Лак на набљудување
Лак на набљудување (или лачна должина) — поим во набљудувачката астрономија кој го означува временскиот период (во денови или години) помеѓу првото и најновото набљудување на едно небесно тело кое ја исцртува неговата патека. Највеќе се приемнува во откривањето и следењето на астероиди и комети.
Лакот одредува колку точно е позната орбитата на едно тело. Доколку е мошне краток, лакот опишува многу објекти во најразлични орбити и оддалеченост од набљудувачот. Во некои случаи, ова е недоволно за да се утврди дали објектот кружи во орбита околу Земјата или далеку во астероидниот појас. Со лак на набљудување од еден ден, се сметало дека 2004 PR107 е заднептунска џуџеста планета, но сега е познато дек асе работи за астероид од главниот појас со големина од 1 км. Со лак од три дена, 2004 BX159 се сметал за марсопресекувачки астероид и опасен по Земјата, но подоцна е увидено дека тој се наоѓа гланвиот појас.
Кога едно тело има лак помал од 30 дена, неговото повторно пронаоѓање е изводливо до една година подоцна; во спротивно, станува случај на изгубена мала планета.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Како се определува орбитата на една комета? — ESA, 7 март 2014 г. (англиски)
- Опасни астероиди, Дел 2: Предизвици при пронаоѓањето на YouTube (7:14 мин.) (англиски)
- Опасни астероиди, Дел 3: Пронаоѓање на патеката на YouTube (5:38 мин.) (англиски)
Оваа статија од областа на астрономијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |