Коорбитална конфигурација
Во астрономијата, коорбиталната конфигурација е конфигурација на две или повеќе астрономски тела (како астероид, месечина или планета) кои орбитираат на исто или многу приближно растојание од неговото основно вселенско тело, т.е. се наоѓа во орбитална резонанца 1:1 (или 1: -1 ако орбитираат во спротивни насоки).[1]
Постојат неколку видови на коорбитални тела, во зависност од нивната точка на либрација. Најчеста и најпозната класа се тројанците кои либрираат околу една од двете стабилни Лагранжови точки (Тројански точки), L4 и L5, 60° пред и зад поголемото тело. Втората група е потковичеста орбита во која телата либрираат на околу 180° од поголемото тело. Телата кои либрираат околу 0° се викаат квазимесечини.[2]
Замена на орбитата настанува кога две коорбитални тела имаат слична маса и затоа значително влијаат еден врз друг. Телата можат да ги заменат големите полуоски или орбиталната занесеност кога ќе се приближат едно до друго.
Параметри
уредиОрбиталните параметри што се користат за да се опише соодносот на коорбиталните тела се разликата меѓу еклиптичката должина на периапсидата и разликата меѓу средната еклиптичка должина. Еклиптичката должина на периапсидата е збир од средната еклиптичка должина и средната аномалија а средната должина е збир од должината на растечкиот јазол и аргументот на перихелот .
Тројанци
уредиТројанските тела кружат околу 60° пред (L4) или зад (L5) помасивно тело, и двете во кружат околу уште помасивен централно тело. Најпознат пример се астероидите кои орбитираат пред или зад Јупитер околу Сонцето. Тројанските тела не орбитираат точно во ниту една од Лагранжовите точки, туку остануваат релативно блиску до неа, и изгледа дека полека кружат околу неа. Во техничка смисла, тие либрираат околу = (± 60°, ± 60°). Точката околу која либрираат е иста, без разлика на нивната маса или орбитална занесеност.[2]
Тројански мали планети
уредиОткриени се неколку илјади помали тројански планети кои кружат околу Сонцето. Повеќето од нив орбитираат во близина на јупитеровите Лагранжови точки. Тоа се традиционалните Јупитерови тројанци. До 2015 година, биле откриени и 13 Нептунови тројанци, 7 марсовски тројанци, 2 Уранови тројанци ( 2011 QF99 и 2014 YX49) и 1 Земјин Тројанец (2010 TK7).
Тројански месечини
уредиСистемот на Сатурн содржи две групи на тројански месечини. И Тетида и Диона имаат по две тројански месечини, Телесто и Калипсо на Лагранжовите точки L4 и L5 на Тетис, соодветно, и Хелена и Полидевк на точките L4 и L5 на Диона.
Полидевк е карактеристичен по широката либрација : талка дури ± 30° од неговата Лагранжова точка и ± 2% од неговиот среден пречник на орбитата, по полноглавска орбита за 790 дена (за 288 пати подолга од неговиот орбитален период околу Сатурн, исто колку и на Диона).
Формирање на системот Земја - Месечина
уредиСпоред хипотезата за џиновски удар, Месечината настанала по судирот на две коорбитални тела: Теја, за која се верува дека имала околу 10% од масата на Земјата (отприлика со маса колку Марс), и прото-Земја - чии што орбити била растроени од други планети, по што Теја била исфрлена од тројанската положба и настанал судирот.
Потковичести орбити
уредиТелата со потковичеста орбита либрираат околу 180° од примарното тело. Нивните орбити ги зафаќаат двете рамнострани Лангранжови точки, т.е. L4 и L5.[2]
Коорбитални месечини
уредиСатурновите месечини Јанус и Епиметеј споделуваат иста орбита, а разликата во големата полуоска е помала од просечниот пречник на било која од нив. Ова значи дека месечината со помала голема полуоска полека ќе ја стасува втората месечина. Додека го прави тоа, месечините гравитациски се привлекуваат меѓусебно, при што се зголемува големата полуоска на престигнатата Месечина а се намалува полуоската на другата. Ова ги менува нивните релативни позиции пропорционално на нивните маси и предизвикува овој процес да започне одново со обратна улога на Месечините.
Коорбитални астероиди на Земјата
уредиПронајдени се многу малку астероиди кои коорбитираат со Земјата. Првиот кој бил откриен, астероидот 3753 Круитне, кружи околу Сонцето за период помал од една Земјина година, што резултира со орбита која (гледано од Земјата) има форма на грав центрирана на позиција пред позицијата на Земјата. Оваа орбита полека се поместува уште понапред пред орбиталната положба на Земјата. Кога орбитата на Круитне се поместува во позиција во која ја следи позицијата на Земјата, наместо да ја води, Земјиниот гравитациски ефект го зголемува неговиот орбитален период, по што Круитне изгледа како да успорува во споредба со Земјата, и се враќа на првобитното место. Целиот циклус од водење до следење на Земјата трае 770 години, што доведува до движење во облик на потковица во однос на Земјата.[3]
Оттогаш, се откриени повеќе познати близуземни тела (БЗТ). Такви се 54509 ЈОРП, (85770) 1998 UP1, 2002 AA29, 2010 SO16, 2009 BD и 2015 SO2 кои се во резонантни орбити слични на онаа на Круитне. 2010 TK7 е првиот и досега единствениот идентификуван Земјин тројанец .
Квазимесечина
уредиКвази сателитите се коорбитални тела кои либрираат околу 0° од примарното тело. Орбитите на квази сателитите кои имаат ниска занесеност се многу нестабилни, но ако орбиталната занесеност е умерена до висока тогаш таквите орбити можат да бидат стабилни.[2] Од коорбитално стојалиште, квазимесечината изгледа како да кружи околу примарното тело како ретрограден сателит, иако на толку големо растојание не е гравитациски врзан за него. Два вакви примери се Земјините квазимесечини 2014 OL339 [4] и 469219 Камо'оалева.[5][6]
Замена на орбита
уредиПокрај замената на големите полуоски како кај месечините на Сатурн, Епиметеј и Јанус, исто така можно е да се зачува истата оска, но притоа да се замени орбиталното занесување.[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Morais, M.H.M. (2013). „Asteroids in retrograde resonance with Jupiter and Saturn“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society Letters. 436: L30–L34.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Dynamics of two planets in co-orbital motion
- ↑ Christou, A. A. (2011). „A long-lived horseshoe companion to the Earth“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 414 (4): 2965.
- ↑ de la Fuente Marcos, Carlos (2014). „Asteroid 2014 OL339: yet another Earth quasi-satellite“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 445 (3): 2985–2994.
- ↑ Agle, DC (15 June 2016). „Small Asteroid Is Earth's Constant Companion“. NASA. Посетено на 15 June 2016.
- ↑ de la Fuente Marcos, Carlos (2016). „Asteroid (469219) 2016 HO3, the smallest and closest Earth quasi-satellite“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 462 (4): 3441–3456.
- ↑ Funk, B. (2010). „Exchange orbits: a possible application to extrasolar planetary systems?“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 410 (1): 455–460.
Надворешни врски
уреди- Анимација на коорбитално движење од Мареј и Дермот
- Касини ја набљудува орбиталната игра на Епиметеј и Јанус - Планетарно друштво
- Потрага по тројански планети Веб страна на група астрономи кои бараат вонсончеви тројански планети.