Црвен грав (бубрег)

Црвениот грав е сорта на обичниот грав (Phaseolus vulgaris). Тоа е име за својата визуелна сличност по форма и боја на бубрезите

Црвен грав,варен.
Хранлива вредност на 100 г
Енергија532 kJ (127 kcal)
22,8 g
0.50 g
8,67 g

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.

Јадења

уреди
 
Рајма - индиски оброк

Црвениот грав најчесто се користи во Чили кон карне и се составен дел на кујната во северните региони на Индија, каде гравот е познати како рајма и се користи во јадење со истото име. Црвениот грав се користи во Њу Орлеанс и голем дел од јужниот дел на Луизијана за класичен понеделнички "Creole" појадок од црвен грав и ориз. Помал, потемен црвен грав исто така се користи, особено во семејствата на Луизијана  со неодамнешно Карибско наследство. Мал "бубрег" грав се користи во Ла Риоха, Шпанија, се нарекува капаронес. Во Холандија и Индонезија, “бубрег“ гравот, обично се служи како супа и се нарекува Бренебон.[1] Во Левант заедничкото јадење се состои од чорба подготвена од “бубрег“ грав, која обично се служи со ориз и е позната како фасулиа.

Токсичност

уреди

Не приготвен “бубрег“ грав содржи релативно високи количества на фитохемаглутинин, и поради тоа е повеќе токсичен отколку повеќето други сорти на грав. Претходно треба да се натопи, потоа треба да се загрее до точка на вриење, најмалку 10 минути. Прехранбената и лекарската администрација на САД препорачува да се вари најмалку 30 минути за да се осигура дека ќе се постигне температура доволно долго време за целосно да се уништи токсинот.[2] Готвење на пониска температура од 80 °C (176 °F), како што е бавен шпорет, може да ја зголеми оваа опасност и да се подигне концентрација на токсинот дури за петпати повеќе.[3] Конзервиран црвен грав е безбеден да се користи веднаш.[4][5][6]

Наводи

уреди
  1. „Recipe: Soup Brenebon“. FAO.
  2. „Bad Bug Book (2012)“ (pdf). Foodborne Pathogenic Microorganisms and Natural Toxins Handbook: Phytohaemagglutinin. Food and Drug Administration. 2012. Посетено на 26 December 2013. Consumers should boil the beans for at least 30 minutes to ensure that the product reaches sufficient temperature
  3. Phytohaemagglutinin. Foodborne Pathogenic Microorganisms and Natural Toxins Handbook, US Food and Drug Administration (2009)
  4. „Be Careful With Red Kidney Beans in The Slow Cooker“. Mother Earth News.
  5. „Cooking safely with slow cookers and crock pots“. foodsmart.govt.nz. Архивирано од изворникот на 2016-01-02. Посетено на 2018-05-28.
  6. „Raw Kidney Beans“. Home Food Preservation (Penn State Extension).