Диона — месечина на Сатурн откриена од страна на Касини во 1684. Името го добила според титанката Диона од старогрчката митологија. Позната е и под името Сатурн IV.

Диона снимена од Касини

Диона е најоддалечената месечина во системот од прстени на Сатурн, но не и единствена во надворепниот дел на прстенот Е. Уште две месечини, Елена и Полидевк, се движат по истата орбита. Елена е 60° пред Диона, а Полидевк е 60° зад неа. Елена била откриена во март 1980 година. Полидевк го открил „Касини“, 24 години подоцна, веднаш откако сондата пристигнала на Сатурн. Џовани Доменико Касини ја открил Диона во 1864 година, истиот ден кога ја открил и Тетида. На Диона има многу повеќе карпи во смесата од мраз и карпи во однос на другите месечини (повеќе има само Титан), па затоа е втора најцврста месечина на Сатурн. Нејзиниот состав покажува дека на месечината имало тектонски активности и обновување на површината. Таму има гребени, долини и амбиси. Има и кратери кои во некои области се многу почести отколку во други - на пример, предната страна има повеќе кратери отколку задната страна. Најголемито кратер има пречник над 200 километри. Површината на Диона, исто така, има и сјајни пруги. Овие пругави облици имаат тенки, сјајни, ледени линии.

Користена литература

уреди
  • Андоновска, Ема и Шувака-Хоџиќ, Лавинија (2008). „Вселена“. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-9989-2721-8-9.

Надворешни врски

уреди