3753 Крутин

астероид

3753 Крутин е атонски астероид од типот Q, кој орбитира околу Сонцето во 1:1 орбитална резонанца со Земјата, што го прави коорбитално тело. Станува збор за астероид кој, во однос на Земјата, кружи околу Сонцето во орбита во форма на грав при што ефикасно опишува потковица и која може да ја смени во квазимесечинска орбита.[3] Крутин не кружи околу Земјата и на моменти се наоѓа на другата страна на Сонцето, што значи дека Крутин е вон Земјината Хилова сфера. Орбитата го води во близина на Меркуровата орбита и зад орбитата на Марс [4] Крутин кружи околу Сонцето за околу една година, но за да се задржи серијата на движење околу Земјата во облик на потковица потребни се 770 години.[4]

3753 Крутин
Откривање
ОткривачДанкан Валдрон
Откриено10 октомври 1986
Ознаки
Наречена по
Крутин - Крал на Пиктите
1983 УХ; 1986 TO
Орбитални особености[1]
Епоха 4 септември 2017 (ЈД 2458000.5)
Параметар на неодреденост 0
Лак на набљудување16087 дена (44.04 години)
Афел1.5114 AE
Перихел0.48405 AE
0.99774 AE
Занесеност0.51485
(213000)[2]
1.00 година (364.02 дена)
27.73 km/s
257.46°
0° 59м 20.436с / дена
Наклон19.805°
126.23°
43.831°
Земјино НРОП0.07119 AЕ
Физички особености
Среден пречник
~5 km
Маса130.000.000.000.000 kg
27.30990 h (1.137913 d)[1]
0.15
Q
15.6[1]

Името Крутин потекнува од ирскиот јазик и се однесувал на раните Пикти (староирски: Cruthin ) во Аналите за Алстер и нивниот истоимен крал („Крудин, син на Синге“) во „Пиктската хроника“.

Откривање уреди

Крутин бил откриен на 10 октомври 1986 година од Данкан Валдрон на фотографска плоча направена со Британскиот Телескопот Шмит во опсерваторијата Сајдинг Спринг во Кунабарабран, Австралија. Привидението од 1983 година (1983 UH) им се припишува на Џовани де Санктис и Ричард Вест од Европската јужна опсерваторија во Чиле.[5]

Нејзината необична орбита била одредена од Пол Вигерт и Кимо Иннан во 1997 година, кои работеле при Јорк Универзитетот во Торонто и Сепо Микола, кој работел при Универзитетот во Турку во Финска.[6]

Димензии и орбита уреди

 
Анимација на орбита на 3753 Крутин од 1600 до 2500 година   Сонце ·   Земја ·   3753 Крутин
 
Изгледа како Крутин и Земјата да се следат меѓусебно поради 1:1 орбиталната резонанца.
 
Орбитата во форма на грав што ја прави Крутин во однос на Земјата.

Пречникот на Крутин е приближно 5 километри, а се приближува до Земјата на 12 милиони километри, приближно триесет пати поголемо растојание од она меѓу Земјата и Месечината. Од 1994 до 2015 година, секој ноември Крутин бил на најблиско растојание до Земјата.[7]

Иако се смета дека орбитата на Крутин не е стабилна на долг рок, пресметките на Вигерт и Инанен покажале дека најверојатно таа долго време била синхронизирана со Земјината орбита. Нема опасност од судар со Земјата во следните неколку милиони години. Неговата орбитална патека и патеката на Земјата не се вкрстуваат, а неговата орбитална рамнина моментално е навалена кон онаа на Земјата за 19,8°. Крутин, има максимална магнитуда (кога е најблиску до Земјата) од +15.8, и е послаба од онаа на Плутон и за да се види потребен е рефлектирачки телескоп од најмалку 320 милиметри.[8][9]

Крутин е во нормална елиптична орбита околу Сонцето. Неговиот период на револуција околу Сонцето е приближно 364 дена на почетокот од 21 век, и е речиси еднаков со оној на Земјата. Поради ова, Крутин и Земјата се чини дека меѓусебно се „следат“ по нивните патеки околу Сонцето. Поради ова Крутин понекогаш се нарекува „втората месечина на Земјата“.[10] Сепак, тој не кружи околу Земјата и не е месечина.[11] Во 2058 година, Крутин ќе се приближи на 0,09 ае ( 13,6 милиони километри) од Марс.[7]

Поради високото орбитално занесување, неговото растојание од Сонцето и орбиталната брзина варираат многу повеќе од Земјината, така што од гледна точка на Земјата, Крутин всушност следи потковична орбита во облик на бубрег пред Земјата, за што му треба нешто помалку од една година за да ја заврши обиколката во облик на "грав". Бидејќи му е потребно нешто помалку од една година, Земјата секоја година по малку „заостанува“ зад гравчето, и така, од гледна точка на набљудувач на Земјата, кругот не се затвора во целост, туку е како спирална јамка што полека се оддалечува од Земјата.

По многу години, Земјата толку многу ќе заостане, така што Крутин тогаш всушност ќе ја „стасува“ Земјата од „позади“. Кога ќе ја стаса, Крутин ќе направи серија од годишни блиски приоди до Земјата и гравитациски ќе размени орбитална енергија со Земјата; ова ќе ја промени орбитата на Крутин за нешто повеќе од половина милион километри - додека Земјината орбита ќе се промени за околу 1,3 сантиметри - така што неговиот период на револуција околу Сонцето тогаш ќе се зголеми на нешто повеќе од една година. Гравчето потоа повторно ќе почне да се преселува од Земјината орбита, но во спротивна насока - наместо Земјата да „заостанува“ зад гравчето, таа ќе почне да се „оддалечува“ од него. Следната серија на вакви блиски приоди ќе кулминира во јули 2292 година, тогаш Крутин ќе се приближи до Земјата на околу 12,5 милиони километри. 

По околу 380 до 390 години, орбитата во форма на грав повторно ќе се приближува на Земјата од другата страна, а Земјата повторно ќе ја промени орбитата на Крутин така што неговиот период на револуција околу Сонцето повторно ќе биде малку помал од една година. (последен пат кога се случила серија од блиски пристапи било во 1902 година, а следен пат тоа ќе се случи во 2676). Оваа шема потоа се повторува. 

Слични мали планети уреди

По откривањето на Крутин, откриени се и други близуземски тела (БЗТ) со скоро еднаква орбитална резонанца. Такви се: 54509 ЈОРП, (85770) 1998 UP1, 2002 AA29 и 2009 BD кои имаат резонантни орбити слични на Крутиновата. 2010 TK7 е првиот и досега единствениот откриен Земјин тројанец.

Други природни тела за кои се знае дека имаат орбити на потковица (меѓусебно) се Јанус и Епиметеј, природни сателити на Сатурн. Орбитите кои овие две месечини ги имаат околу Сатурн се многу поедноставни од онаа што ја има Крутин, но функционираат според истите општи принципи.

Марс има четири познати коорбитални астероиди (5261 Еурека, 1999 UJ7, 1998 VF31 и 2007 NS2; сите лежат на Лагранжовите точки), а Јупитер има многу (околу еден милион кои се поголеми од 1 км во пречник) јупитерови тројанци; има и други мали коорбитални месечини во Сатурновиот систем: Телесто и Калипсо со Тетис, и Елена и Полидевк со Диона. Но, ниту една од овие нема орбита во облик на потковица.

Во популарната култура уреди

Крутин игра главна улога во романот на Стивен Бакстер „ Множество: Време, кој бил номиниран за Артур К. Кларк наградата, за најдобра научна фантастика во 2000 година.

Крутин се споменува во епизода од Прилично интересно од првата сезона на „Астрономија“, во која е погрешно опишана како втора месечина на Земјата. Во една подоцнежна епизода, оваа грешка била поправена и било додадено дека Земјата има преку 18.000 мини-месечини.

Во Неверојатниот X-Meн, на Крутин има тајна лабораторија нападната од Абигејл Бренд и нејзиниот SWORD тим.[12]

Во трилогијата Ознака (Insignia), 3753 Крутин е преместена во орбита околу Земјата за да служи како полигон за обука на интрасоларните сили. Во третиот роман, Катализатор, намерно е насочен кон Земјата. Иако е уништен пред ударот, неговите делови паѓаат на површината на Земјата, убивајќи речиси 800 милиони луѓе ширум светот.

Во серијата научно-фантастични книги Еон 14, Крутин се појавува како населена месечина, дом на „вселенски гусари“, шверцери, Земјината Вселенска Флота и седиште на многу корпорации.[13] Позначајни жители се Нгоба Старл и Петрал Дулан.[14]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Понатамошно читање уреди

  • Вигерт, Пол; Инанен Кимо; Микола Сепо (1997). „Астероидски придружник на Земјата“. Природа. 387 (6634): 685–686. doi:10.1038/42662.
  • Миус, Жан (2002). „Крутин, астероидот со забележителна орбита“. Поматематички Астрономски Залаци. Ричмонд, Вирџинија: Вилман-Бел. ISBN 978-0-943396-74-3.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „JPL Small-Body Database Browser: 3753 Cruithne (1986 TO)“ (2017-11-02 last obs). Посетено на 14 April 2016.
  2. „JPL Horizons On-Line Ephemeris for Cruithne orbit of Earth (geocentric) at epoch 2017-Sep-04“. JPL Horizons On-Line Ephemeris System. Jet Propulsion Laboratory. Посетено на 19 July 2021. Geocentric solution. Ephemeris Type: Orbital Elements / Center: @399 / Time Span: 2017-Sep-04 (to match infobox epoch)
  3. Christou, A. A.; Asher, D. J. (2011). „A long-lived horseshoe companion to the Earth“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 414 (4): 2965. arXiv:1104.0036. Bibcode:2011MNRAS.414.2965C. doi:10.1111/j.1365-2966.2011.18595.x.
  4. 4,0 4,1 Cruithne: Asteroid 3753 Архивирано на 2 март 2012 г.. Western Washington University Planetarium. Retrieved 27 January 2011.
  5. Wiegert, Paul A.; Innanen, Kimmo (June 1998). „The Orbital Evolution of Near-Earth Asteroid 3753“. The Astronomical Journal. 115 (6): 2604–2613. Bibcode:1998AJ....115.2604W. doi:10.1086/300358.
  6. Wiegert, Paul A.; и др. (12 June 1997). „An asteroidal companion to the Earth (letter)“ (PDF). Nature. 387 (6634): 685–86. doi:10.1038/42662. Посетено на 25 November 2013.
  7. 7,0 7,1 „JPL Close-Approach Data: 3753 Cruithne (1986 TO)“ (2008-10-25 last obs). Посетено на 2009-06-28.
  8. „This month Pluto's apparent magnitude is m=14.1. Could we see it with an 11" reflector?“. Singapore Science Centre. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 2007-03-25.
  9. „The astronomical magnitude scale“. The ICQ Comet Information Website. Посетено на 2007-09-26.
  10. Lloyd, Robin. „More Moons Around Earth?“. Space.com. Архивирано од изворникот на 2012-12-08.
  11. Meeus, reference above, writes "we may not deduce that Cruithne is a "companion" of the Earth, as some authors wrote, and certainly it is not a satellite!
  12. Astonishing X-Men vol. 3 #31
  13. Cooper, M. D. (2018), The Aeon 14 Reading Guide
  14. Aaron, James S.; Cooper, M. D. (2018), Lyssa's Dream, ISBN 9781973940906

Надворешни врски уреди