Тетида (месечина)

Тетида или Сатурн III — месечина на Сатурн со средна големина и пречник од 1.072 километри.

Тетида сликана од Војаџер 2 во 1981 година

Италијанскиот астроном Џовани Доменико Касини ја открил Тетида на 21 март 1684 година. Речиси по 200 години било откриено дека Тетида ја дели орбитата со уште 2 помали месечини: Телесто и Калипсо. Нејзниата површина покажува дека Тетида претрпела тектонски промени и обновување на површината. Можат да се забележат две структури. Кратерот создаден при удар Одисеј (широк 400 километри) се истакнува на главната полутопка. Овој кратер е голем, но плиток; на почетокот имал облик на длабок сад, кој подоцна станал порамен поради слоевите мраз. Втората голема структура е кањонот Итака на страната на Тетида што е свртена кон Сатурн. Овој огромен систем од долини се простира на една половина од месечината. Веројатно, тој се создал поради распукување, што било последица од удар кој се создал кратерот Одисеј, или кога внатрешноста на Тетида замрзнала и површината на месечината се зголемила и се растегнала.

Користена литератураУреди

  • Андоновска, Ема и Шувака-Хоџиќ, Лавинија (2008). „Вселена“. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-9989-2721-8-9.