Квазисателит (квазисателит) — тело со специфичен тип на коорбитална конфигурација (1:1 орбитална резонанца) со планета каде што објектот останува блиску до таа планета во многу орбитални периоди.

Дијаграм на замислена квазимесеичнска орбита

Орбиталниот период (околу Сонцето) на квазимесечината е речиси еднаков на орбиталниот период на планетата, но квазимесечината има различна орбитална занесеност (обично поголема), како што е прикажано на дијаграмот. Кога се гледа од перспектива на планетата од страна на набљудувач свртен кон Сонцето, квазимесечината ќе изгледа како да патува во долгнавеста назадна јамка околу планетата.

За разлика од вистинските месечини, орбитите на квазимесечините лежат вон Хиловата сфера на планетата и се нестабилни. Со тек на време тие имаат тенденција да преминат кон други видови резонантно движење, при што повеќе не остануваат во соседството на планетата, а можно е подоцна да се вратат во квазимесечинска орбита, итн.

Други видови на 1:1 резонантни орбити со планета се потковичкести орбити и полноглавски орбити околу Лагранжовите точки, но телата кои имаат вакви орбити не стојат во близина на еклиптичката должина на планетата во текот на многу револуции околу ѕвездата. Познато е дека телата со потквички орбити понекогаш периодично се префрлаат во релативно краткотрајна квазимесечинска орбита,[1] и понекогаш се мешаат со нив. Пример за такво тело е 2002 AA29.

Квазимесечината е слична со тело во далечна повратна орбита, во поинаков контекст. Овој термин обично се користи за вселенска сонда или вештачки сателит во повратна орбита околу месечина, а периодот може да биде многу покус од тој на месечината, додека поимот „квазимесечина“ обично се однесува на тело како астероид чиј период е сличен на тој со планетата за чија квазимесечина се смета. Но, во двата случаи, објектот (астероид, вселенска сонда) гледан во референтна рамка што ротира со двата главни објекти (еднаш годишно за Сонце-Земја, еднаш месечно за Земја-Месечина) се чини дека се движи назадно во споредба со таа ротација, со што се продолжува неговиот сидерален период. Така квазимесечината (со мал наклон) има тенденција да остане во одредени соѕвездија наместо да поминува низ целиот зодијак. Квазимесечините со високо занесување можат премногу да се одалеат од нивната планета, повеќе од астрономска единица за квазимесечините на Земјата, како што е примерот со 2014 OL339.

Зборот „геосинхрон“ понекогаш се користи за да се опишат квазимесечините на Земјата, бидејќи нивното движење околу Сонцето е синхронизирано со Земјиното. Но, употребата на овој термин е неконвенционална и збунувачка. Конвенционално, геосинхроните сателити се вртат во напредна смисла околу Земјата, со орбитални периоди кои се синхронизирани со ротацијата на Земјата.

Примери

уреди

Венера

уреди

Венера има еден позната квазимесечина, (524522) 2002 VE68. Овој астероид е исто така меркуропресекувач и земјопресекувач; се чини дека бил „придружник“ на Венера во последните 7000 години само, и судено му е да биде исфрлен од оваа орбитална конфигурација за околу 500 години од денес.[2]

Земја

уреди
Осцилирачката патека на астероидот 469219 Камоʻоалева гледан од Земјина перспектива додека кружи околу Сонцето. Патеката на Камоʻоалева го прави да изгледа како постојан придружник на Земјата.

До 2016 година, Земјата имала пет познати квазимесечини:

На подолг рок, астероидите можат да се преминуваат од квазимесечински орбити во потковичести орбити, и обратно, кои кружат околу Лагранжовите точки L4 и L5. До 2016 година, пресметките на орбитата покажале дека сите дотогаш познати квазимесечини на Земјата постојано ги менуваат орбитите од потковичеста во квазимесечинска, и обратно.[8] 3753 Круитне,[9] 2002 AA29,[1] 2003 YN107 и 2015 SO2 [5] се помали планети со потковичести орбити кои би можело да преминат во квазимесечинска орбита. Времето поминато во квазимесечинската фаза се разликува од астероид до астероид. Се предвидува дека квазимесечината 2016 HO3 ќе биде стабилна во оваа орбитална состојба неколку стотици години, за разлика од 2003 YN107 кој била квазимесечина од 1996 до 2006 година, но потоа заминал од околината на Земјата на потковичеста орбита.[8][10]

469219 Камоʻоалева ( 2016 HO3 ) се смета дека е еден од најстабилните Земјини квазимесечини откриени досега. Стои помеѓу 38 и 100 месечеви растојанија од Земјата.[10]Предлошка:Known and suspected companions of Earth

Нептун

уреди

(309239) 2007 RW10 е привремна квазимесечина на Нептун.[11] Телото е квазимесечина на Нептун за околу 12.500 години и ќе остане во таква динамичка состојба за уште едни 12,500 години.[11]

Други планети

уреди

Врз основа на симулации, се верува дека Уран и Нептун би можеле да одржуваат квазимесечини во текот на постоењето на Сончевиот Систем (околу 4,5 милијарди години),[12] но квазимесечинската орбита би останала стабилна само 10 милиони години во близина на Јупитер и 100.000 години во близина на Сатурн. Познато е дека Јупитер и Сатурн имаат квазимесечини. 2015 OL106, во коорбитална конфигурација со Јупитер, повремено станува квазимесечина на планетата, а следно тоа ќе се случи помеѓу 2380 и 2480 година.

Вештачки квазимесечини

уреди

Во почетокот на 1989 година, советскиот Фобос 2 бил вметнат во квазимесечинска орбита околу Масровата месечина Фобос, со среден орбитален полупречник од околу 100 километри од Фобос.[13] Според пресметките, во тоа време можел да остане заробен во околината на Фобос повеќе месеци. Леталото било изгубено поради дефект на контролниот систем.

Случајни квазимесечини

уреди

За некои тела е познато дека се случајни квазимесечини, што значи дека тие не се принудени во таква конфигурација преку гравитациско влијание на телото кому му се квазимесечини.[14] Познато е дека малите планети Церера, Веста и Плутон имаат случајни квазимесечини.[14] Во случајот со Плутон, познатиот случајна квазимесечина, 15810 Aраун, е исто како и Плутон, плутино, и е принуден на оваа конфигурација од гравитациското влијание на Нептун.[14] Ова динамичко однесување се повторува, Араун станува квазимесечина на Плутон на секои 2,4 милиони години и останува во таа конфигурација скоро 350.000 години.[14][15][16]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Connors, Martin; Chodas, Paul; Mikkola, Seppo; Wiegert, Paul; Veillet, Christian; Innanen, Kimmo (2002). „Discovery of an asteroid and quasi-satellite in an Earth-like horseshoe orbit“. Meteoritics & Planetary Science. 37 (10): 1435–1441. Bibcode:2002M&PS...37.1435C. doi:10.1111/j.1945-5100.2002.tb01039.x.
  2. Mikkola, S.; Brasser, R.; Wiegert, P.; Innanen, K. (2004). „Asteroid 2002 VE68, a quasi-satellite of Venus“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 351 (3): L63–L65. Bibcode:2004MNRAS.351L..63M. doi:10.1111/j.1365-2966.2004.07994.x.
  3. Brasser, R.; и др. (September 2004). „Transient co-orbital asteroids“. Icarus. 171 (1): 102–109. Bibcode:2004Icar..171..102B. doi:10.1016/j.icarus.2004.04.019.
  4. Wajer, Paweł (October 2010). „Dynamical evolution of Earth's quasi-satellites: 2004 GU9 and 2006 FV35“ (PDF). Icarus. 209 (2): 488–493. Bibcode:2010Icar..209..488W. doi:10.1016/j.icarus.2010.05.012.
  5. 5,0 5,1 de la Fuente Marcos, Carlos; de la Fuente Marcos, Raúl (2016). „From horseshoe to quasi-satellite and back again: The curious dynamics of Earth co-orbital asteroid 2015 SO2“. Astrophysics and Space Science. 361. arXiv:1511.08360. Bibcode:2016Ap&SS.361...16D. doi:10.1007/s10509-015-2597-8.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  6. de la Fuente Marcos, Carlos; de la Fuente Marcos, Raúl (2014). „Asteroid 2014 OL339: Yet another Earth quasi-satellite“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 445 (3): 2985–2994. arXiv:1409.5588. Bibcode:2014MNRAS.445.2961D. doi:10.1093/mnras/stu1978.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  7. Agle, D.C.; Brown, Dwayne; Cantillo, Laurie (15 June 2016). „Small asteroid is Earth's constant companion“. NASA. Посетено на 15 June 2016.
  8. 8,0 8,1 8,2 de la Fuente Marcos, Carlos; de la Fuente Marcos, Raúl (2016). „Asteroid (469219) 2016 HO3, the smallest and closest Earth quasi-satellite“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 462 (4): 3441–3456. arXiv:1608.01518. Bibcode:2016MNRAS.462.3441D. doi:10.1093/mnras/stw1972.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  9. Christou, Apostolos A.; Asher, David J. (2011). „A long-lived horseshoe companion to the Earth“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 414 (4): 2965–2969. arXiv:1104.0036. Bibcode:2011MNRAS.414.2965C. doi:10.1111/j.1365-2966.2011.18595.x.
  10. 10,0 10,1 [1]
  11. 11,0 11,1 de la Fuente Marcos, Carlos; de la Fuente Marcos, Raúl (September 2012). „(309239) 2007 RW10: a large temporary quasi-satellite of Neptune“. Astronomy and Astrophysics Letters. 545: L9. arXiv:1209.1577. Bibcode:2012A&A...545L...9D. doi:10.1051/0004-6361/201219931.
  12. Wiegert, P.; Innanen, K. (2000). „The stability of quasi satellites in the outer solar system“. The Astronomical Journal. 119 (4): 1978–1984. Bibcode:2000AJ....119.1978W. doi:10.1086/301291. Архивирано од изворникот на 2012-08-04. Посетено на 2021-12-04.
  13. Green, LM; Zakharov, AV; Pichkhadze, KM. Что мы ищем на Фобосе [What we are looking for [on] Phobos] (руски). Архивирано од изворникот на 2009-07-20.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 de la Fuente Marcos, Carlos; de la Fuente Marcos, Raúl (2012). „Plutino 15810 (1994 JR1), an accidental quasi-satellite of Pluto“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society: Letters. 427 (1): L85. arXiv:1209.3116. Bibcode:2012MNRAS.427L..85D. doi:10.1111/j.1745-3933.2012.01350.x.
  15. „Pluto's fake moon“. Архивирано од изворникот на 2013-01-05. Посетено на 2012-09-24.
  16. de la Fuente Marcos, Carlos; de la Fuente Marcos, Raúl (2016). „The analemma criterion: accidental quasi-satellites are indeed true quasi-satellites“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 462 (3): 3344–3349. arXiv:1607.06686. Bibcode:2016MNRAS.462.3344D. doi:10.1093/mnras/stw1833.

Надворешни врски

уреди