраст од околу 8,7 милијарди години.[6] Други испитувања дале проценки од 4,4 и 7 милијарди години за ѕвездата.[9] Ниското ниво на магнетна активност ја прави ѕвезда кандидат за Маундеров минимум.[10]
Номенклатура
уреди47 Голема Мечка е Флемстидова ознака на ѕвездата. На нивните откритија планетите биле последователно означени како 47 Голема Мечка b, c и d.
Во јули 2014 година, Меѓународниот астрономски сојуз го започнал проектотNameExoWorlds, процес за давање соодветни имиња на одредени вонсончеви планети и нивните ѕвезди домаќини. [11] Процесот вклучува јавно номинирање и гласање за новите имиња. [12] Во декември 2015 година, МАС објавил дека победничките имиња се Чалаван за оваа ѕвезда и Тафао Тонг и Тафао Кае за две од планетите (b и c, соодветно). [13] Победничките имиња биле поднесени од Тајландското астрономско друштво, Тајланд. Чалаван (тајландски: ชาละวัน) е митолошки крал на крокодил од тајландската народна приказна Краи Тонг, и Тафаотонг и Тафаокаео, се две сестри поврзани со приказната. [14] („Чалаван“ е исто така име дадено на изумрен род на крокодил. Тој содржи еден вид, Chalawan thailandicus). [15]
Во 2016 година, Меѓународниот астрономски сојуз организирал Работна група за имиња на ѕвезди (РГИЅ) [16] за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. Во својот прв билтен од јули 2016 година, [17] РГИЅ експлицитно ги препознал имињата на вонсончевите планети и нивните ѕвезди домаќини одобрени од Работната група на Извршниот комитет за Јавно именување на планети и планетарни сателити, вклучувајќи ги и имињата на ѕвездите усвоени за време на кампањата NameExoWorlds во 2015 година. Оваа ѕвезда денес е внесена во Каталогот на имиња на ѕвезди на МАС.
Планетарен систем
уредиВо 1996 година била објавена вонсончева планета (47 UMa b) во орбитата околу 47 Голема Мечка од Џефри Марси и Р. Пол Батлер. Откритието било направено со набљудување на доплеровото поместување на спектарот на ѕвездата што одговара на промените во радијалната брзина на ѕвездата додека гравитацијата на планетата ја влече наоколу. [18] Планетата била првата откриена долгопериодна вонсончева планета. За разлика од повеќето познати такви планети, таа има орбита со ниско занесување. Планетата е најмалку 2,53 пати поголема од јупитеровата маса и потребни се 1078 дена или 2,95 години за да орбитира околу својата ѕвезда. Доколку би се наоѓала во Сончевиот Систем, би се наоѓала помеѓу орбитите на Марс и Јупитер. [19]
Во 2001 година, прелиминарните астрометриски мерења направени од сондата Хипаркос сугерирале дека орбитата од 47 UMa b е наклонета под агол од 63,1° во однос на рамнината на небото, што значи дека минималната маса на планетата е околу 2,9 пати поголема од онаа на Јупитер. [20] Сепак, последователната анализа сугерирала дека мерењата на Хипаркос не биле доволно прецизни за точно да се одредат орбитите на подѕвездените придружници, а наклонот и вистинската маса остануваат непознати. [21]
Втората планета (47 UMa c) била објавена во 2002 година од Дебра Фишер, Џефри Марси и Р. Пол Батлер. Откритието било направено со користење на истиот метод на радијална брзина. Според Фишер и соработниците, на планетата и се потребни околу 2.391 денови или 6,55 години за да заврши орбитата. Оваа конфигурација е слична на конфигурацијата на Јупитер и Сатурн во Сончевиот Систем, со орбиталниот однос (близу 5:2) и односот на масата приближно слични. [22] Последователните мерења не успеале да го потврдат постоењето на втората планета, а било забележано дека базата на податоци што се користела за да се утврди нејзиното постоење ги остави параметрите на планетата „речиси неограничени“. [23] Анализата на подолга база на податоци која опфаќа над 6.900 дена сугерира дека иако е веројатна втора планета во системот, периодите близу 2.500 дена имаат голема веројатност за „лажен аларм“ и најдобро одговара на модел кој дава орбитален период од 7.586 дена на растојание од 7,73 АЕ од ѕвездата. Сепак, параметрите на втората планета сè уште се многу непознати. [24] Од друга страна, Каталогот на блиски вонсончеви планети дава период од 2.190 дена, што би ги ставило планетите блиску до сооднос 2:1 на орбиталните периоди, иако наводот за овие параметри е непознат: Трудот на Фишер и неговите соработници бил цитиран како навод и покрај фактот што дава различни параметри, [25] иако ова решение е усвоено од Енциклопедијата на вонсончеви планети. [26]
Во 2010 година, откритието на трета планета (47 UMa d) било направено со помош на Доплерова спектроскопија. Користејќи го овој модел на овој планетарен систем, било утврдено дека е 100.000 пати поголема веројатноста да има три планети отколку две планети. Ова откритие го објавиле Дебра Фишер и П.Ц. Грегори. Оваа планета од 1.64 MJ има орбитален период од 14.002 дена или 38,33 години и полуглавна оска од 11,6 АЕ со умерено занесување од 0,16. Тоа би била планетата со најдолг период откриена со методот на радијална брзина, иако планетите со подолг период претходно биле откриени со директно снимање и пулсарово мерење.
Симулациите сугерираат дека внатрешниот дел од животопогодниот појас на 47 Голема Мечка може да биде домаќин на земјовидна планета во стабилна орбита, иако надворешните подрачја на животопогодниот појас би биле нарушени од гравитациското влијание на планетата 47 UMa b. [27] Сепак, присуството на џиновска планета на оддалеченост од 2,5 АЕ од ѕвездата можеби го нарушило формирањето на планетите во внатрешниот систем и ја намалило количината на вода испорачана на внатрешните планети за време на насобирање. [28] Ова може да значи дека сите земјовидни планети кои орбитираат во животопогодниот појас на 47 Голема Мечка веројатно ќе бидат мали и суви. Од 2008 година, има две пораки METI испратени до 47 Голема Мечка. И двете биле пренесени од најголемиот радар во Евроазија, 70-метарскиот Планетарен радар Евпаторија. Првата порака, „Тинејџерска порака“, била испратена на 3 септември 2001 година, а ќе пристигне на 47 Голема Мечка во јули 2047 година. Втората порака, „Космички повик 2“, била испратена на 6 јули 2003 година и ќе пристигне на 47 Голема Мечка во мај 2049 година. [29]
Поради својот планетарен систем, 47 Голема Мечка била наведена како една од 100-те најдобри целни ѕвезди за поранешната мисија на НАСА од Terrestrial Planet Finder (Пронаоѓач на Вонсончеви Планети). [30]
Белешки
уреди- ↑ From , where is the luminosity, is the radius, is the effective surface temperature and is the Stefan–Boltzmann constant.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Vallenari, A.; и др. (Gaia collaboration) (2023). „Gaia Data Release 3. Summary of the content and survey properties“. Astronomy and Astrophysics. 674: A1. arXiv:2208.00211. Bibcode:2023A&A...674A...1G. doi:10.1051/0004-6361/202243940. S2CID 244398875 Проверете ја вредноста
|s2cid=
(help). Запис на Gaia DR3 за овој извор на VizieR. - ↑ Elgarøy, Øystein; Engvold, Oddbjørn; и др. (March 1999), „The Wilson-Bappu effect of the MgII K line - dependence on stellar temperature, activity and metallicity“, Astronomy and Astrophysics, 343: 222–228, Bibcode:1999A&A...343..222E
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Stars Table“. Catalog of Nearby Exoplanets. Архивирано од изворникот на 17 October 2008. Посетено на 2008-10-04.
- ↑ G. T. van Belle; K. von Braun (2009). „Directly Determined Linear Radii and Effective Temperatures of Exoplanet Host Stars“. Astrophysical Journal. 694 (2): 1085–1098. arXiv:0901.1206. Bibcode:2009ApJ...694.1085V. doi:10.1088/0004-637X/694/2/1085. S2CID 18370219.
- ↑ V. V. Kovtyukh; Soubiran, C.; и др. (2003). „High precision effective temperatures for 181 F-K dwarfs from line-depth ratios“. Astronomy and Astrophysics. 411 (3): 559–564. arXiv:astro-ph/0308429. Bibcode:2003A&A...411..559K. doi:10.1051/0004-6361:20031378. S2CID 18478960.
- ↑ 6,0 6,1 C. Saffe; Gómez, M.; и др. (2005). „On the Ages of Exoplanet Host Stars“. Astronomy and Astrophysics. 443 (2): 609–626. arXiv:astro-ph/0510092. Bibcode:2005A&A...443..609S. doi:10.1051/0004-6361:20053452. S2CID 11616693.
- ↑ „IAU Catalog of Star Names“. Посетено на 28 July 2016.
- ↑ Thai Astronomical Society, Chalawan, Taphao Thong, Taphao Kaew – First Thai Exoworld Names
- ↑ E. E. Mamajek; L. A. Hillenbrand (2008). „Improved Age Estimation for Solar-Type Dwarfs Using Activity-Rotation Diagnostics“. Astrophysical Journal. 687 (2): 1264–1293. arXiv:0807.1686. Bibcode:2008ApJ...687.1264M. doi:10.1086/591785. S2CID 27151456.
- ↑ Lubin, Dan; и др. (March 2012). „Frequency of Maunder Minimum Events in Solar-type Stars Inferred from Activity and Metallicity Observations“. The Astrophysical Journal Letters. 747 (2): L32. Bibcode:2012ApJ...747L..32L. doi:10.1088/2041-8205/747/2/L32.
- ↑ NameExoWorlds: An IAU Worldwide Contest to Name Exoplanets and their Host Stars.
- ↑ „NameExoWorlds The Process“. Архивирано од изворникот на 2015-08-15. Посетено на 2015-09-05.
- ↑ Final Results of NameExoWorlds Public Vote Released, International Astronomical Union, 15 December 2015.
- ↑ „NameExoWorlds The Approved Names“. Архивирано од изворникот на 2018-02-01. Посетено на 2015-12-19.
- ↑ Martin, J. E.; Lauprasert, K.; и др. (2013). Angielczyk, Kenneth (уред.). „A large pholidosaurid in the Phu Kradung Formation of north-eastern Thailand“. Palaeontology. 57 (4): 757–769. doi:10.1111/pala.12086.
- ↑ „IAU Working Group on Star Names (WGSN)“. Посетено на 22 May 2016.
- ↑ „Bulletin of the IAU Working Group on Star Names, No. 1“ (PDF). Посетено на 28 July 2016.
- ↑ R. P. Butler; Marcy, Geoffrey W. (1996). „A Planet Orbiting 47 Ursae Majoris“. Astrophysical Journal Letters. 464 (2): L153–L156. Bibcode:1996ApJ...464L.153B. doi:10.1086/310102.
- ↑ P. C. Gregory; D. A. Fischer (2010). „A Bayesian periodogram finds evidence for three planets in 47 Ursae Majoris“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 403 (2): 731–747. arXiv:1003.5549. Bibcode:2010MNRAS.403..731G. doi:10.1111/j.1365-2966.2009.16233.x.
- ↑ I. Han; D. C. Black; и др. (2001). „Preliminary Astrometric Masses for Proposed Extrasolar Planetary Companions“. Astrophysical Journal Letters. 548 (1): L57–L60. Bibcode:2001ApJ...548L..57H. doi:10.1086/318927.
- ↑ D. Pourbaix; F. Arenou (2001). „Screening the Hipparcos-based astrometric orbits of sub-stellar objects“. Astronomy and Astrophysics. 372 (3): 935–944. arXiv:astro-ph/0104412. Bibcode:2001A&A...372..935P. doi:10.1051/0004-6361:20010597.
- ↑ D. A. Fischer; Marcy, Geoffrey W.; и др. (2002). „A Second Planet Orbiting 47 Ursae Majoris“. Astrophysical Journal. 564 (2): 1028–1034. Bibcode:2002ApJ...564.1028F. CiteSeerX 10.1.1.8.9343. doi:10.1086/324336.
- ↑ Naef, Dominique; Mayor, Michel; Beuzit, Jean-Luc; Perrier, Christian; Queloz, Didier; Sivan, Jean-Pierre; Udry, Stéphane (2004). „The ELODIE survey for northern extra-solar planets. III. Three planetary candidates detected with ELODIE“ (PDF). Astronomy and Astrophysics. 414 (1): 351–359. arXiv:astro-ph/0310261. Bibcode:2004A&A...414..351N. doi:10.1051/0004-6361:20034091.
- ↑ R. A. Wittenmyer; M. Endl; и др. (2007). „Long-Period Objects in the Extrasolar Planetary Systems 47 Ursae Majoris and 14 Herculis“. Astrophysical Journal. 654 (1): 625–632. arXiv:astro-ph/0609117. Bibcode:2007ApJ...654..625W. doi:10.1086/509110.
- ↑ „Planets Table“. Catalog of Nearby Exoplanets. Архивирано од изворникот на 21 September 2008. Посетено на 2008-10-04.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ B. Jones; Underwood, David R.; и др. (2005). „Prospects for Habitable "Earths" in Known Exoplanetary Systems“. Astrophysical Journal. 622 (2): 1091–1101. arXiv:astro-ph/0503178. Bibcode:2005ApJ...622.1091J. doi:10.1086/428108.
- ↑ S. Raymond (2006). „The Search for other Earths: limits on the giant planet orbits that allow habitable terrestrial planets to form“. Astrophysical Journal Letters. 643 (2): L131–134. arXiv:astro-ph/0605136. Bibcode:2006ApJ...643L.131R. doi:10.1086/505596.
- ↑ А. Л. Зайцев (7 June 2004). Передача и поиски разумных сигналов во Вселенной (PDF). Пленарный доклад на Всероссийской астрономической конференции ВАК-2004 "Горизонты Вселенной", Москва, МГУ (руски). Архивирано од изворникот на 30 May 2019. Посетено на 5 February 2008.
- ↑ „#72 HIP 53721“. TPF-C Top 100. Посетено на 22 July 2006.
Надворешни врски
уреди- „47 Ursae Majoris“. SolStation. Архивирано од изворникот 2008-05-11. Посетено на 2008-06-26.
- „47 Ursae Majoris“. Exoplanet Data Explorer. Посетено на 2013-10-05.